Форин полиси: Непростлив е молкот на САД околу заканите на Бугарија кон Македонија

Фокусот на Администрацијата на Трамп на решавање економски прашања на Балканот и замижувањето кон политичките, придонесе за влошување на односите меѓу некои земји уште од времето на војните пред две децении, објави синоќа Форин полиси. 

Во анализата насловена „Како Трамп го изгуби Балканот", од Едвард Џозеф, професор по менаџмент на конфликти во универзитетот „Џон Хопкинс" во Вашингтон, се истакнува случајот со можната блокада на ЕУ интеграциите на Македонија од страна на Бугарија „поради идентитетски прашања".

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп се фокусира само на економски а покажува презир кон политичките прашања, стои во анализата.

-Последниот графички пример за тоа е несвесното охрабрување од страна на високи службеници на САД на еден НАТО сојузник, Бугарија, да се заканува со воена интервенција кон друг сојузник, Македонија.

Џозеф ја наведува средбата во Вашингтон на 6 октомври меѓу американскиот министер за одбрана, Марк Еспер и неговиот бугарски колега, Красимир Каракачанов „агресивен националист со долга листа од бомбастични изјави против соседната Македонија".

Се додава дека иако минатиот месец Каракачанов уште еднаш ја повторил заканата на Софија за блокада на пролонгираниот почеток на преговорите за членство во ЕУ меѓу Скопје и Брисел, „бугарскиот министер беше напоен со виски и пофалби во Вашингтон, а американските политичари склучија десетгодишен договор „патна карта за соработка во одбраната" и продажба на осум ловци Ф-16.

Џозеф наведува дека САД го сториле тоа без никаква пројава на загриженост во однос на диктатот на Бугарија. а „по дружељубието во Вашингтон следуваше посета на висок официјален службеник од Стејт департментот, Р. Кларк Купер, на Бугарија, кој „изрази недвосмислена благодарност на САД за посветеноста на Софија на алијансата".

-Два дена подоцна, Каракачанов го шокираше регионот со отворена закана дека Бугарија ќе испрати војници во Македонија, мешајќи го ултиматумот со тврдењето дека Македонија била закана за „територијалниот интегритет на Бугарија", алудирајќи дека Бугарија има casus belli (повод за војна), набљудува Џозеф.

Тој наведува дека Администрацијата на Трамп не само што не испратила некаков сериозен сигнал пред овој изблик на агресија, но и дека САД немаат кажана ништо и после тоа.

-Товарот падна на министерката за одбрана на Макодонија, Радмила Шеќеринска, да испрати достоен прекор до Бугарија, дека „земјата е членка на НАТО, и ние сме членка на НАТО, и ова не е начин како членките на алијансата комуницираат или како треба да комуницираат".

Џозеф смета дека молкот на САД е непростлив, а од друга страна многу Бугари не се сложуваат со заканите кои нивната власт ги испраќа кон Македонците заради идентитетски прашања и забележуваат дека тоа ќе ѝ наштети на самата Бугарија.

Тој наведува дека власта во Бугарија биле толку паметна што дури го блокирала и влезот на Македонија во Фронтекс, Европска агенција за граничен меаџмент, „и сега можностите на Скопје да ја запре илегалната имиграција и да се бори со прекуграничниот криминал се намалени".

-Продажбата на Ф-16 ловци не е изговор за молчењето на Еспер или на неговите колеги од Стејт департментот, вели Џозеф.

Потсетува на хипокризијата на Каракачанов.

-Американските официјални лица требале да го потсетат на неговите изјави околу тензиите меѓу Грција и Турција дека „спорните прашања меѓу соседите треба да се решаваат преку преговори и дијалог, а не со употреба на закана и воена сила".

Џозеф потсетува и на сличиот однос на Вашингтон кон косовското прашање, каде „хиперболите на Трамп дека заслужува Нобелова награда за мир што го решил вековниот спор, и фокусот само на економски прашања донесоа само штети". –Најважната од кои е дека Александар Вучиќ, уште еден тврдокорен националист, си го исполира имиџот дома без притисок да направи отстапки кон својот противник, се вели во анализата./МИА.

