Формула 1 го објави календарот за следната сезона со рекордни 23 трки - Канал 5

Формула 1 го објави календарот за следната сезона со рекордни 23 трки

Формула 1 го објави календарот за 2021 година кој содржи рекордни 23 трки. Сезоната ќе започне на 21 март во Австралија и е предвидено да заврши во Абу Даби на 5 декември.

Формула 1 го објави календарот за следната сезона со рекордни 23 трки

Во календарот има една нова трка во Саудиска Арабија, закажана за 28 ноември. Нова трка е и онаа во Зандворт, Холандија, која што и оваа година требаше да биде домаќин на најдобрите светски возачи, но испадна од календарот поради пандемијата.

Уличната трка во Ханој, Виетнам, кој што исто така требаше да биде домаќин оваа година, испадна од календарот. Како резултат, едно место во календарот, она на 25 април, остана празно и сè уште го чека домаќинот на трката.

„Плановите за 2021 година вклучуваа дијалози со сите промотори и нивните локални и национални власти во време на постојани промени поврзани со глобалната пандемија. Формула 1 и ФИА измислија строги здравствени и безбедносни мерки за да овозможат тековната сезона да започне и да тече непречено до крај “, стои во изјавата на раководството на Формула 1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ренесансниот хор „Готик Војсис“ вечерва на програмата на „Охридско лето“

Репертоарот на дваесет и седмата фестивалска вечер на 66. „Охридско лето“ ќе понуди класична музика. Вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ концерт ќе има ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија.

Ренесансниот хор „Готик Војсис“ вечерва на програмата на „Охридско лето“

Ќе настапат мецосопранот Кетрин Кинг, тенорите Стивен Харолд и Џулијан Поџер, како и баритонот Симон Вајтли.

Повеќе од 45 години ансамблот „Готик војсис“ е препознатлив по неговиот висок квалитет, рафинираност и спиритуалност во изведбата на средновековна музика.

Формиран е во 1980 година од музичарот Кристофер Пејџ. Ансамблот има снимено 30 носачи на звук за издавачките куќи „Хиперион“ и „Ави“, а за три од нив се добитници на престижната награда „Издание на годината“ од страна на музичкиот магазин „Грамофон“. Нивниот прв албум „Пердув на здивот Божји – химни и секвенци од Хлидегард од Бинген“ до денес е еден од најпродаваните албуми на средновековна музика на сите времиња, додека пак новите албуми „Непознат љубовник“ и „Лаурел за Ландини“ продолжуваат да се закитуваат со одлични критики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанкоски: Итно поставување на М-ТАГ уреди на патарините за намалување на колоните по патиштата

Либерално-демократската партија (ЛДП), поради сѐ почестите згуснувања на сообраќајот на патиштата низ државата, бара итно постаување на М-ТАГ уреди на секоја патарина.

Јанкоски: Итно поставување на М-ТАГ уреди на патарините за намалување на колоните по патиштата

„Не ви беа доволни 2 години да ги поставите М-ТАГ уредите на сите патарини во државата? До кога ќе ги малтретирате граѓаните? Секој ден илјадници луѓе патуваат по македонските патишта, а наместо брзо и ефикасно да поминат, чекаат во долги колони поради неажурност и лоша организација“, вели во видео членот на Извршниот одбор на ЛДП, Бобан Јанкоски.

„Го прашувам директорот на ЈП Македонија пат, колку време му треба за да ги постави М-ТАГ уредите на сите патарини во државата? Зарем 2 години не му беа доволни?“, прашува Јанкоски.

ЛДП предлага веднаш и без одлагање да се постават М-ТАГ уредите на сите патарини во државата и да се олесни сообраќајот на сите клучни патишта во Македонија.

„Државата за поставувањето ќе плати еднаш, а придобивките и заштедите на средствата ќе може да ги користи со години“, завршува Јанкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот од СДС несреќен поради успесите на државата

Седум квартали раст на БДП над 3% и намален државен долг се показатели за економска стабилност.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот од СДС несреќен поради успесите на државата

За само две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека со одговорно, и чесно управување може да се постигнат конкретни економски резултати.

Наследивме економски пустош, осиромашени граѓани, ослабени и нефункционални институции и огромни обврски. Денес, со внимателно управување со јавните финансии, не само што се намалува јавниот долг, туку се намалува и државниот долг.

Државниот долг сега изнесува 51,7% од БДП, што претставува намалување од 41 милион евра.

Ова е јасен показател дека политиките на Владата даваат резултати и дека Македонија се движи во насока на финансиска стабилизација.

Позитивните трендови се потврдуваат и преку економскиот раст. БДП веќе седум квартали по ред бележи раст од над 3% проценти, што укажува на стабилна економска активност и зголемена доверба во економските политики.

За ВМРО-ДПМНЕ економијата не е статистика на хартија, туку подобар животен стандард, стабилни јавни финансии, повеќе инвестиции и сигурна иднина за граѓаните.

Додека претходната власт оставаше долгови, корупција и економски хаос, денес Владата работи на стабилизирање на државните финансии и создавање услови за економски раст.

Резултатите се мерливи. Долгот се намалува, финансиската стабилност се зајакнува, а државата конечно се управува домаќински.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи за стабилна, економски силна и просперитетна Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер