Фондација „Бугарска меморија“ ја тужи МАЕИ и бара 10.000 евра отштета - Канал 5

Фондација „Бугарска меморија“ ја тужи МАЕИ и бара 10.000 евра отштета

Фондацијата „Бугарска меморија” на Милен Врабевски од Бугарија, преку адвокатска канцеларија од Тирана, поднесе тужба во Основиот суд во Корча против единствената партија на Македонците во Албанија 

Фондација „Бугарска меморија“ ја тужи МАЕИ и бара 10.000 евра отштета

Фондацијата „Бугарска меморија” на Милен Врабевски од Бугарија, преку адвокатска канцеларија од Тирана, поднесе тужба во Основиот суд во Корча против единствената партија на Македонците во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и нејзиниот претседател Васил Стерјовски.

Фондацијата бара од судот во Корча „да ја натера МАЕИ да и ја надомести нематеријалната штета, во износ од 10 илјади евра, предизвикана како резултат на ширење клеветнички и навредливи изјави кои го нарушуваат угледот".

Исто така, бара МАЕИ на својата официјална веб-страница и весници да објави извинување и истото извинување со допис да го испрати до оние државни и меѓународни институции каде што го испратила претходниот допис со „клеветнички и навредливи изјави" и „да ги плати судските трошоци".

Тужбата на фондација „Бугарска меморија” следува по дописот кој МАЕИ на 24 јануари годинава го испрати до премиерот на Албанија, Еди Рама, највисоките албански институции и странските амбасади, во кој бараше забрана на активностите на фондација „Бугарска меморија” во Албанија.

За потсетување, партијата МАЕИ, која ги претставува Македонците во Албанија, во дописот ја повторува постојаната загриженост за македонската заедница во Албанија, која „се соочува со постојаните напори на бугарските власти за нејзина асимилација, искористувајќи го членството на Бугарија во Европската Унија“.

-Бугарските власти користат различни средства и методи за да ја асимилираат македонската заедница во Албанија и да создадат непостоечка бугарска заедница. Забележителен пример е активноста на фондацијата „Бугарска меморија“ и нејзиниот претседател Милен Врабевски од Бугарија. Поддржана од разни бугарски структури, оваа фондација корумпира албански функционери преку донации, со цел да ги асимилира Македонците во Албанија, стоеше во дописот на МАЕИ до институциите.

Исто така, се посочуваше дека оваа фондација постојано тврди и пишува дека ја има главната заслуга за започнување и организирање на целиот процес за признавање на бугарското малцинство во Албанија во 2017 година.

-Самиот овој факт зборува за вмешаноста на фондацијата во корупцијата на албанските власти. Со текот на годините, оваа фондација создаде мрежа во Албанија, инфилтрирајќи се во различни институции за да ја унапреди нивната агенда за асимилација на македонската заедница. Оваа мрежа, финансирана од фондацијата „Бугарска меморија“, е вклучена во бизнисот со бугарски пасоши во Албанија, се наведува понатаму во дописот.

Како што е веќе познато за властите но и за целата албанска јавност, се нагласува во дописот, во изминатите две години во Албанија, локалните власти за пари масовно во повеќе општини издаваат незаконски потврди за бугарско потекло за сите албански граѓани кои аплицираат за бугарски пасош, со цел да ги користат привилегиите на ЕУ.

Благодарение на телевизијата Топ чанел и емисијата „Фикс Фаре“, наведува партијата МАЕИ, се докажа дека само општина Булќиза издала илјадници вакви незаконски потврди. И покрај дејствијата против службениците во општина Булќиза, оваа коруптивна практика на незаконско издавање потврди за бугарско потекло продолжува непречено во другите општини во Албанија, контролирани од мрежата на фондацијата „Бугарска меморија“.

Дополнително, според МАЕИ, оваа мрежа влијаела на последниот попис на населението во Албанија, со инсталирање попишувачи во областите на македонското малцинство и со притисоци, закани и поткупи ги принудувала албанските граѓани да се изјаснат за Бугари.

-Една од мерките на фондацијата „Бугарска меморија“ за корумпирање на албанските функционери и за асимилација на Македонците во Албанија, освен бизнисот со бугарските пасоши и незаконските потврди за бугарско потекло се и разните донации коишто оваа фондација со поддршка на Бугарската амбасада ги прави во областите каде што живеат Македонците во Албанија, претставувајќи ги Македонците како Бугари и предизвикувајќи револт кај Македонците во Албанија, наведува МАЕИ.

Во име на Македонците во Албанија, партијата ги повика албанските власти да преземат „решителна акција против оваа криминална мрежа која е поддржана од фондацијата ’Бугарска меморија’, што вклучува истрага за нивната улога во пописот и незаконското издавање потврди за бугарско потекло".

-Бараме и забрана за активностите и донациите од фондацијата „Бугарска меморија“ во областите каде што живее македонската заедница, претставувајќи ги како Бугари, бидејќи овие дела претставуваат грубо мешање во внатрешните работи на Албанија и поттикнуваат етничка нетрпеливост. Македонците во Албанија се лојални граѓани кои придонесуваат за земјата преку редовно плаќање на даноците. Ја повикуваме владата да инвестира во развојот на регионите во кои живеат Македонците. Овие области, меѓу најсиромашните во Албанија, се запоставени повеќе од 30 години, се посочува во дописот.

Се оценува дека инвестирањето во областите каде што живее македонската заедница е клучно за „подобрување на условите за живот и работа и спречување на нашите сограѓани да станат жртви на обидите за негирање и асимилација од надворешни сили“.

Дописот на МАЕИ беше упатен и до претседателот на Албанија Бајрам Бегај, до повеќе министерства, Народниот правобранител, Комисијата за борба против дискриминација, како и до меѓународните претставници во Тирана.

Претходно, претседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, доби неколку закани од Виктор Стојанов од фондацијата „Македонија”, а последната беше дека ќе го тужи Стерјовски во Јавното обвинителство во Тирана поради неговите ставови дека нема Бугари во Албанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриено зошто портпаролката на Трамп беше отпуштена по само пет дена

Закарија беше отпуштена од функцијата портпаролка на Белата куќа по само пет дена на работа.

Откриено зошто портпаролката на Трамп беше отпуштена по само пет дена

Кејти Закарија беше отпуштена од функцијата портпаролка на Белата куќа по само пет дена на работа, по критиките за нејзиното прво интервју со новинарите и прашањата за нејзиното прикажување како адвокат, иако не го положила правосудниот испит, објавува „CBS News“.

Службеник изјави за „CBS“ дека Закарија била невообичаено изолирана во текот на неделата и не ги извршувала своите должности како портпаролка на очекуваниот начин.

„Никој не мислеше дека ќе остане доволно долго за да биде вклучена во вистинското донесување одлуки“, рече помошник на Белата куќа.

Закарија, која беше избрана од американскиот претседател Доналд Трамп да ја замени Каролин Левит, се најде под оган по нејзиниот прв и единствен брифинг во Белата куќа во вторник, за време на кој таа читаше подготвени изјави околу десет минути, а потоа одговараше на прашања од новинари од три медиуми.

Прашањата за нејзините професионални квалификации привлекоа дополнително внимание.

Закарија дипломирала на Правниот факултет на Универзитетот Пепердин, но не го положила правосудниот испит во Калифорнија во 2011 година, тврдење што го изнела.

Таа ги негираше тврдењата дека се претставила како адвокат, велејќи дека никогаш не тврдела дека има лиценца за практикување адвокатура.

Според извори запознаени со дискусиите, се очекува Закарија наскоро да заземе друга позиција во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во петокот, Трамп за нејзината позиција рече дека ја советувал да размисли дали сака да продолжи како прес-секретар во Белата куќа.

„Тие беа толку груби кон неа“, рече Трамп, осврнувајќи се на медиумите, додавајќи дека ѝ рекол да ја преиспита својата одлука, со оглед на нејзиното семејство и притисокот под кој се наоѓаше.

Пократок мандат од Скарамучи

Закарија му се заблагодари на Трамп и ја изрази својата поддршка за американскиот претседател во објава на социјалните мрежи.

„Беше чест да работам за него“, напиша таа.

Белата куќа сè уште не објавила кој ќе ја наследи како прес-секретар во Белата куќа.

Нејзиното заминување потсетуваше на краткиот мандат на Ентони Скарамучи, кој помина само 11 дена како директор за комуникации во Белата куќа за време на првиот мандат на Трамп, потсетува американскиот телевизиски канал.

„Рекордите се тука за да се соборат, но јас не уживам во страдањето на другите“, напиша Скарамучи на социјалната мрежа „X“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ ги изненади сите со својот најмал „Xbox“ контролер

Полесен е од вашиот телефон, лесно се става во џеб и сè уште ги има сите копчиња што ви се потребни.

„Microsoft“ ги изненади сите со својот најмал „Xbox“ контролер

„Xbox“ го најави „Nano Controller“, најмалиот контролер што компанијата некогаш го направила. Дизајниран е за деца, гејмери ​​со помали раце и луѓе кои сакаат да играат игри надвор од дневната соба. „Nano“ е долг нешто повеќе од 12 сантиметри и тежи околу 99 грама.

И покрај својата големина, „Xbox“ не отстранил никакви контроли. Ги добивате сите 18 стандардни влезови, така што распоредот на копчињата се совпаѓа со „Xbox“ контролерот со кој веќе сте запознаени.

„Nano“ користи батерија што може да се полни, иако „Xbox“ не откри колку долго ќе трае едно полнење. Исто така, постои и програмабилно копче за акција што можете да го поставите да прави снимки на екранот, да снима игра или да стартува кратенка што често ја користите.

Се поврзува преку „Xbox Wireless“ и „Bluetooth“, така што можете да го користите со кој било компатибилен уред. „Xbox“ го позиционира и „Nano“ како контролер за целото семејство.

„Xbox Nano Controller“ е достапен за преднарачка за 50 долари. Испораката започнува во ноември во 36 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Канада, Јапонија и Австралија, а дополнителни пазари ќе бидат додадени подоцна. Цените ќе варираат во зависност од пазарот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границата

Американски шпионски авион денес кружел два часа над Естонија и Латвија, десет километри од нивната граница со Русија, по што се вратил во својата база во Романија, според податоците од летот од авионот.

Паника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границата

Според податоците пренесе РИА Новости, авионот полетал од меѓународниот аеродром „Михаил Когалничеану“ во Констанца, Романија, околу 9:42 часот наутро и прелетал над Унгарија, Словачка, Полска и три балтички земји, каде што неколку пати кружел во близина на нивните граници со Русија.

Авионот, за кој РИА Новости вели дека редовно се користи за летови околу регионот Калининград и над Црното Море, долж Крим и други јужни региони на Русија, се вратил во својата база во Романија денес околу 16:33 часот.

Руските власти изјавија дека во последните години се забележани досега невидени активности на НАТО долж западните граници на земјата и дека НАТО ги проширува своите иницијативи, нарекувајќи го тоа „одвраќање од руската агресија“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер