Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија
1Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија
СветФормирањето нова холандска Влада западна во ќорсокакХоландските медиуми проценуваат дека мисијата на Бума за постигнување договор за формирање ваква Влада нема да биде лесна.Откако во петокот информира дека во моментов нема можност за создавање мнозинска владина коалиција во Парламентот или за поддршка за малцински кабинет, известувачот во процесот на формирање на нова Влада на Холандија, Сибранд Бума, викендов предложи партиските лидери да формираат „петпартиска коалиција“. Бума како компромисно решение предложи новата Влада да ја формираат социјал-либералната партија Демократи 66 (Д66), конзервативно-либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД), десно центристичкиот Христијански демократски повик (ЦДА), блокот на социјалдемократската Лабуристичка партија (ПВДА) и еколошката Зелена левица (ГЛ) и десничарската партија Вистински одговор 21 (ЈА21). Сепак, холандските медиуми проценуваат дека мисијата на Бума за постигнување договор за формирање ваква Влада нема да биде лесна, од причина што некои од петте партии веќе најавија дека не сакаат да соработуваат со дел од потенцијалните коалициски партнери. По предвремените парламентарни избори одржани на 29 октомври, како најверојатна нова коалиција беше посочувана онаа на Д66, ВВД, ЦДА и ПВДА-ГЛ, која би имала 86 места во Долниот дом на Парламентот или 10 повеќе од потребните 76 за парламентарно мнозинство. За ваква „коалиција на центарот“ се изјасни и лидерот на партијата победник на изборите Д66 и најсериозен кандидат за нов премиер, Роб Јетен. Меѓутоа, ВВД на Дилан Јешилѓоз-Зехериус одбива да коалицира со блокот на лабуристите и зелените и инсистира на „коалиција на десниот центар“ со Д66, ЦДА и ЈА21, која би имала 75 пратеници или едно помалку од потребниот број за парламентарно мнозинство. Бума сега како компромис предлага широка коалиција, со цел и да се удоволи на желбата на ВВД за учество на ЈА21 во Владата, но и обезбедување нејзина стабилност со вклучување на левоцентристичкиот блок ПВДА-ГЛ. Но, првите партиски реакции не даваат надеж дека предлогот на Бума ќе биде прифатен. Лидерот на ЈА21, Јост Ердманс предлогот на Бука го оцени како „малку премногу креативен“, додека Јешилѓоз-Зехериус изјави дека нејзината ВВД останува на ставот дека нема да учествува во иста Влада со лабуристите и зелените. Инаку, Бума ја разгледувал и можностите за формирање на малцинска влада на Д66, ВВД и ЦДА, но не успеал да обезбеди доволен број гласови од останатите парламентарни партии за нејзин избор. Новиот лидер на ПВДА-ГЛ, Јесе Клевер ваквиот предлог го оцени како „неразумен“ и како „награда за ВВД за нејзиното блокирање“. Предлогот за ваквата малцинска влада го отфрли и Ердманс, оценувајќи дека зошто би се барало од неговата ЈА21 да поддржи ваков кабинет, ако „не е доволно добра за да учествува“ во него. Во вакви услови, медиумите проценуваат дека сега сите напори ќе бидат насочени кон убедување на ВВД да се предомисли. Јешилѓоз, засега не покажува подготвеност за предомислување. – Ние нема да го промениме нашиот став, истакна Јешилѓоз, додавајќи дека е „сигурна“ оти се можни неколку опции за формирање влада, дури и такви кои не би ја вклучувале ВВД, но не прецизираше кои се тие. Опција за формирање мнозинска Влада е и со вклучување на десничарската Партија на слободата (ПВВ), но повеќето центристички партии ја отфрлаат таквата можност. Сепак, лидерот на ПВВ, Герт Вилдерс во актуелниот ќорсокак гледа можност неговата партија сепак да биде дел од идната Влада. - Ако Д66 и ЦДА не успеат, тогаш е ред на ПВВ да се обиде да формира Кабинет и да подготви предлог-договор со другите партии, наведе Вилдерс на Икс. Крајниот рок за постигнување договор за формирање влада е утре, кога Бума треба да го достави извештајот од резултатите од неговата мисија до Парламентот. Доколку, Бума не успее да договори компромисно решение до утре, тогаш би можел да добие нова шанса за да се обиде да постигне договор или, што е поверојатно, да биде именуван нов известувач со мисија за формирање нова Влада. Тагови: влада Холандија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир КапијаОд редовна обука во вистинска спасувачка акција: Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија.Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС) успешно реализираа сложена спасувачка акција за евакуација на тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија. За време на изведувањето на редовна напредна обука за планински операции, припадниците на БСС беа алармирани за несреќа што се случила во непосредна близина, при која цивилно лице – алпинист, во текот на качувањето по карпи, паднало на исклучително стрмен и непристапен терен, при што се здобило со тешки телесни повреди. Веднаш по добивањето на информацијата, припадниците на специјалните сили пристапиле кон организирање и спроведување на спасувачката акција. На повреденото лице му била укажана прва медицинска помош на местото на несреќата, по што, со употреба на специјализирана алпинистичка и спасувачка опрема, било извршено безбедно извлекување од непристапниот терен и транспорт преку реката. По успешно извлекување до пристапна точка, повредениот алпинист бил предаден на екипите на Итната медицинска помош за понатамошно згрижување и лекување. Оваа успешна интервенција уште еднаш ја потврдува високата обученост, професионалноста, подготвеноста и способноста на припадниците на Баталјонот на специјални сили за дејствување во сложени и ризични услови. Воедно, таа е потврда за нивната пожртвуваност, решителност и подготвеност за ангажирање во најпредизвикувачки ситуации, во служба на граѓаните и заштита на човечките животи.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до 19 степени09:08Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаСообраќај по суви коловозиСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини.Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Возачите се предупредуваат на зголемена внимателност на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Од АМСМ потсетуваат дека веќе една недела, поточно од 15 ноември возачите имаат законската обврска во возилата задолжително да имаат зимска опрема, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе важи до 15 март наредната година.Тагови: сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до 19 степениСпоред УХМР времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Берово, -1 Лазарополе, Битола, 0 Попова Шапка, Струмица, Скопје – Петровец, 1 Демир Капија, Крива Паланка, Тетово, Маврови Анови, 2 Прилеп, Штип, Велес, Охрид, Крушево, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 4 Виница, Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 6 Маврови Анови, 5 Охрид, 4 Попова Шапка, Прилеп, 3 Крушево, Лазарополе, 2 Битола, Струмица, Претор, Берово, 1 Пожаране, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а попладне наместа повремено засилен со силен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до 19 степени09:08Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33