Форд Фокус доби две хибридни верзии и дигитална инструмент табла - Канал 5

Форд Фокус доби две хибридни верзии и дигитална инструмент табла

Форд го унапреди моделот Фокус на европскиот пазар за 2021 година.

Форд Фокус доби две хибридни верзии и дигитална инструмент табла

Како што направи и минатата година, Форд воведе благи хибридни верзии во гамата на моделите Фокус.

Се работи за 48 волтна лесна хибридна технологија со стартер/генератор, а во срцето на погонскиот систем е познатиот 1.0 „EcoBoost“ бензински мотор во верзии со 125 и 155 коњски сили.

Форд соопшти дека помоќната од двете погонски верзии има просечна потрошувачка од 4,1 литар на 100км.

Произведувачот наведува дека потрошувачката на гориво е пониска и до 17% во споредба со постоечкиот 1.5 литарски „EcoBoost„ бензински мотор со 150 коњски сили.

Моделите со новиот хибриден погон имаат и можност за собирање на енергија од кочење, која се складира во 48 волтната литиум јонска батерија.

Така сочуваната електрична енергија подоцна се користи во возењето за забрзување.

Освен со хибриден погон, Форд Фокус за 2021 година ќе биде достапен и со конвенционални дизел и бензински мотори.

Оние кои ќе се одлучат за дизел опцијата, ќе можат да изберат помеѓу 1.5 литарски „EcoBlue“ со 120 коњски сили или 2.0 литарски „ EcoBlue“ мотор со 150 коњски сили.

Дизелашите ќе имаат 6 брзински мануелен или 8 брзински автоматски менувач.

Купувачите кои сакаат чист бензинец без никаков хибриден погон, на располагање ќе имаат 1.0 „ EcoBlue“ мотор со 125 коњски сили. Понудата на менувачи е иста како и кај дизел верзиите.

Форд Фокус за 2021 доби и нова 12,3 инчна дигитална инструмент табла, а приказот на инструментите на неа се прилагодува по желба на возачот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад

Едно лице загина, а 11 се повредени во нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, Саудиска Арабија., пренесува Би-Би-Си.

Видео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад

Загинатиот е државјанин на Пакистан, соопштија саудиските власти.

Проектил погодил една од патничките сали, по што избувнал пожар.одговорноста за нападите ја презедоа јеменските Хути.Тие соопштија дека користеле ракети и беспилотни летала.

Хутите тврдат дека нападнале и нафтени постројки и аеродромот во Дамам.Во претходниот напад врз аеродромот во Ријад загинаа 13 лица, а 308 беа повредени.

Саудиската коалиција најави одговор на нападите. Трамп најави брза одлука за можни воени дејствија против Хутите. И Велика Британија најави можност за дополнителна поддршка на Саудиска Арабија.

Македонската амбасада упати апел до македонските државјани во Саудиска Арабија да ги следат безбедносните препораки и да постапуваат според упатствата на локалните власти, дежурен телефон. +971 56 441 7532.Поради влошената безбедносна состојба, се препорачува избегнување патувања во ризичните области.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува примената на системот „Сејф сити“ Во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Од денеска, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

Почнува примената на системот „Сејф сити“ Во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

МВР информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.

Со активирањето на системот, како што нагласуваат од министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван. Според информациите што ги сподели министерот за внатрешни работи при неодамнешната посета на Охрид, во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе Наумов

притисни ентер