МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици
2МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици
БалканФон дер Лајен за БИХ: Отворање на пристапните преговори по исполнување на критериумитеНа БиХ и препорачуваме отворање на пристапните преговори откако ќе се исполнат одредени критериуми. Широко ја отвораме вратата и ја покануваме БиХ да помине низ таа врата.Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска на прес-конференција во Брисел посочи дека на Босна и Херцеговина и се отвора патот за преговори за пристапување во Европската унија, тогаш кога ќе бидат исполнети бараните услови. Таа додаде дека за отворање на вратата за БИХ мора да се преземат конкретни чекори. „На БиХ и препорачуваме отворање на пристапните преговори откако ќе се исполнат одредени критериуми. Широко ја отвораме вратата и ја покануваме БиХ да помине низ таа врата. За да се направи тоа, БиХ мора да покаже резултати и да направи чекор кон напредок за да ги продолжиме преговорите со БиХ за влез во ЕУ, изјави Фон дер Лајен. Таа вели дека се препознаени чекорите што се преземени во БиХ, од брзото формирање на Советот на министри на БиХ, како и посветеноста на целта за прием во Европската унија. „Истрајноста на политичките субјекти вроди со плод. Ја гледаме борбата која се води против организираниот криминал, перењето пари и тероризмот, но исто така со загриженост гледаме „противуставни мерки од страна на претставниците на Република Српска“. Затоа БиХ ќе мора да усогласи одредени принципи, а за датумот за напредокот Европската комисија ќе информира во март 2024 година“, рече Фон дер Лајен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИталијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратонИталијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа. Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран. На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот. Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории Тагови: Охридски пливачки маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат.Секое од возилата во себе носи приказна, со едно се превезувале мигранти и било дел од филмска брканица, со друго се краделе дрва, некои се и поради безобѕирно возење, а за она што се случувало со дел од нив, најголем сведок и денеска остануваат дупките од куршуми. Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат далеку од очите на службениците и граѓаните на кои им пречеа секојдневно. -Ова возило кое било дел од огнена пресметка во ПС Арачиново било околу половина година, а во моментов ќе се транспортира во посебно место во Орман, кое што е дел од МВР Кога екипата на Канал 5 пристигна во полициската станица во Арачиново, акцијата веќе беше во тек. Четири шлеп – возила на МВР ги товареа возилата едно по едно, извлекувајќи ги од обраснатата трева. Поголемиот дел од нив беа полни со оси, отежнувајќи им ја работата на службениците. Најпоразителен беше изгледот на ПС во Автокоманда, кој со толку возила на поприлично широкиот двор, наликуваше на отпад за автомобили. Дел од нив, немајќи каде, беа паркирани и надвор од оградата – па оваа полициска станица, а граѓаните во околината конечно „продишија“. -Полициската станица во Автокоманда повторно си го доби назад својот простор, ова место кое беше пренатрупано со автомобили и изгледаше како отпад за автомобили, веќе целото е испразнето, а автомобилите се однесени на друго посебно место.. Полициските станици и граѓаните, наместо ѓубришта, мора да добијат пристоен простор, порача министерот Панче Тошковски, кој најави чистка набргу во секоја станица во земјава. -Полициските станици беа малтене ѓубришта. Грда слика беше она кое го имавме до вчера, сите станици беа пренатрупани со возила,сега се исчистени и функционални. Сметам дека една ваква акција требаше многу порано да биде направена, но за жал еден децениски проблем кој бил присутен во рамките на сите станици, го расчистивме Скопје првично, продолжуваме понатаму со останатите СВР, ќе бидат расчистени сите полициски станици кои ги имаме во Македонија со цел да имаме еден репрезентативен објект којшто ќе биде и те како пофункционален - Панче Тошковски: Министер за внатрешни работи Возилата веќе месец и половина и секојдневно се отстрануваат од своите долгогодишни „паркинзи“. Од почетокот на јули, службите на МВР отстраниле 400тини возила и 150 мотоцикли. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтевен е под контрола пожарот што им се закануваше на струмичките села Водоча и БаницаГолемиот пожар што избувна денеска напладне меѓу струмичките села Баница и Водоча, во непосредна близина на Струмица, е ставен под контрола.Племенот стигнал и до првите куќи од градот, но со помош и на пожарникари од соседните места, бил навреме стопиран. За последните информации на терен пред малку информираа директорот на ДЗС Стојанче Анеглов и градоначлникот на струмица Петар Јанков. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter