3Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
Шоу бизФондацијата Шоа на режисерот Спилберг ги документира злосторствата на Хамас на 7 октомвриФондацијата Шоа на режисерот Стивен Спилберг ги документира злосторствата на Хамас на 7 октомвриФондацијата Шоа, основана од американскиот режисер Стивен Спилберг, објави дека започнува проект за документирање на злосторствата извршени од Хамас на 7 октомври во јужен Израел како додаток на сведоштвата за холокаустот, а досега се собрани изјави на 130 лица кои го преживеале нападот на оваа палестинска милитантна група. Спилберг не бил директно вклучен во собирањето податоци, но обезбедил силна поддршка, јави „Тајмс оф Израел“. Спилберг изјави дека никогаш не верувал дека во својот живот ќе види „толкаво неискажливо варварство кон Евреите“. Спилберг за Фокс њуз изјави дека е шокиран од насилството извршено од Хамас врз Израелците, како и од бранот антисемитизам низ светот во последните два месеца. Фондацијата Шоа ја има најголемата колекција на видео-снимки во светот на сведоштва на Евреи кои го преживеале Холокаустот и други сведоци. Американската фондација во моментов работи со тимови во Израел за собирање извештаи на очевидци за масакрот на Хамас на 7 октомври, кога околу 3.000 терористи влегоа во Израел од Појасот Газа и убија околу 1.200 Израелци, главно цивили, и зедоа повеќе од 240 заложници. Во напис, објавен на почетокот на ноември, во кој се објавува збирката на документи, фондацијата го цитираше сведочењето на Шаила Атари Винер, која побегна од својот дом во кибуцот Кфар Аза со своето едномесечно бебе рано утрото на 7 октомври. Нејзиниот сопруг Јахав Винер бил убиен од припадници на Хамас додека им помагал на сопругата и бебето да избегаат. Спилберг, кој ја основа фондацијата во 1994 година, верува дека организацијата ќе обезбеди „гласовите на преживеаните да дејствуваат како моќна алатка за да се спротивстави на опасниот раст на антисемитизмот и омразата“/МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
ФудбалЏани Инфантино ѝ ветува повеќе пари на Африка!Првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино пред претстојните претседателски избори на ФИФА вети дополнителни финансиски средства за развој на африканскиот фудбал.Првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино пред претстојните претседателски избори на ФИФА вети дополнителни финансиски средства за развој на африканскиот фудбал, наведувајќи дека светското управно тело за фудбал ќе продолжи да ги зголемува инвестициите на континентот. Обраќајќи се пред претставниците од 54-те национални асоцијации на Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF) на собир во Капо Верде, Инфантино истакна дека ФИФА инвестирала една милијарда долари во африканскиот фудбал во текот на изминатата деценија преку 124 проекти во рамките на програмата FIFA Forward. „Ќе продолжиме да бараме потребни ресурси и да го зголемуваме финансирањето за да го насочиме африканскиот фудбал кон самиот врв на глобалната игра“, истакна Инфантино. Неговото обраќање доаѓа пред претстојните претседателски избори на ФИФА; следствено, собирот на претставници од африканските асоцијации - кои сочинуваат значителен дел од електоратот - доби и политичка димензија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛазов: ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО-ОКГ и полигон за интересиДенеска започнуваме да ја демаскираме вистината за тоа што навистина се случува во Фудбалската федерација на Македонија.Наместо ветениот напредок, ФФМ денеска е претворена во приватна фирма, партиски штаб на ВМРО-ОКГ и полигон за остварување лични интереси. Материјалите и информациите кои започнуваме да ги објавуваме доаѓаат директно од загрижени граѓани и свиркачи внатре во институциите — луѓе кои одбиваат повеќе да молчат за криминалот во македонскиот фудбал. Прво и најважно: ФФМ е целосно партизирана. * Зад одлуките во Федерацијата стојат директни политички притисоци и влијанија од високи функционери од власта. * Правни советници и шефови на комисии се назначуваат исклучиво по партиска и адвокатска линија. * Се менуваат селектори само затоа што немаат партиска поддршка, а се измислуваат нови репрезентативни категории за да се вработат соодветни партиски кадри. Фудбалот стана семеен бизнис: * Позициите за тренери во репрезентациите се делат на кумови и најблиски роднини. * За советници се ангажираат лица кои во јавноста се познати по упади во државни институции и контрола на летање. * Тренери од приватни школи и клубови истовремено земаат дупли плати и хонорари од ФФМ. * А на одредени играчи експресно им се дава деби во А-репрезентацијата — само за нивните новопечени менаџери да можат подобро да ги продадат надвор. Додека навивачите се револтирани од цените на билетите, а играчите гинат на терен, зад кулисите се случува нешто многу поопасно. Затоа, денеска јавно поставуваме неколку директни прашања до раководството на ФФМ: * Прво: Зошто најдиректно од ВМРО се делегира Комесар за делегирање судии кој потоа делегира судии по нарачка за натпревари кои ги игра државниот проект ФК Вардар? * Второ: Дали под изговорот за „подмладување на репрезентацијата“ се отвора простор за обложувачки профити на сметка на поразите на Македонија? * Трето: Дали е точно дека лица поврзани со скандали за местење натпревари се редовни гости во Белата палата на ВМРО? * Четврто: Дали има местење на натпревари под директна палка на комесарот Јосип Бартон и негови блиски судии, по нарачка? * Петто: Дали таканареченото „подмладување“ на репрезентација е искрена спортска стратегија, или е бизнис-план во кој младите фудбалери се само жртви? * Шесто: Има ли тарифа за играње во македонските репрезентативни селекции и колку пари чини да се облече националниот дрес? * Седмо: Кој е одговорен во репрезентацијата за скандалот во Швајцарија со пропустот играчот со бр 22 Малевски да седи на клупа 60 минути а да не е ниту впишан во записник на тој натпревар? Има ли сличен несреќен случај случен во Лигата на нации, во било кое УЕФА или ФИФА натпреварување, во македонската Прва или Втора лига? Македонскиот фудбал им припаѓа на сите нас, а не на кланови и партии. Ова е само првиот дел. Документите, фактите и доказите ќе продолжат да излегуваат во јавноста— сè додека ФФМ не се исчисти од криминалните структури и судии во рацете на спортистите, сега контролирани од ВМРО чии членови сочинуваат повеќе од 2/3 од делегатите на Собранието на ФФМ, рече Герасим Лазов-претседавач со ЦО на СДСМ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДве „пијавици“ се појавија кај Сицилија- регионот под метеоаларм (ВИДЕО)Две пијавици се појавија во утрово пред пристаништето Марсала, на западниот брег на Сицилија. Глетката на два столба вода што се спуштаат од облаците кон морето е снимена од пристаништето. Иако станува збор за спектакуларен природен феномен, тој предизвика и загриженост поради неговата близина до брегот, пишува италијански Tp24. Бура во западна Сицилија Појавата на пијавиците се совпадна со најавеното влошување на времето. За Сицилија за петок се предвидува нестабилен ден со врнежи од дожд и грмотевици, кои можат да бидат локално силни и долготрајни, особено во областа Трапани и по должината на тиренскиот брег. Можни се и ненадејни налети на ветер, а морето е разбранувано. Регионалната цивилна заштита издаде предупредување за можни силни грмотевици, град и чести грмотевици. Посебна претпазливост се препорачува во урбаните области склони кон поплави. Жолт временски аларм е на сила за целиот остров. Ненадејната промена на времето следеше по серија октомвриски денови со температури слични на летото. Што всушност е пијавица Пијавицата е воздушен вртлог што се формира над површината на водата и се протега од основата на облакот од бура до морето. Видливата колона не е составена од морска вода што ја „вшмукува“ облакот, како што често се мисли. Вителот е видлив првенствено поради кондензација на водена пареа, додека ветерот на површината крева капки и морска пена. Пијавиците се карактеристични за периодите кога морето е сè уште топло, а поладен и нестабилен воздух пристигнува над него. Овој температурен контраст ослободува енергија за конвекција: топлиот и влажен воздух се крева одеднаш и создава облаци од бура, а со специфични струи и промени во насоката на ветерот по висина, може да се случи ротација. Затоа нивното појавување на есен не е ретко. Студија спроведена во Италија регистрирала 707 пијавици од 2007 до 2016 година, од кои 43 проценти се случиле на есен. Се проценува дека околу една четвртина од регистрираните пијавици стигнуваат до брегот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00