Фон Дер Лајен реизбрана за претседателка на Европската комисија - Канал 5

Фон Дер Лајен реизбрана за претседателка на Европската комисија

Урсула фон дер Лајен останува на чело на Европската комисија. Со 401 глас од европратениците ја доби подршката да ја води Комисијата и во наредните пет години. 

Фон Дер Лајен реизбрана за претседателка на Европската комисија

Во свето речиси едно часовно обраќање во кое ги претстави нејзниот план и визија за вториот мандат порача дека проширувањето на Унијата ќе биде меѓу клучните приоритети и дека приемот на нови земји претставува морална, историска, политичка и геостратешка одговорност на Европа. Осврнувајќи се на земјите од регионот, но и на Украина, Грузија и Молдавија, Фон фер Лајен потенцираше дека зачленувањето се темели на заслуги, но посочи дека ќе ги поддржат кандидатските земји со инвестиции во текот на спорведувањето на реформите.

“Пристапувањето секогаш ќе биде процес базиран на заслуги и ќе обезбедиме сите земји да бидат подготвени за членство. Западниот Балкан, Украина, Молдавија и Грузија го направија нивниот слободен избор. Тие избраа слобода наместо угнетување, тие избраа демократија наместо зависност и некои од нив платија многу висока цена за овој избор. Затоа ние мора да го направиме нашиот избор и да искажеме посветеност дека нивната иднина ќе биде слободна и просперитетна во нашата Европска унија“, рече Фон дер Лајен во обраќањето.

Инаку во обраќањето пред европратениците, непосредно пред да биде реизбрана, Фон дер Лајен акцент стави на безбедноста на континентот и повика на формирање на европска одбранбена унија. Порача дека европските земји премалку инвестирале во својата одбрана и јасно стави до знање дека Европа и понатаму ќе стои рамо до рамо со Украина. Фон дер Лајен повика и на запирање на крвопролевањето во Газа, а во нејзиниот говор не изостана ниту осуда за неодманешната посета на Орбан во Москва.

Сепак реизборот на Фон дер Лајен за претседателка на ЕК не течеше глатко и беше одбележан со краток инцидент во кој романската европратеничка Дијана Шошоака со довикуавње од место ја прекина дебатата, проади што беше остранета од паралменатранта сала во Стразбур.

Инаку, конституривното заседание за избор на нов состав на европскиот парламент започна заврчера, кога за функцијата претседалката на Европскиот праламент беше реизбрана Роберта Мецола, која ќе го ја води институцијата во наредните две ипол години.

Израел издаде предупредување до Иранците да се држат подалеку од воени објекти

 Израелската војска преку објава на социјалните мрежи на фарси јазик издаде итно предупредување до граѓаните на Иран да се повлечат од близина на воени постројки и објекти поврзани со производство на оружје.

Израел издаде предупредување до Иранците да се држат подалеку од воени објекти

„Итно предупредување до сите ирански граѓани: Сите лица што моментално се наоѓаат или планираат да бидат во близина на фабрики за производство на оружје и нивните поддржувачки институции, нека ги напуштат овие области веднаш и да не се враќаат додека не добијат поинакви насоки“, се вели во пораката на официјалниот профил на израелската армија на фарси јазик.

Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени

Два воздушни балони се урнаа во централна Турција, при што загина најмалку едно лице, а 19 се повредени, јави турската државна телевизија ТРТ.

Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени

Загинатиот бил еден од лицата што управувале со балоните.

Несреќата се случила при лет над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија, која е позната по балонските летови и живописниот пејзаж.

Поранешниот француски претседател Саркози лишен од орденот Легија на честа

Поранешниот француски претседател Никола Саркози лишен од орденот Легија на честа по пресудата за корупција.

Поранешниот француски претседател Саркози лишен од орденот Легија на честа

Поранешниот француски претседател Никола Саркози е лишен од орденот Легија на честа, највисокото француско одликување, по пресудата за корупција со која е осуден на една година затвор, се наведува во денеска објавениот указ.

Десничарскиот поранешен претседател (2007-2012) стана вториот француски шеф на држава лишен од ова одликување по маршал Филип Петен, кој беше лишен од орденот во август 1945 година поради осуда за државна предавство и соработка со непријателот.

Одлуката беше очекувана, бидејќи пресудата на Саркози, без преседан за поранешен француски претседател, стапи во сила откако Апелацискиот суд ја отфрли неговата жалба во декември.

Саркози беше прогласен за виновен за склучување „корупциски договор“ во 2014 година со неговиот долгогодишен адвокат Тиери Херцог и висок судија од Апелацискиот суд, највисоката судска инстанца во Франција, за да добие информации и да се обиде да влијае врз жалбен постапка во друго дело. Ова било направено во замена за ветување за висока позиција во Монако. Осуден на три години затвор, од кои една година домашен притвор под електронски надзор, Саркози носеше електронска алка три месеци, која беше отстранета во средината на мај по негово барање, поради неговата возраст (70 години).

Саркози, кој постојано тврдеше дека е невин, поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права (ЕСПЧ). Со отфрлањето на неговата последна жалба во Франција, тој автоматски подлежи на исклучување од орденот Легија на честа, што се случува кога носителот е правосилно осуден за кривично дело или добие казна затвор од една или повеќе години.

Саркози одговара и за други случаи, вклучително и за сомнежи за либиско финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година. Пресудата за овој случај се очекува кон крајот на септември.

притисни ентер