Формула 1 донесе одлука по инцидентот меѓу Верстапен и Хамилтон

Возачот на Ред Бул и лидер во шампионатот во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен, денеска го извозе најбрзиот прв слободен тренинг за Големата награда на Катар на патеката Лосаил.

Верстапен (24), кој води пред седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон со 14 поени заедно со три преостанати трки, постигнал најбрзо време од една минута и 23.723 секунди на прашливи тренинзи.

Пјер Гасли од Алфа Таури, кој има и мотор на Хонда, бил втор со 0,437 секунди побавно, трет Валтери Ботас, а четврти Хамилтон. Хамилтон бил за 0,786 секунди побавен од неговиот претендент за титулата, а во 14-от свиок на патеката ги оштети предните крила.

Јапонскиот дебитант Јуки Цунода стигна до петтото место, а Ферари на Карлос Саинц и Шарл Леклер беа шести и седми.

Во исто време, раководството на Формула 1 го одби барањето на Мерцедес да ја преиспита одлуката на бразилскиот ГП минатата недела да не го казни Верстапен поради инцидентот на трката со Луис Хамилтон. Ф1 одлучил дека иако се појавија нови и релевантни видео докази, тие не се значајни и Холанѓанецот останува неказнет.

Трката во недела ќе се одржи навечер и под рефлектори.

Сајкоски: Да донесеме уште поголема победа на 8 мај за просперитетна влада на ВМРО-ДПМНЕ

Да донесеме уште поголема победа на 8 мај за просперитетна влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја носи Македонија напред.

Денес продолжуваме со активностите тука во Охрид, вчера поминавме прекрасни митинзи со огромна поддршка од граѓаните. Останаа уште неколку денови.

Ве повикуваме, приклучете се да донесеме уште поголема победа во вториот круг.

Сакам да ја изразам мојата благодарност и горд сум на тоа што го направивме во првиот круг, што ја дадовте вашата огромна поддршка за нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Сакам да ве повикам и во вториот круг референдумски да излеземе за да можеме да ја реализираме Платформа 1198, за да може да реализираме многу проекти за регионов и нашава држава, да донесеме подобар економски развој и раст, да донесеме подобро образование и здравство, да донесеме подобар живот за сите. Затоа на 8 мај излезете сите да се активираме да кажеме НЕ за ова што се случуваше досега и да дадеме шанса за просперитетна влада која ќе ја носи Македонија напред.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани молотови коктели врз објектот

Молотови коктели и други запаливи средства врз објектот на градското собрание во Тирана,  фрлаа учесниците на протестот организиран од опозициските демократи-приврзаници на Сали Бериша.

Поради сериозноста на состојбата зголемено е присуството на полициските трпи, кои на учеснците во протестот не им дозволија насилно да влезат во објектот а во гаснењето на пожарот учествуваше противпожарна единица.

Ова е четврти по ред протест на „Иницијативата за обнова на ДП“, поддржан и од Партијата на слободата на Илир Мета, како и Алијансата за заштита на театарот, на кои се бара оставка на градоначалникот Ерион Велиај.

Барањето за негова оставка се бара по откривањето на скандалот за злоупотреба на државни средства, за што, по налог на Специјалнорто обвинтелство против организиран криминал и корупција, СПАК, се уапсени десеттина високи раководители во општината, блиски соработници на Велиај.

-Правдата ќе биде задоволена, бидејќи граѓаните се на нозе! Никогаш нема да отстапиме од нашата борба, порачаа дел од оние кои се обратија до сега на протестот.

Организаторите бараат од полицијата да им се дозволи протестот да продолжи до 20 часот.

Крводарителска акција во Уставниот суд по повод 60 години од своето постоење

Под мотото „Биди хуман - спаси живот” Уставниот суд организира крводарителска акција што ќе се одржи на 30 април, во периодот од 9 до 14 часот, во просториите на Судот. 

-Акцијата за дарување на крв се реализира во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, на иницијатива на Уставниот суд, по повод 60 години од своето постоење. Организирањето на оваа хумана активност е иницијатива на вработените од Судот и досега се пријавени околу 30 дарители од Уставниот суд, соопштија од Судот.

Преку оваа крводарителска акција Уставниот суд, како што е наведено во соопштението, изразува солидарност и хуманост и истовремено се придружува на апелите на Црвен крст за подигнување на свеста за донирањето на крв и мотивирање на поголем број на луѓе за доброволно дарување.

притисни ентер