Фон дер Лајен со помош на Мерц ќе се обиде да го разубеди Де Вевер за „заемот за репарации“ за Украина - Канал 5

Фон дер Лајен со помош на Мерц ќе се обиде да го разубеди Де Вевер за „заемот за репарации“ за Украина

Според планот, Мерц прво ќе има средба со Фон дер Лајен, по што заедно ќе заминат на вечерата со Де Вевер.

Фон дер Лајен со помош на Мерц ќе се обиде да го разубеди Де Вевер за „заемот за репарации“ за Украина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ќе престојува во Брисел, каде заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе имаат приватна вечера со белгискиот премиер Барт де Вевер во обид да го убедат да се согласи на планот за користењето на замрзнатите руски средства за исплата на т.н. „заем за репарации“ за поддршка на Украина.

Според планот, Мерц прво ќе има средба со Фон дер Лајен, по што заедно ќе заминат на вечерата со Де Вевер.

„Мисијата на Мерц“ е дел од напорите на Европската комисија да се убеди Белгија да се согласи на планот до Самитот на ЕУ закажан за 18 и 19 декември, на кој лидерите на земјите членки треба да се договорот за начинот на покривање на финансиските потреби на Украина за 2026 и 2027 година, на што се обврзаа на нивниот претходен собир во октомври.

Со колкава сериозност се пристапува кон ова прашање укажува и фактот што Мерц ја откажа за денеска планираната посета на Норвешка, за да може да допатува во Брисел на средби со Фон дер Лајен и Де Вевер.

Пред денешниот престој во Брисел, Мерц вчера во колумна во „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ посочи дека солидарноста со Украина не само обврска на ЕУ, туку е и нејзин фундаментален личен интерес.

- На тест е ставена способноста на Европа да дејствува независно во момент кога нашите безбедносни интереси се под директна закана. Како ќе се справиме со овој предизвик ќе ја дефинира и нашата иднина, наведе Мерц.

Според него, со конкретниот предлог за „мобилизирање на повеќе од 165 милијарди евра за дополнително финансирање за Украина“ од замрзнатите руски средства се испраќа недвосмислен сигнал до Москва дека продолжувањето на воената агресија е залудно.

- Ова не е знак за продолжување на конфликтот, туку за негово завршување. Тоа ја покажува способноста на Европа да дејствува. Демонстрација дека ние Европејците сме задолжени да одлучуваме и да обликуваме што се случува на нашиот континент, потенцира Мерц.

Во колумната Мерц се осврнува и на причините за белгиските резерви кон планот, нагласувајќи дека сите финансиски ризици што произлегуваат од овој потег мора да се споделат колективно.

- „Колективно“ значи дека секоја земја членка ќе преземе еднаков дел од ризикот во однос на нејзиниот економски капацитет. Прво мора политички да се договориме за овој принцип, а потоа да го спроведеме преку правно обврзувачки одредби. Би било неприфатливо која било земја да носи несразмерен товар, истакна Мерц.

Тој додава дека целосно ја разбира загриженоста на белгиската Влада, со оглед на тоа што најголемиот дел од замрзнатите руски средства се чуваат во бриселскиот депозитар „Еуроклир“, како и дека му е сосема јасно оти Белгија не може да се потпира само на декларативни политички гаранции.

Според Мерц, загриженоста на Белгија мора да се реши при претстојните дискусии за правното обликување на планот, за што „дискусиите мора да започнат веднаш и брзо да завршат“.

- Ако сме сериозни, не можеме да им оставиме на неевропските држави да одлучат што ќе се случи со финансиските ресурси на агресорската држава кои се законски замрзнати во рамките на јурисдикцијата на нашето владеење на правото и во нашата валута. Одлуките што ги донесуваме сега ќе ја обликуваат иднината на Европа, заклучи Мерц во колумната.

Белгија се противи на користењето на замрзнатите руски средства, тврдејќи дека тоа би можело да го наруши нејзиниот углед како сигурен депозитар и да резултира со повлекување на депонираните странски средства. Дополнително, Белгија изразува загриженост и околу легалноста на таквата постапка и бара цврсти гаранции од други земји членки на ЕУ дека ќе ја споделат одговорноста доколку некогаш се дојде во ситуацијата искористените пари од сега замрзнатите средства да треба да ѝ се вратат на Русија.

Ова прашање вчера беше предмет на дебата и во белгискиот Парламент, при што Де Вевер изјави дека Белгија е подготвена да „направи жртви“, но не може од неа да се бара „да го направи невозможното“.

- Ние не поставуваме неразумни барања. Белгија никогаш нема да се согласи сама да ги сноси ризиците од таквата постапка, изјави Де Вевер, поздравен со аплауз од белгиските пратеници.

Де Вевер нагласи дека, иако новите предлози на Европската комисија „еволуираа во корист на Белгија“ во однос на првичниот план, сепак тие сè уште не ги исполнуваат „ниту минималните услови“ на кои инсистира белгиската Влада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Потресното сведоштво на мајка за насилството што го преживеало нејзиното дете во училиште повторно го отвора прашањето: Кој ги штити децата додека насилството станува нивно секојдневие?

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Пред години, Либерално-демократската младина ја започна кампањата „Свирни против булинг“, предупредувајќи дека врсничкото насилство не е детска игра, не е фаза на растење и не смее да се премолчува!

Предупредувавме, баравме превенција, едукација и институционална реакција. Но нашите апели не добија соодветен одговор.

Денес повторно слушаме сведоштва за деца што трпат понижување, физичко и психичко насилство. А каде се институциите? Каде се механизмите за заштита? Кој презема одговорност?

Нема оправдување за насилството! Нема оправдување за премолчувањето! И нема простор за уште една празна институционална изјава дека „се работи на случајот“!

ЛИДЕМ бара итно:

* Надлежните институции да го испитаат пријавениот случај и да обезбедат заштита на детето.

* Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да спроведат контрола на постапувањето по пријавите за врсничко насилство.

* Во секое училиште да функционира јасен, достапен и доверлив механизам за пријавување и заштита.

* Да се обезбеди психолошка поддршка за жртвите и системска превенција, со вклучување на родителите, наставниците и учениците.

* Јавно да се соопштат преземените системски мерки и роковите за нивно спроведување, со целосна заштита на приватноста на децата.

Не бараме одмазда меѓу деца. Бараме одговорност од возрасните и институциите што се должни да ги заштитат!

Доста е со кампањи само на хартија, протоколи во фиоки и реакции дури откако нечие дете ќе преживее траума!

ЛИДЕМ повторно го крева гласот и повикува на конкретна институционална акција. Ниту едно дете не смее да се плаши да оди на училиште!

Пред години свиревме за да го спречиме насилството. Денес прашуваме: ДАЛИ НЕКОЈ ВООПШТО НЀ СЛУШАШЕ?

СВИРНИ ПРОТИВ БУЛИНГ! НЕ МОЛЧИ ПРЕД НАСИЛСТВОТО!

Либерално-демократска младина

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

СДС под водство на Филипче доживеа политички дебакл. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје.

Бројките и фактите се најдобриот показател за состојбата во која се наоѓа СДС која на чело со Филипче се претвори во партија без политичка визија, без убедлива понуда и без капацитет да се наметне како сериозна алтернатива помеѓу граѓаните.

Филипче под менторство на Заев ја претвори СДС во партија која се радува на порази.

На Филипче и СДС им посакуваме уште многу вакви „успеси“ четврти и петти места, славење на поразите и се помала поддршка од граѓаните, се наведува во пшартиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција мобилизира 70.000 полицајци пред новиот бран протести

Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска.

Франција мобилизира 70.000 полицајци пред новиот бран протести

Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска, а властите се загрижени за можно повторување на нивото на насилство видено минатиот викенд.

Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез објави дека масовното присуство на полицијата треба да спречи насилство и грабежи. Тој рече дека 70.000 полицајци и жандармериски персонал ќе бидат распоредени низ цела Франција.

Нуњез додаде дека имало бројни повици за насилство и грабежи, кои, според него, биле пораки од демонстрантите.

Голем број протести беа забранети, а рутата на маршот беше променета во Париз

Министерот за внатрешни работи рече дека голем број демонстрации веќе се забранети. Собирите ќе бидат дозволени ако организаторите обезбедат обезбедување, „и под услов, се разбира, тие да не се одржуваат на места каде што може да има грабежи, нарушување на јавниот ред и слично“.

Во Париз, маршот што го објавија синдикатите беше дозволен, но рутата беше променета. И покрај ограничувањата на демонстрациите во саботата, полицискиот час во чувствителните области на градовите остана на сила, рече Нуњез.

Младите луѓе протестираат со недели барајќи подобри услови во училиштата. Во текот на изминатиот викенд, други групи им се придружија на нивните протести во бројни градови, вклучувајќи ги и оние против високите трошоци за живот. На маргините на протестот избувнаа сериозни конфликти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер