Фоњини за Надал: Се сомневам дека играше повреден против Фриц - Канал 5

Фоњини за Надал: Се сомневам дека играше повреден против Фриц

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини изјави дека се сомнева оти Шпанецот Рафаел Надал играл повреден во четвртфиналето на Вимблдон против Американецот Тејлор Фриц, пренесуваат британските медиуми.

Фоњини за Надал: Се сомневам дека играше повреден против Фриц

По голема борба Надал победи против Фриц во пет сета 3:6, 7:5, 3:6, 7:5, 7:6. За време на мечот со Фриц, шпанскиот тенисер побара медицински тајм-аут поради повреда на стомакот.

Четвртиот тенисер во светот победи по четири часа и 20 минути и по 38-ми пат во кариерата се пласираше во полуфинале на Грен слем турнир.

Четири часа и 20 минути сигурно! Луѓе, ве молам престанете да верувате во се што ќе прочитате“, напиша Фоњини на социјалните мрежи, а пренесува британски „Сан“.

Надал по победата истакна дека денеска ќе замине на дополнителни лекарски прегледи за да се утврди тежината на стомачната повреда која го мачи.

Шпанецот утре во полуфиналето ќе игра против Ник Киргиос.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Србинот Новак Ѓоковиќ и Британецот Камерон Нори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена локална облачност и температури до 35 степени

Времето денес според Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Сончево со мала до умерена локална облачност и температури до 35 степени

Во јужните делови наместа ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

12 Претор, 3 Демир Капија, 2 Берово, 1 Битола, Гевгелија.

-Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати

Најмалку 20 луѓе загинаа, шест се повредени, а две лица се водат како исчезнати по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што утрово ја погоди источна Индонезија.

Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати

Земјотресот го погоди подрачјето во близина на островот Флорес во 5:58 часот по локално време, на длабочина од околу 10 километри, а епицентарот беше 68 километри северозападно од градот Енда во покраината Источна Нуса Тенгара.

По главниот удар, регистрирани се неколку последователни потреси, вклучувајќи еден со интензитет од 6,1 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 15. август 2026 година

Дневен хороскоп за сабота, 15. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 15. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Многумина денеска ќе упаднат во стапица на ранливоста , од каде тешко ќе се извлекуваат. Чувството на осаменост ќе биде силно , како и копнежот.

Кариера

Иако другите ве сакаат и поддржуваат , денеска ќе имате чувство дека ништо не ви оди од рака и дека нема врз кого да се потпрете.Не е така.

Здравје и совет

Побарајте хумористични содржини.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашата потреба за нежност ќе биде голема , а надворешната состојба ќе биде скромна.Затоа може да сонувате со отворени очи , да чекате подобри денови или да копнеете.

Кариера

Доколку се отворите кон своите соработници, ќе ви биде полесно да работите. Обидете се своите грижи да ги свртите на шега.

Здравје и совет

Погледнете добар филм.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Оние кои се на прагот на тајна врска , денеска ќе се двоумат за своите чувства. Ќе се прашуваат дали тоа има смисол.

Кариера

Можно е изостанување на некој колега од работа поради што неговите задачи ќе паднат врз ваш грб. Подгответе се за таква можност.

Здравје и совет

Бидете смирени.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои и натаму ќе се движат низ лавиринтот ,,фати-пушти” . Други ќе почнат врска , но без сигурност. Третите ќе мислат дека не треба ништо да преземаат.

Кариера

Можеби ќе почуствувате желба да избегате од работното место , зашто денеска ништо таму нема да ви изгледа сигурно.

Здравје и совет

Чувствителност на желудникот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Иако изгледа како добро да ви е во љубовта , од внатре ќе ве измачуваат настани од минатото. Ќе ви го расипат уживањето.

Кариера

Вашите соработници денеска ќе ја покажат својата чувствителност , па на вас останува да се обидете подобро да ги разберете и сослушате.

Здравје и совет

Ќе ги почувствувате последиците од хедонизмот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашите додворувања денеска ќе бидат речиси извештачени. Потрудете се да бидете поедноставни и поискрени.

Кариера

Што повеќе се залагате, работите ви одат полесно и побргу. Затоа не правете паузи , доколку не се неопходни.

Здравје и совет

Бидете горди на своите дела.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Веројатно ќе мора да го поделите работното време.Еден дел ќе одвоите за својот партнер , а другиот за пријателите.

Кариера

Младата личност со која соработувате , денеска ќе ја покаже својата мрзеливост и неспособност. Ќе морате подобро да ги тренирате младите.

Здравје и совет

Ќе издржите се што ви претстои.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ако не сте задоволни од ссотојбата , денешниот ден е добар за привремено повлекување во осаменост.

Кариера

Ќе ве збунива лицемерноста на надредените , зашто едно ќе зборуваат а друго ќе прават. Не дигајте тензија , туку набљудувајте.

Здравје и совет

Ќе дојдат вашите пет минути.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

ќе дојдат до израз разликите во љубовните желби меѓу вас и саканата личност. Ќе мора да се согласите на компромис.

Кариера

Можни се помали проблеми со постарите колеги на работа. Тие ќе очекуваат нешто друго од реалноста , а некои ќе покажат одбивност.

Здравје и совет

Штедете си ја силата.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ви претстои играње игри во кои вие глумите. Пресечете го тоа со мудро молчење и издржете со исправен став.

Кариера

Ќе ви се чини дека вашите деловни обврски се тешки и заплеткани. Ќе ви недостига енергија и концентрација.

Здравје и совет

Добро би ви дошло малку повеќе да спиете.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Со рационален став ќе ги надминете разликите во љубовните желби. Така повторно ќе се приближите еден кон друг.

Кариера

Со силата на вашата упорност ќе ги смирувате двете страни , кои имаат различен пристап за иста идеја. Вие ќе ги уверувате дека е важно тоа да се направи.

Здравје и совет

Никој не сака да слуша поплаки.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е уште еден малку нервозен љубовен ден. Помирете се дека тоа сега е така , но бидете сигурни дека ќе помине наскоро.

Кариера

Подобро ќе биде денеска да не влегувате во расправии. Работете го она што го знаете и делувајте во подрачјето на својата професија.

Здравје и совет

Попладнево опуштете се.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер