СветФон дер Лајен: Поддршката за Украина единствениот пат за постигнување праведен мир Минатиот месец во Киев објавив дека ќе обезбедиме до 35 милијарди евра заем за Украина, како дел од 50-те милијарди долари што ги вети Г7.Има само еден пат за постигнување праведен мир и за Украина и за Европа, а тоа е да продолжиме да го зајакнуваме украинскиот отпор со политичка, финансиска и воена поддршка, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќање пред Европарламентот во Стразбур за време на дебатата за приоритетите на унгарското претседателство со ЕУ. - Минатиот месец во Киев објавив дека ќе обезбедиме до 35 милијарди евра заем за Украина, како дел од 50-те милијарди долари што ги вети Г7. Овој заем ќе биде исплатен од непланираните профити на замрзнатите руски средства и тие директно ќе се влеат во националниот буџет на Украина. Со ова ја тераме Русија да плати за штетата што ја предизвика и ќе ја поддржуваме Украина во текот на оваа зима онолку колку што ќе биде потребно, истакна Фон дер Лајен. Таа се осврна на актуелната состојба во Украина, посочувајќи на зголемениот интензитет на руски напади, што резултираше со голем број загинати и ранети и уништувања на објекти и инфраструктура. - Светот беше сведок на злосторствата на руската војна, а сепак, се уште има некои кои за оваа војна не го обвинуваат напаѓачот, туку нападнатиот... Ние Европејците можеби имаме различни истории и различни јазици, но не постои европски јазик во кој мирот е синоним за предавање, а суверенитетот синоним за окупација. Народот на Украина се бори за слобода, исто како хероите кои ја ослободија Централна и Источна Европа од советската власт, потенцира претседателката на ЕК. Говорејќи за останатите приоритети на унгарското претседателство, покрај Украина, Фон дер Лајен порача дека во рамки на напорите за зајакнување на конкурентноста, ЕУ мора да се посвети на намалување на инвестицискиот јас меѓу неа и другите големи економии и на бариерите кои го ограничуваат ширењето на компаниите надвор од европскиот пазар. - Но, она што исто така го гледаме, е дека една влада во нашата Унија оди во сосема спротивна насока, оддалечувајќи се од единствениот пазар. Како може една Влада да привлече повеќе европски инвестиции, ако во исто време ги дискриминира европските компании со тоа што ги оданочува повеќе од другите? Како може да привлече повеќе компании ако во исто време преку ноќ воведува извозни ограничувања? И како може европските бизниси да ѝ веруваат на Влада ако таа ги таргетира со произволни инспекции, им ги блокира дозволите и ако јавните договори главно одат на мала група корисници?, рече Фон дер Лајен. Таа додаде дека ваквите политики на унгарската Влада само создаваат несигурност и ја поткопуваат довербата на инвеститорите, во време кога нејзините соседи од Централна Европа ја надминаа Унгарија по висината на БДП по глава на жител. - Унгарија е во срцето на Европа, а треба да биде и во срцето на нашата економија. Унгарскиот народ треба да ги ужива сите придобивки од нашиот единствен пазар, нагласи Фон дер Лајен. Претседателката на ЕК се осврна и на потребата од диверзификација на изворите на енергенси и потребата од прекин на зависноста од, како што рече, „валканите руски фосилни горива“. - Изградивме инфраструктура и нови врски со доверливи партнери. Во првата половина од годината, 50 отсто од целото наше производство на електрична енергија дојде од домашни обновливи извори, од нашата сопствена енергија, што создаде нови работни места во Европа, а не во Русија, истакна Фон дер Лајен. Сепак, според неа, некои земји членки на ги спроведоа договорените обврски во оваа сфера. а една земја членка „наместо да бара алтернативни извори, бараше алтернативни начини за купување фосилни горива од Русија“. - Русија постојано докажува дека едноставно не е сигурен снабдувач. Повеќе не може да има изговори. Кој сака европска енергетска безбедност, прво и основно треба да придонесе за неа. Тоа е правилото што треба да го следиме, нагласи таа. Во врска со проблемот со миграцијата, претседателката на Еврокомисијата истакна дека тој претставува „европски предизвик, кој бара европски одговор“ и затоа мора де биде спроведен Новиот пакт за миграција и азил на ЕУ. - Сите сакаме подобро да ги заштитиме нашите надворешни граници. Но, ќе бидеме успешни само ако работиме заедно против организираниот криминал и покажеме солидарност меѓу себе. И кога зборуваме за тоа кого да пуштиме внатре: како може унгарската Влада да поканува руски државјани во нашата Унија без дополнителни безбедносни проверки? Со ова, новата унгарска визна шема создава безбедносен ризик, не само за Унгарија, туку и за сите земји членки. И како може унгарската Влада да дозволи кинеската полиција да дејствува на нејзина територија? Тоа не е одбрана на суверенитетот на Европа. Тоа е создавање можност за странско мешање на мала врата, потенцира Фон дер Лајен, додавајќи дека е потребно зајакнување на Фронтекс и Европол, финализирање на законодавството на ЕУ за борба против шверцот на луѓе и целосна имплементација на Пактот за миграција и азил. Фон дер Лајен му се обрати и на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој беше присутен на дебатата, во врска со неговите изјави за миграцијата дадени претходниов викендот. - Рековте дека Унгарија ги „штити своите граници“ и дека „криминалците се затворени“ во Унгарија. Само се прашувам, како оваа изјава се вклопува со фактот дека минатата година вашите власти пред време од затвор ослободија осудени шверцери на луѓе. Ова не е борба против илегалната миграција во Европа. Ова не ја штити нашата Унија. Ова е само префрлање на проблемот преку оградата на вашиот сосед, потенцира Фон дер Лајен. Таа потсети и на изјавата на Орбан дадена за време на првото претседавање на Унгарија со ЕУ во 2011 година дека неговата земја „ќе ги следи стапките на револуционерите од 1956 година и има намера да и служи на каузата на европското единство“, бидејќи „Европа мора да остане обединета за да опстои на своето“. - Мислам дека сите се согласуваме. Европа мора да биде обединета. Ова беше вистина тогаш. Но, ова важи и денес. Така, дозволете ми да завршам со обраќање до унгарскиот народ. Ние сме едно семејство. Вашата приказна е и наша приказна. Вашата иднина е и наша иднина. Десет милиони Унгарци се 10 милиони добри причини да продолжиме да ја обликуваме нашата иднина заедно. Ви благодарам и да живее Европа, нагласи Фон дер Лајен на крајот од обраќањето пред европратениците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОдбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на СкопјеГрад Скопје со свечена манифестација вчеравечер го одбележа „13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје“.По тој повод Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски свечено им ги додели признанијата на годинешните добитници на наградата „13 Ноември“, луѓе кои со своето знаење, творештво, труд и човечност го збогатуваат Скопје и го издигнуваат неговиот углед. - Денот што ја носи гордоста на нашиот град и споменот на хероите на кои вечно ќе им бидеме благодарни. Пред 82 години, на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно. Нашите ослободители го дале својот одговор. Со храброст. Со непоколеблива решителност. Со сопствените животи. Затоа денес стоиме исправени. Затоа денес живееме слободни. Затоа нивното дело има вечно место во срцето на Скопје. Слободата што ја живееме била платена со најскапоценото. Со млади животи, со неостварени соништа, со празни места во домовите во кои некој никогаш не се вратил. Нашата благодарност кон нив е вечна обврска да паметиме, да ја чуваме вистината за нивната борба и да создаваме град достоен за нивната жртва. Ви благодарам што му давате толку многу на нашиот град и што со вашиот пример ги охрабрувате младите да веруваат во сопствените можности. Носете го ова признание со гордост – рече Ѓорѓиевски во своето обраќање. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека нашата борба денес е различна, но суштината е иста, да им оставиме подобра иднина на генерациите што доаѓаат, како и дека негова главна заложба како градоначалник е да изградиме уредно, зелено, безбедно и современо Скопје, град во кој децата ќе растат со можности, секое населено место ќе добива внимание, а секој човек заслужена почит. - Секоја генерација има своја одговорност пред Скопје. Затоа ги откочивме проектите што со децении стоеја како неми сведоци на неодговорноста. Ги презедовме најтешките обврски и работиме да го завршиме она што предолго било одложувано. Денес, големите капитални проекти се во завршна фаза. Она што со години било ветување, добива облик пред очите на скопјани. Ова е одговорноста што ја презедов. Ќе ја носам со целосна посветеност, за Скопје да оди напред, а граѓаните да ја чувствуваат промената во својот живот. На овој голем ден, ја наведнуваме главата пред жртвата на ослободителите, а ја креваме со решителност пред обврските што ни ги носи иднината. Нивната храброст нека нè води. Нивната љубов кон Скопје нека нè обединува. Нашите дела нека покажат дека сме достојни за слободата што ни ја оставија. Нека е честит 13 Ноември. Вечна слава на ослободителите. Да живее слободно Скопје – рече Ѓорѓиевски.Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МетеоДенес променливо облачно со повремени врнежиВремето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени. Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 14. ноември 2026 година Дневен хороскоп за сабота, 14. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ги тргнете од дневенред грижите што ве измачуваа и ќе се посветите на љубовта со доверба. Тоа ќе биде чекор напред. Кариера Не заостанувате со свежи идеи, но би сакале промените да се одвиваат побргу. Сепак , се движи во таа насока. Здравје и совет Прифатете ја реалноста. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Додека односто со партнерот се одвива мирно и познато, наеднаш ви паѓаат на памет сосема откачени идеи. Кариера За да ја збогатите работата или проектот на кој што работите , ќе се послужите со својата интуиција , од каде ќе црпите идеи. Здравје и совет Верувајте во себеси. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ја комбинирате реалноста со фантазијата. Така на посебен начин ќе го збогатите својот однос со саканата личност. Кариера Кога на некои им оди , им оди. Немате грижи , многу работи се одвиваат и подобро отколку што сте се надевале. Здравје и совет Немојте да се препуштате на неодговорноста. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Дококлку сте подготвени да му се препуштите на партнерот и со доверба да му се препуштите на неговите идеи , ќе биде одлично. Кариера Веројатно ќе ви предложат нов договор или нови содржини на работното место , а за тоа ќе треба нешто да потпишете. Прво пручете го договорот. Здравје и совет Пад на имунитетот . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Она што ви недостига во односот со саканата личност ќе се обидете да го надоместите со фино однесување и љубезност. Кариера Ќе има се повеќе работа , а можно е да видадат и нови задачи или некого ќе заменуварте на работното место. Здравје и совет Одморајте се редовно. Овен 21.3-20.4. Љубов Добар пријател или пријателка денеска ќе ви предложи нешто интересно што ќе го вклопите во вашата љубовна врска. Кариера Главно ќе делувате од сенка. Тоа моментално ви одговара. Шансите за истакнување ќе дојадат подоцна. Здравје и совет Послушајте го својот внатрешен глас. Бик 21.4- 20.5. Љубов Леснотијата со која ќе се дружите со пријателите ќе биде голема. Некои преку нив ќе најдат нова љубов. Кариера И натаму сте во фаза во која не сакате да се истакнувате. Некои од вашите колеги тоа ги изненадува , но вам ви е добро. Здравје и совет Опуштајте се редовно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Се е во рацете на вашиот партнер, а на вас е оставено што подобро да се прилагодувате. Кариера Доколку ви понудиле нов договор , земете го овој видекнд за размислување и не носете одлука пред понеделник. Здравје и совет Мирувајте. Рак 22.6-22.7. Љубов Сметате дека некои потреби на саканата личност се претерани и дека не може да ги исполните. Тоа уште повеќе ќе ве оддалечи. Кариера Можно е денеска да работите повеќе од вообичаеното , зашто има многу работа. Нема да ви биде тешко. Другите ќе се опуштат. Здравје и совет Пресметајте си што имате на сметката. Лав 23.7-22.8. Љубов Денеска ќе покажете луцидност и сентименталност во исто време. Нежната страна на вашиот карактер ќе изклезе на виделина на радост на саканата личност. Кариера Веројатно ќе добиете шанса за да го искажете својот талент .Ќе биде кратко , неочекувано и возбудливо , така како што сакате. Здравје и совет Радувајте се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе биде силна потребата за блискост. Ќе се потрудите да бидете сами со саканата личност на место што го сакате. Кариера Своите атрактивни идеи ќе успеете да ги вклопите во сивото секојдневие. Ќе најдете за тоа и финансиски средства. Здравје и совет Пазете се од провев . Вага 24.9.-23.10 Љубов Не се сомневајте во своите љубовни способности. Личноста која ви се допаѓа е исто така заинтересирана за вас. Кариера Оние кои сакаат да сменат нешто на работното место, на чекор се до исполнување на тој план. Треба само да одредите на кој начин. Здравје и совет Зајакнувате и со духот и со телото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook