ЕвропаФон дер Лајен: Со замрзнатите руски средства можеме да направиме вистински пресврт за Украина и за ЕвропаФон дер Лајен истакна дека овонеделниот Самит на ЕУ претставува соочување со актуелната реалноста во еден свет на војни и предатори, што стана „опасен и трансакциски“.Нема поважен чин за европската одбрана од поддршката на Украина, за што клучни ќе бидат следните денови, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент посветена на утрешниот Самит на ЕУ во Брисел, на кој главна тема ќе биде планот за т.н. заем за репарации за финансирање на Киев. - Од нас зависи како ќе ја финансираме борбата на Украина. Ја знаеме итноста. Таа е акутна. Сите ја чувствуваме. Сите ја гледаме. Како што се засилуваат мировните преговори, така се засилува и интензитетот на руските напади. Но, Русија не ја има на нишан само Украина. Таа ги зголемува своите операции на територијата на ЕУ и се префрли на целосна воена економија. Ова е директна закана за националната и економската безбедност на Европа, рече Фон дер Лајен. Од тие причини, таа нагласи дека предложила две опции за обезбедување на овие средства за поддршка на Украина – со користење на замрзнатите руски средства во ЕУ и преку дополнително задолжување на Унијата. - Минатата недела се согласивме за замрзнување на руските средства на неопределено време. Ова е клучен чекор што испраќа силна политичка порака. Тоа значи дека руските средства ќе останат замрзнати сè додека не одлучиме поинаку, сè додека Русија не ја запре војната и соодветно не ја компензира Украина за сите направени штети. Со средствата замрзнати на неодредено време, можеме да го претвориме ова во вистински пресврт за Украина и за Европа, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека тука воедно станува збор и за зголемување на руските трошоци за војната. Според Фон дер Лајен, проценките на ЕУ покажуваат дека потребите на Украина се нешто над 137 милијарди евра годишно за 2026 и 2027 година, а Европа треба да покрие две третини од тоа. - Не станува збор само за бројки, туку и за зајакнување на способноста на Украина да обезбеди вистински мир. Мир кој е праведен, траен, кој ги штити и Украина и Европа, рече претседателката на ЕК. Фон дер Лајен истакна дека овонеделниот Самит на ЕУ претставува соочување со актуелната реалноста во еден свет на војни и предатори, што стана „опасен и трансакциски“. - Реалноста на овој свет значи дека ние, Европејците, мора да се одбраниме и мора да се потпреме на себе. Ние, Европејците, не можеме да дозволиме да нè дефинираат погледите на светот на другите. Никој од нас не треба да биде шокиран од она што другите го велат за Европа, рече Фон дер Лајен. Таа се осврна и на оценките во американската Стратегија за национална безбедност дека уделот на ЕУ во глобалниот БДП се намалил од 25 отсто во 1990 година на сегашните 14 проценти, посочувајќи дека во истиот период се бележи и пад на уделот на САД од 22 на 14 отсто, што во голема мера се должи на растот на кинескиот удел од четири на 20 проценти. - Таа е симптом на реалноста на денешниот свет. Затоа, нашата задача на Самитот оваа недела е да покажеме дека сме фокусирани на нашите стратешки интереси и наши приоритети. Сакам да го повторам она што го кажав токму на ова место за време на моето обраќање за состојбата на Унијата: Ова е моментот на независноста на Европа, додаде Фон дер Лајен. Според неа, на почетокот многумина биле скептични кон користењето на терминот „независност“, но ЕУ покажала дека може го направи невозможното можно во повеќе сектори, од одбраната, до енергијата и е подготвена да направи и повеќе. - Мора да одиме понатаму и мора да се движиме брзо. Без разлика дали станува збор за нашата безбедност, нашата економија, нашата демократија. А тоа е особено важно кога станува збор за одбраната и безбедноста. Суштината е едноставна – Европа мора да биде одговорна за сопствената безбедност. Ова повеќе не е опција. Тоа е задолжително, истакна претседателката на Еврокомисијата. Фон дер Лајен додаде дека во денешниот свет независноста е толку важна затоа што е поврзана со слободата на одлучување за себе, дејствување според сопствената желба, следење на сопствени интереси и партнерства. - Слобода да гласаме за кого сакаме без да бидеме притиснати или подложени на манипулативни информации. Слобода да избереме различност, демократија. Но, пред сè, станува збор за слободата да живееме онака како што сакаме – на европски начин. Нашите култури и традиции се толку различни и толку суштински за нашиот начин на живот. Ова е она што нè поврзува. И кога сме обединети, ние сме незапирливи. И јас сум длабоко горда на тоа. Нашите разлики не нè разделуваат. Ги славиме нашите култури. Тие нè поврзуваат како Европејци. А гордоста што ја имаме во Европа е она што нè поврзува. Затоа, додека гледаме кон иднината, ве охрабрувам да бидете сигурни во она што можеме да го постигнеме во нашата потрага да бидеме силна, независна Европа, заклучи Фон дер Лајен во обраќањето. Тагови: Фон дер Лајен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветМечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месецСпоред анализата на „CNN“ на извештаите од руските медиуми, само во септември најмалку 16 лица загинале во напади од мечки низ Русија.Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека во земјата годишно вообичаено се регистрираат меѓу 20 и 30 напади од мечки врз луѓе. Оваа година, мечките навлегле во населени места во повеќе од 40 руски региони. С конца августа в России медведи терроризируют села и города. Их замечают в Сибири и других частях России, даже около Петербурга. Хищники едят собак и скот, громят дома — и нападают на людей. Счет смертей по всей стране пошел на десятки, хотя прежде ежегодно гибли единицы. pic.twitter.com/VQMkk1TCwB — Ilya Varlamov (@varlamov) October 3, 2026 Жена нападната веднаш откако излегла од својот дом Минатата недела во регионот Краснојарск, мечка убила 51-годишна жена откако таа излегла од својата куќа. Два дена претходно, еден чувар загинал во напад на паркинг за камиони во шумска област. Претходно во септември, биле пронајдени и телата на две постари жени кои одделно отишле да берат печурки, нивните повреди укажувале на напад од мечка. 🐻Когда сосед сверху шумит, а сосед за окном — медведь. На Красной Поляне это уже почти норма Местный житель снял косолапого прямо из окна и признался, что к таким встречам уже привык «Пойду куплю водки и достану балалайку, чтобы соответствовать стереотипам», — пошутил автор pic.twitter.com/UtVbN6Bqbq — Игорь Лиепас (@igorkushnarev2) September 28, 2026 Смртоносни напади се случиле и на други места во Сибир. Во Тува, таткото на рускиот НХЛ-играч Андреј Кузменко загинал во напад од мечка додека рибарел кон крајот на септември. Во август, во регионот Алтај, мечка искинала шатор, одвлечкала 29-годишна жена во шумата и ја убила. Зошто се приближуваат до луѓето? Експертите со кои разговараше „CNN“ наведуваат неколку можни причини за порастот на опасните средби во одредени делови на Сибир. Зоолозите како клучен фактор го посочуваат исклучително слабиот род на борови јатки и шумски плодови, што им го отежнува наоѓањето храна на мечките пред зимскиот сон. Големите шумски пожари исто така уништиле делови од нивното природно живеалиште. Во есенскиот период, мечките интензивно бараат храна за да натрупаат доволно масни резерви за зимскиот сон. Доколку нема доволно храна во дивината, тие сè почесто се приближуваат до населби, депонии за отпад и други локации каде што храната е лесно достапна. Експертите исто така предупредуваат дека ширењето на индустриските активности во претходно оддалечени природни предели ја зголемува веројатноста за средби меѓу луѓето и мечките. Полициски часови и затворање на паркови Во текот на изминатите два месеца, властите во најмалку десет региони низ Сибир и рускиот Далечен Исток ги предупредија жителите за зголемена активност на мечките. Во делови од регионите Алтај и Бајкал се воведени ноќни ограничувања на движењето, додека властите во Краснојарск го затворија Националниот парк „Краснојарски столбови“ и популарната планинарска патека на гребенот Торгашински. Регионалните власти исто така формираа мобилни ловни тимови и нудат парични награди за убивање мечки. Во регионот Краснојарск се нуди награда од над 35.000 рубљи – приближно 420 долари – за нивно отстрелување. Ага, в Ленинградской области шастают.... Пару дней назад, 2 дурака грибника, сутки от медведя бегали, пока не приехали спасатели... Ты за калитку не выходи, на всякий случай☝️хотя, такому пофиг и калитка pic.twitter.com/COstRaAAbz — Наталья Питерская (@nat22p) September 26, 2026 По смртта на еден турист во регионот Алтај, убиени се повеќе од 50 мечки, а издадени се дозволи за отстрел на уште 157. Властите во регионот Краснојарск најавија отстранување на повеќе од 180 животни кои се сметаат за потенцијално проблематични. Експерти: Масовниот отстрел нема да го реши проблемот Зоологот Сергеј Колчин смета дека, иако отстрелот на агресивна мечка што навлегува во населено место понекогаш е неопходна итна мерка, сепак предупредува дека масовното убивање животни нема да го намали бројот на инциденти на долг рок. Според него, суштинскиот проблем е лесно достапниот отпад што ги привлекува мечките кон населбите. Ако се убие една мечка во близина на депонија, друга може едноставно да го заземе нејзиното место. Како долгорочни решенија, експертите ги наведуваат подоброто обезбедување на отпадот, едукацијата на жителите за тоа како да се однесуваат во живеалиштата на мечките, како и употребата на електрични огради и други средства за одвраќање. Извор: Индекс.хрТагови: мечки русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter