ЕкономијаФонд на ПИОМ: Исплатата на пензиите не е загрозена, тие ќе пристигаат секој први во месецот„Пензионерите треба да бидат спокојни, бидејќи Владата ја гарантира исплатата на пензиите и тука не треба да има никаков сомнеж или страв дека пензии нема да има.“Фондот на пензиското и инвалидското осигурување сака да ја извести јавноста дека исплатата на пензиите се одвива нормално и веќе на први декември 2025 пензионерите ќе ја добијат ноемвриската пензија, за што вкупно ќе се исплатат средства во висина од 9.297.493.427 денари (девет милијарди 297 милиони 493 илјади и 427 денари). - Пензионерите треба да бидат спокојни, бидејќи Владата ја гарантира исплатата на пензиите и тука не треба да има никаков сомнеж или страв дека пензии нема да има. Фондот на ПИОМ во координација со Владата исплатата ја врши секој први во месецот и истото ќе продолжи да го прави и во 2026 година, порачуваат од Фондот. Информираат дека за наредната 2026 година Владата на Република Македонија во Буџетот ќе обезбеди речиси 151 милјарда денари за исплата на покачените пензии, здравственото осигурување на пензионерите и транзициските трошоци за трите пензиски друштва од вториот столб. -Фондот на ПИОМ ја информира јавноста дека од 1 октомври 2024 година до 1 октомври 2025 година, кога се исплатени септемвриските пензии за 2024 и за 2025 година, номинално се покачени за 6000 денари. Процентуално покачувањето, со исплатата на септемвриската пензија 2025 година, изнесува околу 29 проценти во однос на сумата исплатена за августовската пензија во 2024 година, се вели во соопштението од Фондот на ПИОМ. Како илустрација да напоменуваат дека на 1 септември 2024 година за августовската пензија се исплатени 7.210.341.000 денари (седум милјарди 210 милиони 341 илајда денари), а со покачувањето од 2.500 денари на 1 октомври 2024 година исплатата изнесувала 8.166.689.000 денари (осум милијарди 166 милиони и 689 илјади денари). На 1 октомври 2025 година со второто покачување од 2500 денари за мартовската пензија во 2025 година и линеарното усогласување од 1000 денари на септемвриската пензија во оваа година, исплатата достигнува 9.403,340,000 денари (девет милијарди 403 милиони 340 илјади денари). Фондот на ПИОМ, исто така, информира дека вкупните средства за исплата на пензиите со усогласувањата, во 2026 година ќе бидат повисоки за 30 милијарди денари, односно за околу 500 милиони евра. -Сите овие покачувања и усогласувања на пензиите се во насока на подобрување на животниот стандард на пензионерите и намалување на влијанието на инфлацијата врз истиот. Според официјалните податоци од државните институции инфлацијата во 2024 година изнесуваше 3,5 проценти на годишно ниво, а за оваа година се очекува да биде 3,9 проценти. Од изнесените податоци се гледа дека процентот на зголемувањето на пензиите од септември 2024 година до септември 2025 година е многу поголем од инфлацијата со која се соочуваме, се вели во соопштението од Фондот. Од Фондот потенцираат дека во изминатите 30 години пензиите никогаш не биле зголемени за толкав процент во период од една година, што, како што велат, е само уште една потврда дека Владата води грижа за подобрување на стандардот на пензионерите.Тагови: ПИОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 НоемвриНа денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна . Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“. На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот. Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање. Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20