ЛиДеМ: Владата го почитува Законот само кога ѝ одговара – студентите секој ден ја плаќаат инфлацијата од сопствен џеб
1ЛиДеМ: Владата го почитува Законот само кога ѝ одговара – студентите секој ден ја плаќаат инфлацијата од сопствен џеб
Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
1Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
3Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
АвтомобилизамФорд и Фолксваген потпишаа договор за соработка за изработка на високотехнолошки и ,,зелени" возила Германскиот и американскиот производител се надеваат дека оваа соработка ќе донесе многу добри работи.Откако ја објавија својата идна соработка пред скоро една година, двајцата големи производители на 10 јуни потпишаа договор за заеднички развој на лесни камиони, електрични возила и автоматско возење. Компанијата „Форд мотор“ и „Фолксваген АГ“ потпишаа договор со кој се потврдува нивната глобална алијанса најавена минатата година, за да се задоволат брзорастечките потреби на нивните клиенти во Европа и другите региони, особено кога станува збор за пикапи, лесни комерцијални и електрични возила. Компаниите очекуваат здружени да ја подобрат понудата за сегашните и идните клиенти преку иновација на возилата, со вклучување на релевантни нови технологии, обезбедување поголема понуда и повеќе избор на модели. Тие предвидуваат континуиран раст на побарувачката за комерцијални возила, како и за електрични возила со високи перформанси, што би додало вредност на индивидуалните портфолија на нивните производи. Новата автомобилска алијанса ќе произведува пикап со средна големина, кој ќе го конструира и произведува Форд, а ќе излезе во продажба од 2022 година како Фолксваген Амарок, во рамките на компанијата Фолксваген комерцијални возила. Уште во 2021 година, двете компании дополнително ќе го зајакнат работењето на нивните оддели за лесни комерцијални возила со градско комбе за испорака, врз основа на најновиот модел „Кади“, развиен и произведен од „Фолксваген комерцијални возила“, а подоцна и карго комбе од едно тон, производ на „Форд“. Покрај тоа, планот е да се донесе во Европа до 2023 година високо диференцирано електрично возило „Форд“, изградено на платформата „Модуларен електричен погон“ на Фолксваген (MEB), со што ќе се прошири опсегот на возилата на Форд со нулта емисија во Европа. За да ги намалат високите трошоци за развој на електрични автомобили, Фолксваген им ја нуди својата технолошка платформа MEB на другите производители на автомобили. „Колку повеќе автомобили се засноваат на платформата, толку поевтино ќе биде“, рече Херберт Дис, претседател на Управниот одбор на групата Фолксваген. Ова е важен предуслов за да се направи електричната мобилност достапна за масите. За време на животниот циклус на договорените производи, двете компании очекуваат да произведат вкупно до 8 милиони пикапи и комбиња. Во текот на неколку години почнувајќи од 2023 година, Форд планира да испорача 600.000 електрични возила монтирани на платформата MEB. И тоа не е сè, и двете компании ќе работат со Argo AI за да создадат високо способни автономни возила засновани на технологијата на компанијата „Питсбург“. Минатата недела, Фолксваген ја направи претходно најавената инвестиција во Argo AI, во која Форд веќе има сопственички удел и интерес за развој. Ова потврдува дека ваквите сојузи можат да помогнат во развој на напредни технологии за кои е потребно многу време и ресурси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Шоу бизФото: Брук Шилдс и на 62 годишна возраст нема проблем да се соблече во бикини „Девојко, јас сум Брук, а ти која си?“ Една од најубавите актерки во Холивуд, ѕвездата на славниот хит филм „Сина лагуна“ Брук Шилдс ја покажа својата прекрасна фигура на 62-годишна возраст за време на престојот во Хрватска, која ја посети во рамките на својот одмор во Европа, а фотографиите предизвикаа бројни реакции. Убавата Брук на Инстаграм објави серија фотографии на кои ужива со пријателите, но и позира во едноделен костим за капење без прерамки, со кој привлече огромно внимание поради својата витка фигура. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛиДеМ: Владата го почитува Законот само кога ѝ одговара – студентите секој ден ја плаќаат инфлацијата од сопствен џебДодека цените на храната растат, студентскиот оброк останува замрзнат на 140 денари дневно. И тоа не е прашање на добра волја на Владата, туку на законска обврска. Член 2 од Законот за субвенциониран студентски оброк јасно предвидува дека износот треба да се усогласува согласно инфлациската стапка по секоја фискална година, пред донесувањето на Буџетот за следната година. Последното зголемување беше уште во 2023 година – од 120 на 140 денари. Оттогаш цените продолжија да растат, а студентскиот оброк остана ист. Во превод: државата ја признава инфлацијата кога собира повеќе пари преку даноци и повисоки цени, но ја заборава кога треба да им даде повеќе на студентите. Денес со 140 денари студент треба да обезбеди пристоен оброк, додека секој што влегол во маркет, пекара или менза знае колку реално вредат тие пари. Не може Владата да зборува за „младите како иднина“, а истовремено да штеди токму на нивниот оброк. Инфлацијата не смее да се пресметува само на каса – мора да се пресметува и во студентската поддршка. Либерално-демократската младина ќе ги искористи расположливите правни и институционални механизми за да побара одговор зошто законската одредба за усогласување не се спроведува доследно и кој ќе понесе одговорност за тоа. Ова не е борба за неколку десетици денари. Ова е прашање дали во Македонија законот важи и за Владата. Студентите не бараат луксуз. Бараат она што им следува по закон и оброк што одговара на реалните цени во 2026 година. Ако растат цените – мора да расте и студентскиот оброк. Либерално-демократска младинаТагови: ЛиДеМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп оптимист за тајната мисија на шефот на ЦИА во МоскваАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „можеби ќе произлезе нешто“ од посетата на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на Русија.Трамп ова го истакна во интервју за емисијата „Глен Бек програм“ на телевизијата „Блејз“, по информациите во американските медиуми дека ретклиф вчера пристигнал во Москва на разговор со руски претставници за војните во Украина и Иран. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска потврди за тасс дека рускиот претседател Владимир Путин бил детално информиран за резултатите од контактите на руските специјални служби со ретклиф. Песков притоа појасни дека директорот на циа немал директна средба со путин.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook