Фон дер Лајен во Австралија за трговски договор - Канал 5

Фон дер Лајен во Австралија за трговски договор

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пристигна денеска во Австралија, со надеж дека ќе постигне договор за слободна трговија по години преговори.

Фон дер Лајен во Австралија за трговски договор

Ова е прво нејзино патување во Австралија откако ја презеде функцијата, а доаѓа во време кога блокот и нацијата зависна од увоз се соочуваат со обновени енергетски ранливости предизвикани од војната на Блискиот Исток.

Таа пристигна во Сиднеј денеска на состанок со шефот на државата на Австралија, генералниот гувернер.

Од Сиднеј, таа ќе се упати кон Канбера, каде што ќе се сретне со премиерот Ентони Албанезе и ќе се обрати пред Парламентот.

Фон дер Лајен е придружувана од комесарот за трговија на ЕУ, Марош Шефчовиќ, што ги поттикнува шпекулациите дека двете страни конечно би можеле да го потпишат долгоочекуваниот договор за слободна трговија.

Двете страни сè уште преговараат за деталите од договорот, а полесниот пристап до европскиот пазар за австралиско јагнешко и говедско месо е клучен извор на несогласување.

Австралија претходно изјави дека би можела да го укине данокот на луксузни автомобили за европските возила во замена за поголем пристап до земјоделскиот пазар на ЕУ.

Употребата на географски ознаки за сирење и вински производи е исто така точка на спор.

Најголемиот извозен пазар на Австралија е Кина, а САД се нејзин најголем извор на инвестиции.

Но, Канбера ги удвои напорите за диверзификација на извозните пазари за земјоделците откако спорот со Пекинг во 2020 година доведе до неколкугодишни блокади на земјоделскиот извоз, а потоа и до глобално воведување на трговски тарифи од САД минатата година.

Европската унија е трет по големина трговски партнер на Австралија и втор по големина извор на странски инвестиции.

Министерот за трговија Дон Фарел минатата недела изјави дека договорот со ЕУ би додал 10 милијарди австралиски долари во трговијата на Австралија во првата година.

„Тие се потенцијално наш втор по големина трговски партнер ако можеме да го постигнеме тоа, и само треба да ги надминеме тие последни неколку пречки“, изјави тој за „Скај Њуз Австралија“.

Војната на Блискиот Исток, која ги зголеми цените на нафтата, исто така веројатно ќе биде во фокусот на состаноците.

Фон дер Лајен овој месец изјави дека конфликтот послужил како „остар потсетник“ за ранливоста на континентот.

Австралија, која во голема мера зависи од увезено гориво, исто така го почувствува товарот на глобалната енергетска криза.

Иако призна дека на некои бензински пумпи им снемало гориво, министерот за енергетика Крис Бовен денеска изјави дека земјата е „далеку од рационирање“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германски министер: AfD не смее да добие пристап до доверливи информации

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус сака да ја спречи крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) да добие пристап до класифицирани информации доколку тој влезе во владата. 

Германски министер: AfD не смее да добие пристап до доверливи информации

Писториус ги наведе блиските врски на партијата со Русија како причина. Во неделното издание на весникот „Билд“ со голем тираж, тој рече дека блискоста на партијата со рускиот претседател Владимир Путин е неоспорна. Чувствителните информации не смеат да паднат во погрешни раце, рече Писториус.

„Длабоко разгледуваме кого можеме да овластиме да има пристап до класифицирани информации. Веќе го правиме тоа. Имаме обврска да го сториме тоа бидејќи се однесува на безбедноста на нашата земја.“

AfD, најголемата опозициска партија во Германија, е под истрага на домашните разузнавачки агенции во некои федерални покраини поради нејзините екстремистички антиимигрантски ставови. Сите големи партии во Германија одбиваат да соработуваат со AfD, политика позната како „заштитен ѕид“.

Канцеларот Фридрих Мерц постојано ја отфрла соработката со партијата. AfD се надева дека ќе освои апсолутно мнозинство на регионалните избори во септември во федералните покраини Саксонија-Анхалт и Мекленбург-Западна Померанија, што би можело да ѝ овозможи за прв пат да управува со германска федерална покраина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златан Ибрахимовиќ по натпреварот меѓу Франција и Парагвај: „Да играв јас, ќе добиев четири или пет црвени картони“

По грубио и тензичен натпревар во кој Франција славеше минимален триумф над Парагвај од 1-0 и  се пласираше во четвртфиналето, со коментар се јави легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ по натпреварот меѓу Франција и Парагвај: „Да играв јас, ќе добиев четири или пет црвени картони“

Франција обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство со тесна победа од 1–0 над Парагвај.Сепак, натпреварот во Филаделфија беше засетен од исклучително грубата и агресивна игра на парагвајските фудбалери, кои во неколку наврати ги провоцираа и физички ги напаѓаа француските ѕвезди.

По грубио и тензичен натпревар во кој Франција славеше минимален триумф над Парагвај од 1-0 и се пласираше во четвртфиналето, со коментар се јави легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ, коментирајќи во својот препознатлив стил за настаните на теренот и однесувањето на екипата на Дидие Дешан.

„Да играв вечерва, ќе добиев четири или пет црвени картони. Франција покажа неверојатна смиреност; тие останаа опуштени и само им се насмевнуваа на противниците. Тоа е всушност најдобриот можен начин да се одговори - насмевнете се и не се вовлекувајте во нивните валкани игри“, рече харизматичниот Ибрахимовиќ, во изјава што веднаш стана вирална на социјалните медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Блејк Лајвли бесна поради тоа што не била поканета на свадбата на Тејлор Свифт

Немало место за нејзината поранешна пријателка.

Блејк Лајвли бесна поради тоа што не била поканета на свадбата на Тејлор Свифт

Блејк Лајвли е очајна поради тоа што не се нашла на списокот на гости на свадбата на нејзината екс најдобра другарка Тејлор Свифт.

Незадоволството и болката на Блејк Лајвли излегуваат на виделина откако таа не беше на списокот на гости за свадбата на нејзината некогаш многу блиска пријателка Тејлор Свифт.

Двете познати дами некогаш беа толку блиски и неразделни , дури Блејк ја избра Тејлор за кума на нејзините три ќерки, кои ги има со сопругот Рајан Рејнолдс.

Сепак, тоа навидум нераскинливо пријателство се распадна откако Тејлор беше непријатно вмешана во правен спор помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони. Извор за Дејли Меил изјави дека Лајвли е бесна и повредена.

„Блејк е тажна и малку лута. Всушност, таа е многу лута. Тоа пријателство и онака веќе беше завршено, но ако постоеше каква било надеж за помирување, таа сега е изгубена. Тие никогаш повеќе нема да бидат пријателки“, изјави добро упатен извор.

Истиот извор наведува дека ѕвездата на серијата „Озборувачка“ (Gossip Girl) силно сакала да присуствува на свадбата. „Се чувствуваш лошо кога те исклучуваат на таков начин. Таа тајно се надеваше дека, и покрај сè, нивното заедничко минато е доволно за да добие покана, но работите не се одвиваа така“, објасни изворот.

Дури и Карли Клос, за која долго време се ширеа гласини дека е во затегнати односи со Тејлор, доби покана за свадбата заедно со својот сопруг. Сепак, тоа не успеа да го стори Блејк Лајвли, која ден пред самата свадба беше забележана на стотици милји далеку од Њујорк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер