НаукаФосили пронајдени во Мароко - можни блиски предци на хомосапиенсФосилизирани коски и заби, стари речиси 773.000 години, откриени во пештера во Мароко, даваат подлабоко разбирање за потеклото на хомосапиенс во Африка.Фосилизирани коски и заби, стари речиси 773.000 години, откриени во пештера во Мароко, даваат подлабоко разбирање за потеклото на хомосапиенс во Африка претставувајќи ги остатоците од праисториските луѓе, кои можеби му биле блиски предци на нашиот вид. Истражувачите велат дека фосилите - долните вилици на двајца возрасни и дете, како и заби, бутна коска и неколку прешлени - се пронајдени во пештерата Грот а Хоминид, во градот Казабланка. Пештерата, според наодите, веројатно служела како место за грабливи птици, а бутната коска носи траги од загриз, што укажува дека лицето било ловено и телото било раскинато од хиени. Според истражувачите, најверојатното толкување вели дека овие фосили се од еволуиран облик на човековиот вид хомоеректус, кој првпат се појавил пред речиси 1,9 милион години во Африка, а подоцна се проширил и на подрачјето на Евроазија. Коските и забите покажуваат мешавина од примитивни и посовремени човечки одлики. Тие пополнуваат празнина во африканскиот фосилен запис на видови од човечката еволутивна лоза - таканаречените хоминини, од периодот пред речиси еден милион до 600.000 години. Според истражувачите, фосилите можеби претставуваат африканска популација, која постоела непосредно пред еволутивното раздвојување на лозите, што довело до хомосапиенс во Африка и двата тесно поврзани хомининидни вида - неандерталците и денисовците, кои ја населувале Евроазија. - Би бил претпазлив во врска со нивното означување како „последен заеднички предок“, но тие веројатно се многу блиски до популациите што подоцна доведоа до африканската лоза на хомосапиенс и евроазиските лози на неандерталците и денисовците - рече палеоантропологот Жан-Жак Иблен од Колеџот на Франција во Париз и Институтот „Макс Планк“ за еволутивна антропологија во Германија, главен автор на трудот објавен во списанието „Нејчр“ (Nature). Фосилите покажуваат мозаик од примитивни и изведени особини, што е во согласност со еволутивната диференцијација што веќе била во тек во тоа време, а во исто време го потврдува длабокото африканско потекло на лозата на хомосапиенс - додаде Иблен. Најстарите досега познати фосили на хомосапиенс, стари приближно 315.000 години, се пронајдени и во Мароко, на археолошкото наоѓалиште Џебел Ирхуд. Познавањето на староста на фосилите од пештерата Грот а Хоминид, утврдена од пештерските седименти што ги опкружуваат, им помогна на истражувачите да проценат каде се вклопува оваа популација во семејното дрво на човечката еволуција. - Определувањето на староста беше клучно за толкување на овие наоди - додаде Иблен. Според научникот, стотици камени артефакти и илјадници животински коски се откриени и во пештерата. Човечките фосили од пештерата се приближно исто толку стари како и фосилите од наоѓалиштето Гран Долина во близина на Атапуерка во Шпанија, кои е означени како човечкиот вид хомоантецесор. Фосилите, всушност, делат одредени карактеристики. - Сличностите меѓу (наодите во) Гран Долина и пештерата Грот а Хоминид се интригантни и може да укажуваат на повремени врски преку Гибралтарскиот Проток - хипотеза што заслужува натамошно истражување - рече Иблен. Хоминидите од овој период имале пропорции на телото слични на современите луѓе, но со помали мозоци. Долната вилица на дете од Грот а Хоминид, старо речиси една и година, е целосно зачувана, а другите долни вилици се речиси целосно или делумно зачувани. Се работи за возрасни маж и жена. - Само бутната коска покажува јасни траги од активноста на месојадите - грицкање и траги од заби, што укажува на загриз од голем месојад. Сепак, пештерата првенствено била дувло на грабливки, а која хоминините ја користеле само повремено. Отсуството на траги од заби на долните вилици не значи дека другите делови од телото не биле изедени од хиени или други месојади - објасни Иблен. Овие луѓе биле способни да ловат плен, но се движеле во опасни средини, па понекогаш и самите станувале плен бидејќи големи месојади, вклучувајќи големи мачки и хиени, се криеле во областа. Тагови: фосили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамКако настанала „коњската сила“?Иако моќноста на моторот кај современите автомобили официјално се изразува во киловати (kW), коњските сили (hp) сè уште се користат во секојдневната употреба. Но, зошто?Кон крајот на 18 век, шкотскиот пронаоѓач Џејмс Ват создал нова, поефикасна парна машина. За да ги стави своите подобрувања во контекст што е попријателски кон луѓето, Ват сметал дека споредувањето на неговиот мотор со моќта на коњ ќе им помогне на клиентите да ја разберат вредноста на неговиот нов изум, пишува Ревијахак. Ват работел со коњи во рудник за јаглен. Тој проценил дека просечното животно може да помести 100 килограми јаглен на растојание од 30 метри за една минута. Од друга страна, тој пресметал дека неговата парна машина може да ја изврши истата работа како десет коњи, и затоа тврдел дека има десет коњски сили. Ова значело дека неговиот мотор во суштина може да помести 1.000 килограми, низ рударско окно, 30 метри секоја минута. Ова добро резонирало кај клиентите, а тврдењата на Ват за перформансите на моторот формираа основа за споредба со машините на конкурентските инженери. Наскоро сите почнуваат да ја користат единицата коњски сили, како груба проценка дефинирана на начин што би бил разбирлив за обичните луѓе. И токму благодарение на Џејмс Ват денес ја имаме мерната единица дефинирана во Меѓународниот систем на единици (SI) - „ват“. За да се конвертира 1 kW (киловат) во коњски сили, потребно е да се помножи со 1,35962. Извор: Б92Тагови: коњски сили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаОдбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров - почит за хероите и сеќавање на историјатаСо свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември.Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина. На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претседателката на Советот Бранкица Дуковски, членовите на Советот, претставници на делегации, вработени во општината и бројни сограѓани, кои со положување цвеќе и минута молчење им оддадоа почит на борците и хероите кои ги положиле своите животи за слободата. Особена чест на настанот му даде присуството на 97-годишниот Јован Манчевски, единствениот жив борец од тој период и драгоцено живо сведоштво за историските настани. Со своето обраќање, тој сподели спомени и сведоштва за времето на борбата и ослободувањето, потсетувајќи на храброста, жртвата и решителноста на генерациите кои ја извојувале слободата. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во своето обраќање истакна дека 14 Ноември не е само историски датум, туку и потсетник за одговорноста што секоја генерација ја има кон својата заедница и иднината. -Денес, кога се поклонуваме пред споменот на борците и хероите, ја изразуваме нашата длабока почит кон нивната храброст и жртва. Тие ни ја оставија слободата како највредно наследство, а наша должност е тоа наследство да го чуваме и да го надградуваме. Денес, нашата борба е поинаква - таа е борба за подобри услови за живот, современа инфраструктура, квалитетно образование, безбедни населби и еднакви можности за сите граѓани. Наша заедничка цел е да ја градиме Општина Ѓорче Петров во општина во која младите ќе ја гледаат својата иднина, семејствата ќе се чувствуваат сигурно, а секој граѓанин ќе биде почитуван - истакна Стојкоски. Тој посочи дека вистинската вредност на локалната самоуправа не се мери само преку реализираните проекти, туку и преку довербата, одговорноста и грижата за граѓаните. Одбележувањето на 14 Ноември е потсетник дека слободата не се подразбира, дека историското наследство треба да се чува, а иднината да се гради со работа, единство и одговорност.Тагови: Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лицеНа 12.11.2026 во село Казандол, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ш.Е.(43) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Blow“ калибар 9 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook