Сиљановска-Давкова на состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во Турција
2Сиљановска-Давкова на состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во Турција
ЗдравјеФормирана национална алијанса на пациентски организацииДесет организации по повод Светскиот ден на здравјето – формираа национална алијанса на пациентски организации.Велат дека целта е здружени да се борат за своите права. Меѓу главните барања е и ажурирањето на позитивната лсита на лекови која изминативе 10тина години не е променета. „За да имаме ние добар и квалитетен живот на пациентот мора да имаме задоволна медицинска фела, која што ќе работи во заеднички чекор со нас и која ќе ги презентира нивните проблеми заендо со нас за да видиме како можеме поушсешно тоа да го решаваме. Поуспешно да се справиме со предизвиците. “-Претседателот на Националната алијанса, Милан Мишковиќ Дополнително велат по изборите ќе бараат нивно вклучување во креирањето на здравствените политики. Поголема заштита на пациентите и подобрување на здравствениот систем. „Нашите структурни промени кои ќе ги бараме како алијанса е постепено сето она што го гледаме секојдневно во нашиот здравствен систем, а може многу да се промени, атоа што позанвајќи ги можностите кои ги имаме и сега во моментов би требало да претрпат одредени организациски и некој други структурни промени. И вмеѓување на нас како пацинати и давање право во учество на носење на било какви одлуки кои се тангираат тие групи на пацинети. “-Претседателот на Националната алијанса, Милан Мишковиќ Алијансата ја сочинуваат организациите Хепар центар, Нефрон, Национално здружение за Мутипла склероза, Живот со предизвици, Хема – онко, Фемина М, Сано, Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, Здружение за хронична миелоична леукемија и Ретко е да си редок. Претседателот на алијансата упати апел до сите организации и здруженија кои работат во областа на здравството да се приклучат кон Алијансата и заеднички да застанат зад правата на пациентите, како и заеднички да работат во подобрувањето на здравствениот систем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДаниела Димовска нова претседателка на скопскиот Кривичен суд10:27Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
ЗабаваФаталната русокоса и девојка на кошаркарот на Монако го покажа своето извајано телоПоранешната навивачка на литванскиот Жалгирис Габија Карабинаита повторно успеа да привлече огромно внимание на социјалните мрежи. Атрактивната русокоса објави нова серија фотографии од плажа на кои позира во минијатурно бикини и со одбојкарска топка, а нејзините следбеници не останаа рамнодушни. Со години, убавицата од Литванија важеше за едно од најпрепознатливите лица меѓу навивачките на Жалгирис. Нејзините настапи во познатата „Жалгирио Арена“ честопати привлекуваа речиси исто толку внимание како и настаните на паркетот, поради што таа доби голем број следбеници на социјалните мрежи. Сепак, во последните месеци нејзиниот живот целосно се промени. Откако започна врска со кошаркарот на Монако, Џерун Блосомгејм, таа се пресели во Кнежевството, каде што максимално ужива. Во едно интервју откри дека нивната љубовна приказна започнала сосема спонтано – со порака на Инстаграм. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаStreet View се враќа во Македонија со обемно обновување на снимките низ земјата„Google Street View“ се враќа во Македонија за обемно обновување на сликите од Street View со поширока покриеност низ целата земја, носејќи нови панорамски погледи на Google Maps. Од живите градски плоштади и историските улици на Скопје до спокојните брегови на Охридското Езеро и планинските патишта што ги поврзуваат градовите низ целата земја, Street View повторно ќе го долови еволутивниот пејзаж на Македонија и ќе го направи подостапен за луѓето насекаде. Македонија е место каде што богатото културно наследство се среќава со секојдневната урбана трансформација. Историските знаменитости, природните богатства, растечките населби и променливата патна инфраструктура се дел од динамичниот карактер на земјата. Редовното освежување на сликите од Street View помага да се осигури дека Google Maps продолжува да ги одразува овие промени со поголема точност, релевантност и детали. Со ова најново освежување се опфатени околу 13 000 километри низ целата земја, вклучувајќи ги Скопје, Охрид, Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Струга, Струмица и други градови. Ажурираните слики ќе ги направат „Google Maps“ уште покорисни за жителите, бизнисите и посетителите кои секојдневно се потпираат на нив за навигација, планирање патувања и откривање нови места. Новите слики ќе понудат и свеж поглед на контрастите што ја прават Македонија толку препознатлива, од современите урбани простори и прометни патишта, историските места како што се Скопската тврдина и Аквадуктот, препознатливите градски знаменитости, вклучувајќи го Камениот мост и Мостот на уметноста, како и природните и културни пејзажи, а меѓу нив и Охридското Езеро што зазема посебно место, како дел светското наследство на УНЕСКО. Street View им овозможува на луѓето виртуелно да истражуваат улици, населби и дестинации пред да ги посетат лично. Без разлика дали однапред проверуваат рута, бараат локален бизнис, планираат патување или откриваат обележје, обновените слики ќе помогнат во полесна навигација, посигурно планирање патувања и побогато разбирање на местата низ целата земја. Google е посветен на заштита на приватноста на корисниците. Пред објавувањето на собраните слики, се користи напредна технологија за автоматско замаглување на лицата и регистарските таблички на возилата. Street View вклучува функција за барање за замаглување на одредени слики (како што се лица, возила, куќи итн.) со кликнување на опцијата „Report a problem“ што се наоѓа во долниот десен агол на објавените слики на Google Maps. Повеќе информации за Политиката за приватност на Google можете да најдете на: https://policies.google.com/privacy. За да ја истражите Македонија во Street View, отворете Google Maps на вашиот компјутер или мобилен уред, пронајдете место што сакате да го посетите и повлечете ја жолтата икона Pegman на сина линија за да влезете во Street View.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова на состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во ТурцијаДенеска би сакала да кажам дека мотото „Посилна Европа – е посилно НАТО“, најсилната Европа е Европа што живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Ова утринава го порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во кусата изјава за медиумите пред состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара. Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера во Анкара,учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на самитот на алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, јашар ѓулер.Тагови: Силјановска Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДаниела Димовска нова претседателка на скопскиот Кривичен суд10:27Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43