СветФон дер Лајен треба да го претстави новиот состав на Еврокомисијата Фон дер Лајен треба да го презентира предлог-составот на новиот Колеџ на комесари и распределбата на ресорите со кои тие ќе раководат. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Стразбур на средба зад затворени врати со членовите на Конференција на претседатели на Европскиот парламент, што ја сочинуваат претседателката на ЕП, Роберта Мецола и првите луѓе на пратеничките групи, треба да го презентира предлог-составот на новиот Колеџ на комесари и распределбата на ресорите со кои тие ќе раководат. Според првичниот план, ова средба требаше да се одржи минатата недела, на 11 септември, но таа на барање на Фон дер Лајен беше презакажана за денеска, со цел да и се даде време на Словенија да ја заврши процедурата околу номинацијата на новопредложената словенечка кандидатка за еврокомесарка Марта Кос. Словенија првично за еврокомесар го предложи поранешниот претседател на словенечкиот Суд на ревизори, Томаж Весел, но тој на почетокот на месецов ја повлече својата кандидатура. Повлекувањето на Весел уследи по информациите дека Фон дер Лајен побарала од некои земји членки, меѓу кои и Словенија, да ги заменат своите предложени кандидати мажи со жени, со цел да се постигне колку што е можно поголема родова еднаквост во новото извршно тело на ЕУ. Претходно и Романија го замени својот кандидат за еврокомесар со кандидатка. По повлекувањето на Весел, словенечкиот премиер Роберт Голоб за еврокомесарка ја предложи поранешната амбасадорка на Словенија во Германија и Швајцарија, Кос. Согласно внатрешните процедури номинацијата на Кос треба да ја одобри Комитетот за европски прашања на словенечкиот Парламент, а без ова одобрување Љубљана не може формално да го достави официјалниот предлог за еврокомесар до Брисел. Според Деловникот на словенечкиот Парламент, ова одобрување од страна на Комитетот треба да се одржи најдоцна до 24 септември, па неговиот претседател, кој доаѓа од редовите на опозицијата, најави дека нема да закаже седница пред овој датум. Во вакви услови заменичката главна портпаролка на Еврокомисијата, Аријана Подеста вчера потврди дека Фон дер Лајен останува на планот денеска да ја презентира новата Еврокомисија пред ЕП без формалната номинација на Кос. Сепак, Подеста остави простор за можна промена на овој план, посочувајќи дека „24 часа се многу време во политиката“ и можни се промени. Инаку, во слична ситуација да го претставува составот на Европската комисија без еден кандидат, Фон дер Лајен се најде и во 2019 година кога тогашниот британски премиер Борис Џонсон, во пресрет на Брегзит, одби да номинира кандидат за еврокомесар од неговата земја. Сепак, и покрај официјалното предлагање на составот на ЕК од страна на Фон дер Лајен, Европскиот парламент нема формално да ја започне постапката за сослушување и одобрување на новите еврокомесари се додека не ги добие официјалните номинации на сите кандидати, вклучително и на Кос. По поединечното одобрување на секој од предложените комесарите од страна на ресорните комитети на Европскиот парламент, европратениците треба да гласаат на пленарно заседание за избор на Еврокомисијата. Со одолговлекувањето на процедурата во Словенија, ЕП се доведува во временски цајтнот да ја заврши целата постапка за избор најдоцна до средината на октомври, како што е планирано. Во пресрет на денешната презентација на новата Европска комисија дојде до промена во нејзиниот предлог-состав по вчерашната оставка на европскиот комесар за внатрешен пазар и француски кандидат за еврокомесар, Тиери Бретон, кој ја обвини Фон дер Лајен дека „го саботира“ и дека „создава неред“ за време на транзицијата кон новите институции на ЕУ, како и дека последните случување се „дополнително сведоштво за сомнителното раководење“ од нејзина страна. Тој во оставката тврди и дека Фон дер Лајен и понудила на Франција „повлијателен ресор“ во новата Еврокомисија, доколку Париз предложи друг кандидат место него. ЕК одби да ги коментира ваквите тврдења, повикувајќи се на принципот на доверливост во интерната комуникација. Неизвесноста околу отсуството на француски предлог-еврокомесар ја отстрани претседателот на Франција, Емануел Макрон во рок од неколку часа по оставката на Бретон, кој на негово место го предложи својот близок соработник и генерален секретар на неговата либерална партија Ренесанса, актуелниот министер за надворешни и европски прашања Стефан Сежурне. Според најавите, Сежурне ќе добие „влијателен“ ресор што ќе ги покрива економските прашања, монетарната политика, финансиските услуги и пазарите на капитал. Кандидати за еврокомесари: - Австрија: Магнус Брунер, министер за финансии; - Белгија: Хаџа Лабиб, шефица на дипломатијата; - Бугарија: Екатерина Захариева, поранешна министерка и актуелна пратеничка во бугарското Собрание; - Грција: Апостолос Цицикостас, гувернер на грчкиот регион Централна Македонија и поранешен претседател на Европскиот комитет на регионите; - Данска: Дан Јоргенсен, министер за развојна соработка и глобална климатска политика; - Ирска: Мајкл Мекграт, министер за финансии; - Италија: Рафаеле Фито, министер за европски прашања и кохезивна политика; - Кипар: Костас Кадис, поранешен министер за земјоделство, за образование и за култура; - Летонија: Валдис Домбровскис, еврокомесар за трговија; - Литванија: Андриус Кубилиус, европратеник и поранешен премиер; - Луксембург: Кристоф Хансен, европратеник - Малта: Роберт Абела, шеф на Кабинетот на малтешкиот премиер Глен Микалеф; - Полска: Пјотр Серафин, постојан полски претставник во ЕУ; - Португалија: Марија Луис Албакерки, поранешна министерка за финансии; - Романија: Роксана Манзату, европратеничка и поранешна министерка за европските фондови; - Словачка: Марош Шефчович, потпретседател на Европската комисија за зелениот договор и за меѓуинституционални односи; - Словенија: Марта Кос, поранешната амбасадорка во Германија и Швајцарија; - Унгарија: Оливер Вархеји, комесар за проширување и соседска политика; - Финска: Хена Виркунен, поранешна европратеничка и екс-министерка за образование, за јавна администрација и за транспорт; - Франција: Стефан Сежурне, министер за надворешни и европски прашања; - Холандија: Вопке Хукстра, еврокомесар за климатска акција; - Хрватска: Дубравка Шуица, еврокомесарка за демократија и демографија; - Чешка: Јозеф Сикела, министер за индустрија и трговија; - Шведска: Јесика Розвол, министерка за европски прашања и нордиска соработка; и - Шпанија: Тереза Рибера, министерка за еколошка транзиција. Германија и Естонија оваа година не номинираа кандидати за еврокомесари, бидејќи германското место го зазема претседателката на ЕК, Фон дер Лајен, а естонското поранешната премиерка и европратеничка Каја Калас, која Советот на ЕУ во јуни ја предложи за висока претставничка за надворешна политика и безбедност./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
СветДиректно предупредување: Америка ја чека брутален одговор„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.Ниту една американска агресија против Иран не смее да остане без одговор, предупреди денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, наведувајќи дека Техеран се потпира на сопствените способности и не се надева на помош од другата страна. Багеи на прес-конференција рече дека користењето на дипломатски канали не треба да се толкува како Иран да ги полага своите надежи во која било друга земја, објави Тасним. „Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи. Тој рече дека Иран не е загрижен за внатрешните спорови меѓу американските претставници, но оцени дека Вашингтон „ја лишил дипломатијата од нејзиното значење“. Тој нагласи дека дипломатијата треба да служи како средство за спречување на тензиите, додека, како што изјави, САД ја користеле како „алатка за поставување заседи и извршување изненадувачки напади“. „Светот со сомнеж гледа кон американските дипломатски тврдења“, рече Багеи, истакнувајќи дека Иран, со оглед на неговото негативно искуство во соработката со Вашингтон, е особено должен да ги земе предвид минатите настани. Зборувајќи за прекините во летовите кон САД, Багеи рече дека американската влада треба да модернизира застарена опрема и инфраструктура, наместо да троши пари за купување оружје и „убивање луѓе во Иран“.Тагови: Америка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол. Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветУкраински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во РусијаУкраина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат. 🇷🇺🎯🇺🇦 Украински дронове удариха през нощта „Нижнекамскнефтехим“ в Република Татарстан – един от най-големите нефтохимически комплекси в Руската федерация, собственост на холдинга СИБУР, и предизвикаха голям пожар в индустриалната зона на Нижнекамск. Кметът Радмир Беляев потвърди поражения по обекти в промишлената зона и в жилищен блок, без да назове предприятията, а трима души са ранени. Градът е на 1100–1200 км по права линия от украинската граница. Режимът на опасност от дронове беше въведен в целия Татарстан в 3:10 ч. московско време, а малко преди 4 ч. и конкретно за Нижнекамск и още 7 града. В 5:16 ч. Беляев обяви в Telegram: „Скъпи нижнекамци, моля ви да останете в укритията и да спазвате мерките за безопасност! В момента работи ПВО.“ Според данни на „АиФ Казань“ режимът е отменен в 8:20 ч. Министерството на отбраната обяви 533 свалени дрона в цялата страна през изминалата нощ и посочи Татарстан сред регионите, без отделно число за него. В 8:31 ч. кметът описа атаката като „масирана и продължителна“. По думите му щети са получили „обекти от промишлената зона“ и многоетажен жилищен блок, чиито обитатели са евакуирани, а „благодарение на бързата и добре координирана евакуация“ са избегнати човешки жертви. Министърът на здравеопазването на Република Татарстан Алмир Абашев съобщи за 3-ма ранени със средна тежест, предаде „Медиазона“. За евакуираните са открити два пункта за временно настаняване, а „Татенерго“ спря топлата вода в града до 20 ч. Около 7 ч. на гара Биклян в Нижнекамск се запали цистерна с етилбензол от отделно стоящ товарен влак, след като върху нея паднаха отломки от дрон. Куйбишевската железница обяви, че няма пострадали, като пожарът е потушен, а движението на влаковете е възстановено. Жителите описваха нощта в градските чатове в Telegram. Малко след 5 ч. започнаха съобщенията за много дронове над заводите и за поредица от експлозии, а около 6 ч. – за пожар и за линейки и пожарни, които се отправят към промишлената зона. Модератори изтриха видеата, а в един от водещите чатове напомниха, че снимането и публикуването на кадри от прелитане, сваляне или попадения на дронове е забранено. Украински мониторинг канали започнаха да споделят кадри от пожара в 5:46 ч. Нито руските власти, нито СИБУР назоваха засегнатото предприятие. Telegram каналът Exilenova+ спомена „Нижнекамскнефтехим“ като вероятния обект още в първата си публикация, а до същия извод след анализ на кадрите стигна и независимото руско издание ASTRA. Украинският канал Falconins сподели координати на зоната на поражение, които според OpenStreetMap попадат в площадката на комплекса. „Медиазона“ потвърди пожара по индикациите за топлинни аномалии в сателитната система за мониторинг на пожари (FIRMS) на NASA. Анализ на кадри, публикувани от Exilenova+, допуска, че под обстрел са били етиленовите мощности, без независимо потвърждение. Комплексът продължава да гори към 13:00 ч. Генералният щаб на Въоръжените сили на Украйна (ВСУ) не е обявявал удар по Нижнекамск. „Нижнекамскнефтехим“ е най-голямата производствена площадка за синтетичен каучук на СИБУР, водещата нефтохим компания в Русия. През 2025 г. комплексът е произвел 3 млн. тона стокова продукция, с 15% повече от 2024 г., според „Татар-информ“. По данни на СИБУР изопреновият каучук от Нижнекамск заема 42% от световния пазар. Заводът произвежда и бутилов, халобутилов и бутадиенов каучук, полимери, етилен, пропилен и бензол. Етиленовият комплекс ЭП-600 в Нижнекамск е достроен през декември 2024 г. и може да произвежда до 600 хил. тона етилен годишно, както и над 270 хил. тона пропилен и 245 хил. тона бензол. Така мощностите за етилен на предприятието се удвоиха, писа „Коммерсант“. От него по-нататък се произвеждат пластмаси на „Нижнекамскнефтехим“ и на съседния „Казаньоргсинтез“. Промишлената зона на Нижнекамск, където се намират още рафинериите ТАНЕКО на „Татнефт“ и ТАИФ-НК, беше нападана многократно през 2026 г. В атаката на 10 август загинаха 13 души, а руската служба на BBC я определи като един от най-смъртоносните удари в Русия от началото на войната по броя загинали. Тогава ASTRA също посочи като вероятна цел „Нижнекамскнефтехим“. На 13 септември генщабът обяви попадение по ТАНЕКО и пожар в един от резервоарите ѝ. Нижнекамск беше атакуван 4 дни след като Силите за специални операции (ССО) на Украйна обявиха трети удар по рафинерията на „Газпром нефт“ в Омск на 11 ноември. Това е най-големия завод за производство на нефт в Руската федерация, с годишен капацитет от над 21 млн. тона суров петрол, разположен на 2500 км по права линия от границите на Украйна. Губернаторът на Омска област Виталий Хоценко съобщи само за отломки от дронове. За разлика от рафинериите, които бяха ударени в последните няколко седмици, основната продукция на „Нижнекамскнефтехим“ не е гориво, а каучуците и пластмасите, използвани от шинната и химическата промишленост. По данни на СИБУР от продукцията на холдинга се прави всяка седма гума в Русия. Колко от тази верига е засегнал пожарът, ще покаже едва оценката на щетите: към обяд на 15 ноември властите говорят само за поражения по „обекти от промишлената зона“. 📰 Пълният анализ можете да откриете в моя блог: https://t.co/FhTejAmkYS — Frontline Monitor (@FrontlineMntr) November 15, 2026 Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55