Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
СветФон дер Лајен: Предлагаме 19-ти пакет санкции кон Русија за да ја принудиме да преговара за мир Како одговор на зачестените руски напади врз Украина и упадите на дронови во воздушниот простор на членките на ЕУ, Европската комисија го презентира 19-от пакет санкции кон Русија. Како одговор на зачестените руски напади врз Украина и упадите на дронови во воздушниот простор на членките на ЕУ, Европската комисија го презентира 19-от пакет санкции кон Русија, кои вклучуваат мерки поврзани со енергијата, банкарскиот сектор, трговијата со крипто валути и со компании што го поддржуваат рускиот воено-индустриски комплекс, информира денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен во видео изјава. - За жал, во текот на изминатиот месец, Русија го покажа својот целосен презир кон дипломатијата и меѓународното право. Таа започна некои од најголемите напади со беспилотни летала и ракети врз Украина од почетокот на војната, погодувајќи владини згради и цивилни домови, погодувајќи ја и канцеларијата на ЕУ во Киев, претставништвото на нашата Унија, истакна Фон дер Лајен. Таа додаде дека паралелно со ова се зголемуваат и заканите кон ЕУ со нарушувањето на воздушниот простор на Унија во Полска и во Романија со руските беспилотни летала „Шахед“ во последните две недели. - Ова не се постапки на некој што сака мир. Одново и одново, (рускиот) претседател (Владимир) Путин предизвика ескалација. И како одговор, Европа го зголемува својот притисок. Затоа денеска го презентирам нашиот 19-ти пакет санкции, рече Фон дер Лајен. Со новите санкции, според Фон дер Лајен, се забранува увозот на руски течен природен гас (ЛНГ) на европските пазари. - Воената економија на Русија се одржува од приходите од фосилните горива. Сакаме да ги намалиме овие приходи. Затоа го забрануваме (ЛНГ). Време е да се затвори славината. Подготвени сме за ова, порача Фон дер Лајен. Таа нагласи дека како никогаш досега ЕУ заштедува енергија, ги диверзифицираше енергетските извори и инвестира во енергија со ниско ниво на јаглерод. Дополнително, со новите казнени мерки максималната цена на руската сурова нафта се ограничува на 47,6 американски долари и се санкционираат дополнителни 118 бродови од т.н. „флотата во сенка“ што се користи за заобиколување на санкциите, со што со оваа мерка сега се опфатени над 560 бродови. - Големите компании за трговија со енергенси „Росњефт“ и „Газпромњефт“ сега ќе бидат под целосна забрана за трансакции, а ќе бидат замрзнати средствата и други компании, рече Фон дер Лајен. Претседателката на ЕК најави дека со новите санкции се опфатени и оние кои ја поттикнуваат војната на Русија со купување нафта, кршејќи ги санкциите. - Ги таргетираме рафинериите, трговците со нафта и петрохемиските компании во трети земји, вклучително и во Кина. За три години, приходите на Русија од нафта во Европа се намалија за 90 отсто. Сега ја свртуваме таа страница засекогаш, нагласи Фон дер Лајен. Со новите санкции се преземаат и мерки за „затворање на финансиските дупки“ што ги користи Русија за да ги избегне санкциите. - Воведуваме забрана за трансакции на дополнителен број банки во Русија и во трети земји. Ги засилуваме нашите мерки против заобиколувањето (на санкциите). Како што тактиките за заобиколување стануваат пософистицирани, нашите санкции ќе се прилагодат за да останат во игра. Затоа, првпат, нашите рестриктивни мерки ќе ги погодат крипто платформите и ќе ги забранат трансакциите во крипто валути. Санкционираме странски банки поврзани со руски алтернативни системи за платежни услуги и ги ограничуваме трансакциите со субјекти во специјалните економски зони, додаде Фон дер Лајен. Со новиот пакет санкции се воведуваат и нови директни ограничувања за извозот на производи и технологии што се користат на бојното поле. - Санкционираме 45 компании во Русија и во трети земји. Овие компании обезбедуваат директна или индиректна поддршка на рускиот воено-индустриски комплекс. Во војната водена од иновации, клучно е прекинувањето на пристапот на Русија до клучните технологии. Пред се кога станува збор за дроновите, рече претседателката на ЕК. Фон дер Лајен додаде дека економската анализа на ЕУ покажува оти санкциите имаат сериозни последици по руската економија, основната каматната стапка е 17 отсто, инфлацијата е постојано висока, а пристапот на Русија до финансии и приходи постојано се намалува. - Прегреаната воена економија на Русија доаѓа до своите граници. Уште поинтересно е што кога разговараат директно со партнери кои контактираат со Русија, тие велат дека меѓу првите руски барања е олеснување на санкциите. Знаеме дека нашите санкции се ефикасна алатка за економски притисок и ќе продолжиме да ги користиме се додека Русија не седне на преговарачка маса со Украина за постигнување праведен и траен мир, потенцира Фон дер Лајен. Таа додаде дека паралелно со ова, ЕУ работи и на ново решение за финансирање на одбранбените напори на Украина со користење на замрзнатите руски средства. - Мора да бидеме многу јасни. Ова е војна на Русија и сторителот мора да плати за неа. Со профитите од овие руски средства, можеме да и обезбедиме на Украина заем за репарација. Самите средства нема да бидат допрени. Ризикот ќе мора колективно да се сноси. Украина ќе го врати заемот само откако Русија ќе ги плати репарациите. Наскоро ќе излеземе со предлог за ова, најави Фон дер Лајен. Според неа, со посредство на Канада, ЕУ успеала да ги усогласи своите санкции со оние на партнерите од Г7, а за да обезбеди поддршка на Украина во нејзината борба за слобода, работи и со земјите од „Коалицијата на расположените“ за помош на Киев. - Европа беше на страната на Украина од самиот почеток. Соочена со руската ескалација, Европа се соочи со предизвикот. Ќе продолжиме да ги користиме сите алатки што ни се на располагање за да ја завршиме оваа брутална војна. Сега ги повикувам земјите членки брзо да ги одобрат овие нови санкции. Сакаме Русија да го напушти бојното поле и да седне на преговарачката маса. Ова е начинот да му се даде вистинска шанса на мирот, додаде Фон дер Лајен во видео изјавата по повод усвојувањето на предлогот за 19-от пакет санкции кон Русија од страна на Европската комисија.Тагови: Урсула фон дер Лајен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски: Преговарачите од Украина, Русија и САД се среќаваат на почетокот на ноември во Абу Даби Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека преговарачите од Украина, Русија и САД се согласиле на состанок на техничко ниво во првата половина на ноември во Абу Даби.Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека преговарачите од Украина, Русија и САД се согласиле на состанок на техничко ниво во првата половина на ноември во Абу Даби, изразувајќи надеж дека ќе следи состанок на лидерите на трите земји. Зеленски рече дека разговарал со американските претставници Џаред Кушнер и Стив Виткоф во понеделник, по нивниот состанок со рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела, објави Ројтерс. Тој рече дека секој мировен договор ќе мора да вклучува силни безбедносни гаранции за Украина и финансирање на украинската војска за следните 10 години. „Планот е состанокот да се одржи во првата половина на ноември и, се разбира, што е можно поскоро“, рече Зеленски преку видео врска на собир на Институтот Хадсон во Вашингтон. Според него, многу ќе зависи од Русија, истакнувајќи дека сличен состанок, кој требаше да се одржи овој месец, не се одржа. Зеленски ја нагласи важноста на продолжувањето на дипломатските напори насочени кон постигнување прекин на огнот и завршување на војната, која сега е во својата петта година, и додаде дека Европа исто така треба да биде вклучена во преговорите. Украинскиот претседател оцени дека е клучно по техничките разговори да следи состанок на лидерите на Украина, Русија и САД. Зеленски, исто така, рече дека украинската војска сè уште има проблеми со пристапот до комуникациските системи „Старлинк“, и покрај уверенијата на САД дека ограничувањата на брзината се отстранети. „Ограничувањата на брзината на системите „Старлинк“ и „Старшилд“ сè уште постојат и брзината не е вратена“, рече Зеленски, спротивставувајќи се на тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека услугите се целосно вратени. Украина, исто така, чека испорака на претходно договорените пресретнувачи на воздушна одбрана, рече Зеленски, што дополнително ја комплицира одбраната на земјата од речиси секојдневните масовни руски напади со беспилотни летала и ракети.Тагови: Абу Даби Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗатворени се сите четири аеродроми во Москва поради напади со дронови- се евакуираат патницитеСите четири московски аеродроми денеска повторно беа затворени за дојдовни и појдовни летови поради напади со беспилотни летала врз руската престолнина. Во Шереметјево (SVO/UUEE) повторно беше прогласена воздушна тревога, а патниците беа упатени во безбедни зони и засолништа. Руската федерална агенција за воздушен транспорт (Росавијација) воведе ограничувања на аеродромите Шереметјево (SVO/UUEE), Домодедово (DME/UUDD), Внуково (VKO/UUWW) и Жуковски (ZIA/UUBW). Пристигнувањата и полетувањата на авионите се суспендирани од безбедносни причини за летовите. Во Шереметјево, од патниците се бара да се оддалечат од прозорците и стаклените површини и да се префрлат во најблиските безбедни области на терминалот. Влезот во стерилните зони на сите терминали е ограничен, додека персоналот на аеродромот ги насочува патниците и ги информира за ситуацијата преку звучници. На патниците им беше кажано и да не користат лифтови или авиони како засолништа. Ограничувањата беа воведени додека руската воздушна одбрана се обидуваше да одбие напад врз московската област. Градоначалникот Сергеј Собјанин неколку пати во текот на денот изјави дека се соборени дронови, кои, според него, летале кон руската престолнина. Службите за итни случаи беа испратени на местата на несреќите. Затворањето на воздушниот центар на Москва предизвика големи нарушувања на распоредот на летовите. Повеќе од 340 летови беа одложени или откажани од почетокот на денот, според податоците од онлајн таблите на аеродромите објавени од руските медиуми. Некои авиони што веќе летаа за Москва беа пренасочени кон алтернативни аеродроми. Пулково (LED/ULLI) во Санкт Петербург прифати 25 летови насочени кон Москва, додека Нижни Новгород прифати уште 13 авиони. Аерофлот и Русија ги менуваат своите распореди на летови поради ограничувањата, при што летовите се откажуваат, одложуваат и пренасочуваат кон алтернативни аеродроми. Компаниите предупредија дека доцнењата може да продолжат дури и по повторното отворање на воздушниот простор, делумно поради ограничувањата на работното време на екипажот. Ситуацијата се менуваше неколку пати во текот на денот, при што ограничувањата беа укинати, а потоа повторно воведени. Според најновите достапни информации, сите четири московски аеродроми повторно се затворени, додека воздушната тревога е повторно активирана на Шереметјево. Тагови: дронови москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе урна новоизградена зграда во Кенија- имала градежна, но не и употребна дозвола (ВИДЕО)Зграда во изградба се урна денеска во Најроби, главниот град на Кенија. Се стравува дека голем број луѓе се затрупани под урнатините. Повеќе од десет ката се урнаа еден врз друг, а зградата остана огромна куп бетон, пишува АП. Зградата се урна околу 13 часот на прометна шопинг улица во областа Истли, низ која секојдневно минуваат илјадници луѓе. Шефот на полицијата во Најроби, Иса Мохамуд, рече дека сè уште се работи на повеќе од десет горни катови. Спасувањето беше уште потешко поради немирите во близина. Полицијата мораше да употреби солзавец за да ги растера луѓето кои почнаа да ги ограбуваат продавниците во близина, додека спасувачите се обидуваа да стигнат до урнатините. 🇰🇪 An 18-storey building under construction collapsed in Nairobi, Kenya Numerous people, including construction workers and nearby pedestrians, are trapped under the rubble. https://t.co/ErrXr9dzJE — Visegrád 24 (@visegrad24) October 23, 2026 Џозеф Каула, кој работеше на петтиот кат, успеа да избега непосредно пред да се урна зградата. Тој рече дека слушнал вресоци и ги видел колегите како трчаат кон излезот и викаат дека зградата се урива. „Јас бев последниот човек што излегол пред сè да се урна. Целата област беше исполнета со прашина“, рече Каула. Тој се плаши дека неколку негови колеги се закопани во подрумот. Полицијата потврди дека една повредена жена е извлечена од урнатините и однесена во болница. Спасувачите слушнале и друго лице кое повикува на помош, но нејзиниот глас подоцна не се слушнал. Мохамуд предупреди дека постои опасност од понатамошни уривања бидејќи дел од срушената зграда се потпира на соседна зграда. Ги пребарувале урнатините со часови без тешка механизација Спасувањето на почетокот било тешко бидејќи на местото на несреќата немало тешка механизација. Спасувачите ги пребарувале урнатините со часови користејќи дрвени столбови. Подоцна, пристигнал багер и почнал да отстранува големи парчиња бетон, а до вечерта биле доставени уште најмалку две работни машини. Спасувачите се обидуваат да најдат простори во подрумот и приземјето каде што можеле да преживеат. Во тие делови од зградата, и покрај работата на горните катови, веќе работеле продавница за електроника, месарница и продавница за храна. Жителите рекле дека некои членови на семејството кои останале под урнатините веднаш им се јавиле по уривањето и побарале помош. Сепак, подоцна повеќе не можеле да ги контактираат преку мобилни телефони. Во близина на местото на несреќата е поставен шатор каде што граѓаните можат да пријават исчезнати членови на семејството. Сè уште не е познато колку луѓе биле закопани. BUILDING COLLAPSE: A tragic incident has just happened in Eastleigh, Nairobi. An 18-storey building has collapsed, and we’re told over 50 people may be inside. The fear now is the number of lives this could claim. https://t.co/oks5c0Zt5t — Sholla Ard 🇰🇪 (@sholard_mancity) October 23, 2026 Зградата имала дозвола за градење, но не и дозвола за вселување Паѓањата на згради се чест проблем во Најроби, каде што локалните власти често се критикувани за лабав надзор на градежните работи и недоволни безбедносни контроли. „Ќе се спроведе истрага. Ќе се погрижиме одговорните за каква било небрежност да завршат на суд“, рече Мохамуд. Гувернерот на Најроби, Џонсон Сакаја, потврди дека срушената зграда имала дозвола за градење, но немала дозвола за вселување. Ова значи дека продавниците на приземјето не смееле да бидат отворени. Сакаја рече дека на локалните власти им се потребни поголеми овластувања за надзор на градежните работи. Тој верува дека сегашните казни за кршење на градежните прописи се премногу благи и не ги одвраќаат инвеститорите од опасни практики.Тагови: зграда Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05