3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница
АвтомобилизамФорд патентира рачен менувач за електрични автомобили Форд неодамна патентираше систем за рачен менувач специјално дизајниран за електрични автомобили, обидувајќи се да го врати чувството на традиционално возење за кое многу ентузијасти веруваат дека недостасува кај модерните електрични возила.Патентот, насловен како „Склопување на менувачи за електрично возило“, претставува иновативен пристап за возење електрични автомобили што може да го промени начинот на кој ги доживуваме овие автомобили. Суштината на патентот е рачка на менувачот што имитира класичен менувач со шест брзини, но зад себе има сосема поинаква технологија. За разлика од традиционалните рачни менувачи кои физички го контролираат преносот на моќта, системот на Форд користи електронски контролори за моќност и системи за активирање за да го симулира процесот на менување брзини. Кога возачот ја поместува рачката на менувачот, електронските сигнали се испраќаат до електричниот мотор на возилото, менувајќи ја излезната моќност и создавајќи илузија на конвенционален менувач со спојката. Она што е особено импресивно е тоа што системот дури ги симулира карактеристичните прекини на напојувањето што се случуваат при менување брзини во класичните автомобили со рачен менувач, што дополнително ја подобрува автентичноста на искуството. Повеќе од само симулација Патентот на Форд покажува дека рачката на менувачот може да се конфигурира да функционира на повеќе начини. Теоретски, може да се користи како секвенцијален менувач или да следи стандарден распоред со шест брзини. За да го направат искуството уште пореално, малите електрични мотори се вградени во основата на рачката кои обезбедуваат повратни информации и вибрации, симулирајќи го чувството што го доживуваат возачите при менување брзини во автомобилите со мотори со внатрешно согорување. Потегот на Ford доаѓа откако Hyundai веќе воведе слична технологија во својот модел Ioniq 5 N, кој вклучува функција N e-Shift која симулира чувство на рачен менувач. Во исто време, Toyota исто така експериментира со симулирани менувачи за своите идни модели на Lexus. Иако можеби звучи контрадикторно да се додадат симулирани менувачи на автомобилите кои во суштина не бараат менување брзини, овој тренд покажува дека производителите на автомобили ја препознаваат важноста на емоционалната поврзаност што многу возачи ја чувствуваат со традицијата на рачно менување и активно бараат начини да го зачуваат тој елемент во ерата на електрична енергија. Засега не е познато дали Форд планира да го имплементира овој патент во некој од своите идни електрични модели, но самиот факт што компанијата инвестира во развој на ваква технологија укажува дека сериозно ја разгледува можноста за негова примена.Тагови: Форд менувачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДенеска нови цени на нафтените дериватиРегуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата. Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
ТенисНовак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес ОпенНајтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк, УС Опен во конкуренција на мешани двојки.Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август. Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим. И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон. Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја. Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ. Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ. Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел? Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел. Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат. Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter