Форд ги вработи првите роботи (ВИДЕО)

Половина година по најавата, Форд вработи двајца роботи кои личат оние од филмскиот класик за ,,Терминатор”.

Toa се првите два роботи произведени од Agility Robotics, чија посебна карактеристика е да функционираат во човечко опкружување, односно заедница. Тие можат да работат во затворено, да бидат логистика, како и да вршат конечни испораки до клиентите.

Соработката помеѓу двете компании вклучува опремување на комерцијалните возила на Форд со вакви роботи, чии автономни системи за возење ќе можат да им обезбедат информации на роботите за да го олеснат нивното движење. Исто така, роботот ќе добие информации за пратката, како и за примателот, како што е локацијата и начинот на испорака на барање на клиентот.

притисни ентер