Форум: Државата не е доволно подготвена за заштита на културното наследство во случај на војна - Канал 5

Форум: Државата не е доволно подготвена за заштита на културното наследство во случај на војна

Потребна е меѓусекторска соработка.

Форум: Државата не е доволно подготвена за заштита на културното наследство во случај на војна

Македонија има ратификувано две конвенции за заштита на културното наследство во случај на воен конфликт и што се однесува до нормативната рамка, ние сме добро подготвени. Но, фактичката состојба е дека оперативните елементи не се добро имплементирани, односно во пракса не сме доволно подготвени. Потребна е поголема меѓусекторска соработка и нов оперативен план, изјави Оливера Џартовска Тачевска од Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син штит“.

„Син штит“ и Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) во соработка со НУ Музеј на Република Македонија денеска организираа форум „Опасност по културното наследство при воени конфликти - состојби, обврски и мерки за заштита“.

Целта на форумот, како што посочи Џартовска Тачевска, е да се евалуираат состојбите во кои се наоѓаме и како до подобра превенција и фактичката заштита на културното наследство во случај на вооружен конфликт.

Таа подвлече дека е потребен меѓусекторски конктакт, разговор и дијалог меѓу сите релевантни институции - Министерство за култура, Министерство за одбрана, Управата за заштита на културно наследство, затоа што во случај на воени кризи тие имаат главна носечка улога.

-Со Хашката конвенција од 1954 година се дава една нова хуманитарна нота во меѓународното право со цел заштита на културното недвижно наследство во случај на војна, а во 1999 година се случува и нејзиниот втор протокол. Македонија како супцесор на Југославија ја наследи, односно ја ратификуваше Хашката конвенција уште во 1997 година, а вториот протокол кај нас стапи на сила во 2000 година. Што се однесува до нормативната рамка за заштита на културното наследство во случај на вооружени кризи и конфликти ние сме добро подготвени, имаме многу добра подлога, изјави Џартовска Тачевска пред почетокот на денешниот форум.

Според неа, краткотрајниот оружен конфликт во 2000 година покажа дека мета на деструкција е и културното наследство и тоа беше момент во кој многу експерти од областа на заштитата се заинтересираа да се постави база на формирање на добра подлога со цел фактичка заштита на културното наследство.

-Во тој период е формиран „Син штит“, Управа за заштита на културно наследство кои опфаќаат повеќе ингеренции. Тогаш се донесоа и повеќе правилници во нашата лислатива. Нормативната рамка е добра, но фактичката состојба е дека оперативните моменти и елементи не се сосема имплементирани, додаде Џартовска Тачевска.

Таа информираше дека од Меѓународниот „Син штит“ стигнаа извештаи дека во време на минатогодишниот воен конфликт меѓу Украина и Русија постојат оштетувања на културно наследство, односно стручните лица во однос на културното наследство од Украина биле комплетно затечени и тотално неподготвени за воениот конфликт. Кај нас, како што рече, состојбата би била веројатно многу слична.

-Во Украина единствено еден Музеј успеал да ги евакуира своите збирки додека се друго било оставено на судбината. И Русија и Украина се потписници на Хашката конвенција која што го регулира хуманитарниот однос кон заштита на културното наследство во вооружени судири. Ние базата ја имаме, сега треба меѓусекторскиот однос да се подобри со цел да се направи оперативен план како да ги пополниме сите дупки кои што уште постојат. Кога тоа ќе го решиме, ние ќе бидеме поприлично подготвени од аспект на имплементација на техничките мерки кои што ги наложува вториот протокол од 1999 година, а кој со ратификацијата добива сила на облигација, потенцираше Џартовска Тачевска.

Претседателот на МНК ИКОМ Благоја Варошанец информираше дека од 1999 година сите музеи имаат правилници и тајни локации за сместување на нивните предмети, во случај на воен конфликт. Но посочи, предност имаат предмети од прва категорија на културно наследство.

-Во правилниците се предвидени предметите од прва категорија на културното наследство и тоа во зависност од музејот. Бидејќи работам во Музејот на современа уметност можам да ви кажам дека само десетина до 15 отсто од уметничките дела се ставени во тој најтесен круг за згрижување во тајните локации обезбедени од Министерството за одбрана, полицијата, народна одбрана. Дел од тие институции повеќе не се функционални. Народната одбрана во случајот не функционира, изјави Варошанец пред форумот.

Во случај на воен конфликт, како што посочи, треба да функционираат резервните офицери, да се регрутираат и да се добијат возила од Армијата. Тоа е, како што рече, голем ланчен план кој што треба да се имплементира во случај на воени услови.

-Меѓутоа, во денешно време не знам колку тие планови се функционални и колку тие тајни локации се подготвени во случај да дојде до несакани воени дејствија да ги примат тие дела и какви се условите на тие тајни локации. Не е само да се сокријат, туку треба да имаат и добри услови за чување на предметите кои се од прва категорија културно наследство. Тие од прва категорија се во најитните мерки. Подоцна, се складираат и сите други предмети, додаде Варошанец.

Валентина Блажевска Андоновска од Министерството за одбрана пред форумот потврди дека со оглед на потпишаните конвенции, но и со нашиот Закон за заштита на културното наследство ние како држава теоретски сме многу добро подготвени. Во однос на тоа каква е состојбата во пракса, подвлече, тука ингеренциите треба да се бараат кај Министерството за култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС.

„Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “.

Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС.

За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент.

Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС.

Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име.

Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање.

Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“.

Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер