Фон дер Лајен: Во интерес на Косово е да го усвои нацрт статутот на ЗСО - Канал 5

Фон дер Лајен: Во интерес на Косово е да го усвои нацрт статутот на ЗСО

Претседателката на ЕК ова го изјави по претставувањето на извештајот за проширувањето на прашање на албански новинар што станува со барањето на Косово за пристапување во ЕУ.

Фон дер Лајен: Во интерес на Косово е да го усвои нацрт статутот на ЗСО

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека во интерес на Косово е да го спроведе нацрт статутот на Заедницата на српски општини (ЗСО) и да тоа би бил голем исчекор, додека еврокомесарот Оливер Вархеји истакна дека Косово мора да ги удвои своите напори за да успее дијалгот со Србија, јави дописникот н МИА од Белград.

Претседателката на ЕК ова го изјави по претставувањето на извештајот за проширувањето на прашање на албански новинар што станува со барањето на Косово за пристапување во ЕУ.

- За Косово е важно да постои јасна цел за зачленување и тоа да биде јасно што очекуваме од Косово, а тоа е спроведување на нацрт статутот на ЗСО. Тоа би бил голем исчекор и тоа е во интерес на Косово. Ако ги погледнеме Косово и Србија, важно е на секоја земја да и дадеме можност да се приближи кон ЕУ. Поттикот е многу позитивен и прашање е што вие направивте за да се приближите до ЕУ, истакна таа.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји наведе дека постои барање на Косово да се придружи во ЕУ и дека ова барање е во Европскиот совет.

- Советот сè уште не побарал мислење од ЕК. Подготвени сме да го дадеме. Нашиот впечаток е дека кога станува збор за Косово, европскиот пат се постигнува преку дијалог. Косово мора да ги удвои своите напори за дијалогот да биде успешен, рече Вархеји.

Во Планот за раст на Западен Балкан, кој денеска беше претставен во Брисел, се наведува дека Европската комисија цврсто верува дека проширувањето останува клучна политика на Европската унија, а особено дека полноправното членство на Западниот Балканот во ЕУ е од политички, безбедносни и економски интереси на Унијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа.

Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран.

На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот.

Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици

Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат.

МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици

Секое од возилата во себе носи приказна, со едно се превезувале мигранти и било дел од филмска брканица, со друго се краделе дрва, некои се и поради безобѕирно возење, а за она што се случувало со дел од нив, најголем сведок и денеска остануваат дупките од куршуми.

Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат далеку од очите на службениците и граѓаните на кои им пречеа секојдневно.

-Ова возило кое било дел од огнена пресметка во ПС Арачиново било околу половина година, а во моментов ќе се транспортира во посебно место во Орман, кое што е дел од МВР

Кога екипата на Канал 5 пристигна во полициската станица во Арачиново, акцијата веќе беше во тек. Четири шлеп – возила на МВР ги товареа возилата едно по едно, извлекувајќи ги од обраснатата трева. Поголемиот дел од нив беа полни со оси, отежнувајќи им ја работата на службениците.

Најпоразителен беше изгледот на ПС во Автокоманда, кој со толку возила на поприлично широкиот двор, наликуваше на отпад за автомобили. Дел од нив, немајќи каде, беа паркирани и надвор од оградата – па оваа полициска станица, а граѓаните во околината конечно „продишија“.

-Полициската станица во Автокоманда повторно си го доби назад својот простор, ова место кое беше пренатрупано со автомобили и изгледаше како отпад за автомобили, веќе целото е испразнето, а автомобилите се однесени на друго посебно место..

Полициските станици и граѓаните, наместо ѓубришта, мора да добијат пристоен простор, порача министерот Панче Тошковски, кој најави чистка набргу во секоја станица во земјава.

-Полициските станици беа малтене ѓубришта. Грда слика беше она кое го имавме до вчера, сите станици беа пренатрупани со возила,сега се исчистени и функционални. Сметам дека една ваква акција требаше многу порано да биде направена, но за жал еден децениски проблем кој бил присутен во рамките на сите станици, го расчистивме Скопје првично, продолжуваме понатаму со останатите СВР, ќе бидат расчистени сите полициски станици кои ги имаме во Македонија со цел да имаме еден репрезентативен објект којшто ќе биде и те како пофункционален - Панче Тошковски: Министер за внатрешни работи

Возилата веќе месец и половина и секојдневно се отстрануваат од своите долгогодишни „паркинзи“. Од почетокот на јули, службите на МВР отстраниле 400тини возила и 150 мотоцикли.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стевен е под контрола пожарот што им се закануваше на струмичките села Водоча и Баница

Големиот пожар што избувна денеска напладне меѓу струмичките села Баница и Водоча, во непосредна близина на Струмица, е ставен под контрола.

Стевен е под контрола пожарот што им се закануваше на струмичките села Водоча и Баница

Племенот стигнал и до првите куќи од градот, но со помош и на пожарникари од соседните места, бил навреме стопиран. За последните информации на терен пред малку информираа директорот на ДЗС Стојанче Анеглов и градоначлникот на струмица Петар Јанков.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер