Формула 1 во Мајами најрано во 2020 година

Организаторите на Формула 1 објавија дека евентуалното деби на трка во Мајами ќе биде одложено за најмалку една година, а таа ќе се случи во 2020 година.

Пред неколку дена, беше објавено дека градскиот совет оваа недела ќе гласа за потпишување договор со „Либерти Медија“, но потоа постапката беше одложена за септември. Затоа Ф1 реши трката да се одржи најрано во 2020 година.

Отпаѓањето на ГП на Мајами од календарот за следната година, значи дека тој најверојатно ќе се состои од 21 трка, откако Германија ќе го загуби своето место.

Потенцијалната трка во Флорида ќе биде втора во Соединетите Американски Држави и ќе се приклучи на Големата награда на САД одржана во Остин, Тексас. Одложувањето на Мајами, исто така, значи дека финалната фаза од сезоната нема да се промени, а трките во Остин, Мексико и Бразил, најверојатно, ќе ги задржат своите места.

Чулев: Штипјанец уценувал и поткупувал сограѓани за да гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на повеќе лица од ромска националност, доколку на изборите гласаат за СДСМ, објави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. 

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на повеќе лица од ромска националност, доколку на изборите гласаат за СДСМ, објави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Тој напиша дека дуќанџијатата со иницијали Д. А. ги поседувал нивните патни исправи и лични карти кои биле држени како залог за долговите кои ги имале во неговата продавница за прехрамбени производи..Откако СВР Штип добило информации за ова со судска наредба извршило претрес во домот и продавницата на сопственикот, по што утринава го известило и Основното јавно обвинителство.

„При извршениот претрес во прехранбената продавница на лицето биле пронајдени четири тетратки во А4 формат во кои имало список со имиња, 69 биометриски лични карти, 18 биометриски патни исправи, 18 стари патни исправи, шест стари лични карти, една дозвола за престој и една здравствена легитимација, за кои постои основано сомневање дека се предмет на кривично дело “Поткуп при избори и гласање“, напиша Чулев на „Фејсбук“.

Пронајдените предмети полицијата привремено ги одзела, а со сопственикот на продавницата е извршен разговор.

Но, по повод објавата на Чулев се огласи неговата заменичка Славјанка Петровска. Таа вели дека во известувањето на полицијата до ОЈО никаде не се споменува ниту една политичка партија и дека Чулев со ова сака да влијае на истрагата и да ја злоупотреби за партиски цели.

„ Мојата реакција е во насока на вистинито информирање нa јавноста од она што досега е утврдено, а тоа е дека се сослушани дел од лицата чии што лични документи се најдени во објектот и истите изјавиле дека немале влијание од ниту една политичка партија и дека станува збор за економски долг кон лицето, што исто така е кривично дело но не е поврзано со изборите. “, вели Славјанка Петровска – Заменик министерка за внатрешни работи.

Од обвинителството велат дека работат во насока на проверка на фактите и се сослушуваат сведоците.

МЗ: Шест починати, 205 нови случаи на ковид 19, оздравени 336 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19.

Во: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од: Скопје-113, Куманово-28, Дебар-8, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-40, Струга-52, Велес-1, Охрид-57, Кавадарци-1, Гостивар-8, Крива Паланка-4, Кочани-1, Пробиштип-1, Валандово-2 и Ресен-4.

Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7777, бројката на оздравени пациенти е 3960, на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3449. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3716, активни 1871

• Куманово 831, активни 164

• Дебар 137, активни 76

• Штип 421, активни 161

• Прилеп 291, активни 59

• Тетово 844, активни 324

• Струга 300, активни 147

• Велес 201, активни 38

• Битола 68, активни 27

• Охрид 219, активни 133

• Кавадарци 23, активни 15

• Гостивар 211, активни 128

• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 19, активни 11

• Крива Паланка 18, активни 8

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 9, активни 5

• Кочани 76, активни 16

• Пробиштип 32, активни 20

• Демир Хисар 5, активни 4

• Македонски Брод 8, активни 6

• Пехчево 6, активни 2

• Берово 4, активни 1

• Валандово 6, активни 0

• Виница 4, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 5, активни 2

• Свети Николе 88, активни 81

• Кичево 65, активни 56

• Ресен 132, активни 87

• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1728 теста се преку: ИЈЗ-775, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-208, Биотек-161, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори) -233, Систина со PCR метода -131, Судска медицина -21, ЦЈЗ Битола-44. Досега во земјата се направени вкупно 74.562 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 59 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 112 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 323

• Аеродром - 162

• Бутел - 146

• Гази Баба - 200

• Центар – 146

• Карпош – 147

• Сарај – 128

• Кисела Вода – 108

• Ѓорче Петров – 107

• Студеничани – 116

• Шуто Оризари – 86

• Арачиново – 45

• Илинден – 31

• Петровец – 17

• Чучер Сандево – 16

• Сопиште – 8

• Зелениково- 13

• Странец – 5

• Нераспределен- 67

Последно одбројување до изборите, дел од граѓаните ќе чекаат до фотофиниш за кого ќе гласаат

Пулсирање во предизборен такт – Македонија одбројува ситно до изборите на 15-ти јули.

Лепезата од проекти, стискање палци на политичарите кои ветуваат подобро утре „зачинета“ со грубо оцрнување на противникот нема да испишмани некои граѓани кои веќе знаат кому ќе го дадат својот глас. Некои, пак, в среда ќе останат дома бидејќи не веруваат никому.

„Одамна веќе знам. Не ми треба ни пропаганда ни говори, си знам за која партија.“

„Многу груба, потценувачка и заблудувачка. Јас би им забранил рекламирања. Не гласам за никого.“

Има и такви кои одлучиле кој број ќе го заокружат на гласачкото ливче - но ниту од тој избор не очекуваат суштински промени.

„Имам одлучено, да.“

–Што очекувате од вашиот избор доколку евентуално победи на изборите?

Вака како што си било така ќе си биде, туку како викаат: Мати вода да не биде бистра.“

Повеќето граѓани се запознаени со програмите на партиите, но не се изненадени од понудата. Велат, тешко дека нешто е остварливо. Дел не знаат и не се заинтересирани за понудата.

„Ракети, авиони, опсерватории.. Со кои пари тоа ќе го направат?“

„Еве ВМРО кажува дека треба да се обединат Македонците ако сакаме да опстанеме, тоа е голем проект.“ Овие кражби, овие измами, овие судови..Ветил Заев дека ќе правел ветинг.“

„Не се занимавам со тие работи, лажат и двете партии.“

Кампањата ваква каква што е не е доволна да ги заинтигрира неопределните, велат експертите по односи со јавност и медиуми. Според Бојан Кордалов, партиите изгубиле премногу енергија за да го оцрнат противникот па затоа проектите и ветувањата тешко допираат до гласачкото тело.

„Не се први избори во кои што партиите вложуваат многу повеќе напори да го оцрнат противникот и тоа многу често е така заради тоа што им се чини многу поедноставно, поопортуно и поисплатливо. Меѓутоа ако се вратиме наназад, буквално децении, ќе видиме дека она што граѓаните го паметат од секои избори, она што ги мотивира да гласаат се секогаш заложбите и ветувањата кои што се реални и остварливи и ги прават да поверуваат во ветувањата на одредена политичка партија.“, вели Бојан Кордалов .

Кампањата ќе трае уште викендов. Во недела на полноќ стапува предизборниот молк. Први кои ќе го отворат изборниот циклус в понеделник ќе бидат болните од КОВИД-19 и лицата во самоизолација.

притисни ентер