Земјоделските инспектори во контрола на откупните пунктови за тутун во прилепскиот регион

Денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, заедно со инспекторите од ДИЗ, беа во контрола на откупните пунктови за тутун во прилепскиот регион.

За време на остварената контрола беше констатирано дека откупот тече во нормални услови и интензитет. Тутунот од прва класа се откупува по цена од 375 денари, додека кај едена компанија откупувач е постигната цена од 400 денари по килограм.

Директорот Анакиев посети неколку пунктови од вкупно пријавени 287 на територијата на државата. Во текот на извршените контроли е утврдено дека се пријавени 305 ваги.

Воедно, од Државниот Инспекторат на Земјоделство информираа дека од почетокот на откупот, до сега се откупени вкупно 6.360.485,24кг 1 класа тутун, 13.485,59кг втора класа и 556,81кг трета класа тутун. Вкупната бројка е 6.374.550,44кг, додека просечната откупна цена изнесува 376,00 денари. Од овие количини исплатени се вкупно 57% од откупените количини кон тутунарите.

Инспекторите на ДИЗ остануваат и понатаму на терен каде будно ќе го следат и контролираат откупот, соопштуваат од МЗШВ.

Руте со драматично предупредување: Не сме подготвени за она што доаѓа

Првиот човек на НАТО, Марк Руте, предупреди дека Алијансата не е подготвена за заканите со кои ќе се соочи од Русија во наредните години и дека е време да почне да размислува воинствено.

„Не сме подготвени за она што ни доаѓа за 4 до 5 години.“

Руте рече дека членките на НАТО потрошиле повеќе од 3 отсто од БДП за одбрана за време на Студената војна и нагласи дека идните распределби ќе мора да бидат значително повисоки од сегашната цел на Алијансата од 2 отсто, што е договорено како минимум.

Иако Алијансата колективно ја исполнува таа цел, околу една третина од нејзините членки не ја исполнуваат поединечно.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари, се закани дека САД нема да ги бранат „неодговорните“ земји.

Алијансата се заснова на принципот дека нападот врз една членка се смета за напад врз сите, а коментарите на Трамп поттикнаа стравувања за тоа дали САД ќе одговорат во криза.

„Русија се подготвува за долгорочна конфронтација, со Украина и со нас“, рече Руте за време на говорот во Брисел.

Тој, исто така, истакна дека НАТО мора да биде реален за амбициите на Кина и предупреди дека Пекинг значително ги зајакнува своите воени сили и врши притисок врз Тајван.

Руте рече дека моменталната безбедносна ситуација е „најлошата во мојот живот“, пренесува Sky News.

Ново чудно убиство во Москва: Телото на човекот, експерт за руски проектили, фрлено на снег

Михаил Шацки, програмер кој учествувал во модернизацијата на крстосувачките ракети за руската армија, е убиен во Москва, јавува украинската телевизија Суспилна, повикувајќи се на публикацијата на украинскиот новинар Александар Невзоров.

Шацки бил шеф на софтверскиот оддел на Марс Дизајн, подружница на државната компанија Росатом, која се занимава со експериментален дизајн. Според украинската телевизија, Шацки бил вклучен во модернизацијата на крстосувачките ракети Х-59 на ниво Х-69, како и во развојот на нови беспилотни летала, објави Невзоров и додаде дека е „виновен за смртта на илјадници невини Украинци. “, пренесува Индекс.

Оваа информација во јавноста ја потврдија извори во специјалните служби, пренесува Suspilne. Низ социјалните мрежи се прошири и видео на кое наводно се гледа телото на Шацки на снегот.

Невзоров објави дека Шацки бил убиен во операција на ГУР, украинската воена тајна служба на чело со Кирило Буданов.

"Буданов има долга рака. Се чини дека никој од оние кои се виновни за геноцидот врз Украинците нема да умре од природна смрт. Денеска силите на ГУР во Москва елиминираа особено штетен криминалец - заменик-главниот дизајнер, шефот на софтверот оддел за дизајн на Марс, Михаил Шацки“, напиша Невзоров.

Марс разви системи за автоматска контрола и навигација за авиони и вселенски возила за руската војска. Од декември 2017 година, компанијата работи како дел од државната корпорација Росатом. Пред тоа Марс беше дел од државната компанија Роскосмос.

притисни ентер