Коалиција „Сите за правично судење“: Позитивна оценка и без забележани неправилности за гласањето за избор на новиот шеф на ОЈО ГОКК
1Коалиција „Сите за правично судење“: Позитивна оценка и без забележани неправилности за гласањето за избор на новиот шеф на ОЈО ГОКК
3НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
СветФон дер Лајен од Киев: Во март Украина ќе добие уште 3,5 милијарди евра помош од ЕУ Ќе презентирам и сеопфатен план за тоа како да ги зголемиме нашето европско производство на оружје и нашите одбранбени способности. Европа е тука да ја зајакне Украина во овој критичен момент и веќе во март ЕУ на земјата ќе и исплати дополнителни 3,5 милијарди евра помош, најави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на Меѓународниот самит за поддршка на Украина, што се одржува во Киев. - Ќе презентирам и сеопфатен план за тоа како да ги зголемиме нашето европско производство на оружје и нашите одбранбени способности. И Украина, исто така, ќе има корист од тоа, нагласи Фон дер Лајен, најавувајќи дека главен приоритет на ЕУ во наредните недели ќе биде да се забрза итната испорака на оружје и муниција за земјата. Како што јави известувачот на Европската новинска редакција (ЕНР), од која дел е и МИА, во говорот на Самитот што се одржува на третата годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, Фон дер Лајен оцени дека никој не сака мир повеќе од народот на Украина, но дека до праведен и траен мир се доаѓа само преку сила. - Затоа ја зајакнуваме вашата економија. Тоа е причината зошто ја зголемуваме прилагодливоста на вашето снабдување со енергија. Затоа ќе продолжиме со обука и опремување на вашите војници, рече Фон дер Лајен. Претседателката на ЕК потенцира дека во тие рамки е и денешното усвојување на нашиот 16-тиот пакет санкции на ЕУ кон Русија. - Ќе ги зголемиме казнените санкции против Русија, освен ако таа не покаже вистинска волја да се постигне траен мировен договор, нагласи Фон дер Лајен. Таа посочи дека 24 февруари 2022 година вечно ќе остане запомнет како неславен ден. - Беше нападната мирна нација, без причина, поради империјалистичката опсесија на (рускиот претседател Владимир) Путин. Но, ние веруваме во слободна и суверена Украина на нејзиниот пат кон Европската Унија и ви се придружуваме за да ја обликуваме оваа иднина заедно, додаде претседателката на ЕК. Според неа, Путин повеќе од кога било се труди да ја добиеме оваа војна на терен и негова цел останува Украина да капитулира. - И тогаш знаеме што може да се случи следно. Затоа што тоа веќе се има случено претходно. Не е во прашање само судбината на Украина. Тоа е судбината на Европа. Затоа, нашиот прв приоритет останува да зајакне отпорот на Украина, истакна Фон дер Лајен, потсетувајќи дека ЕУ и нејзините земји членки досега обезбедија поддршка за Украина во износ од 134 милијарди евра. Таа потенцира дека е потребно и зајакнување на отпорноста на ЕУ во услови кога таа презема поголема одговорност за сопствената безбедност, но дека кога се говори за безбедноста, не се мисли само на нејзината воена димензија. - За три години, Русија се обиде да ја втурне Украина во темнина со немилосрдно таргетирање на енергетската инфраструктура. Затоа подготвивме амбициозен пакет за енергетска безбедност. Целта е да се обезбеди прилагодлив, безбеден и конкурентен енергетски систем за Украина. Целосно ќе ги интегрираме пазарите на електрична енергија на Украина и Молдавија со нашиот пазар на електрична енергија до крајот на следната година. Ќе го искористиме целосниот потенцијал на огромните складишта за гас во Украина, од кои 80 отсто се наоѓаат близу до земјите членки на ЕУ. Ова генерира приход за Украина. Ќе ги забрзаме и инвестициите во обновливата енергија на Украина. Сите овие напори ќе резултираат со поголема енергетска безбедност и за Украина и за Европската Унија, рече Фон дер Лајен. Инаку, Фон дер Лајен заедно со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и 21 еврокомесар денеска престојуваат во Киев со цел да ја изразат непоколебливата поддршка на ЕУ за борбата на Украина за независност и слобода на третата годишнина од почетокот на руската инвазија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКоалиција „Сите за правично судење“: Позитивна оценка и без забележани неправилности за гласањето за избор на новиот шеф на ОЈО ГОКК Со позитивна оценка и без забележани неправилности во гласањето и пребројувањето, Коалицијата „Сите за правично судење“ го оцени изборниот процес за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Сепак, во заклучоците од мониторингот забележуваат дека неофицијалните резултати протекле во медиумите уште во првиот час по затворањето на избирачките места, пред официјалното соопштување од Советот на јавните обвинители. -Непосредното набљудување не утврди неправилности при спроведувањето на гласањето и пребројувањето на гласовите, додека високата излезност на јавните обвинители и овозможувањето независен мониторинг на изборниот ден, вклучително и присуството на набљудувачи при гласањето и пребројувањето, претставуваат позитивни показатели за спроведувањето на изборниот процес. -Коалиција „Сите за правично судење“. Обвинителката Искра Хаџи Василева победи со 64 гласа, седум повеќе од Трајче Пеливанов, и ќе раководи со обвинителството во следните четири години. Поефикасни истраги, побрзо постапување по предметите и поголем фокус на финансискиот криминал и конфискацијата на незаконски стекнатиот имот се дел од приоритетите што ги најави новата шефица кога влезе во трката за позицијата. Во програмата предвидува и зајакнување на истражниот центар, кадровско екипирање и дигитализација на работата. Најавува и поширока примена на спогодувањето со обвинетите, со цел скратување на судските постапки. Но, покрај најавените реформи, новата шефица ќе мора да се справи и со старите слабости на обвинителството. Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, предупредува дека меѓу клучните предизвици се недостигот на финансиски средства, ефикасноста во работата и политичките влијанија врз обвинителите. -Мислам дека новата обвинителка, односно раководителка, повеќе може да делува на внатрешните ризици во самата институција, коишто се однесуваат на надзорот врз работењето на основните јавни обвинители од страна на повисоките обвинители, бидејќи анализата покажа дека овој надзор се врши само формалистички и остава простор за произволно и непрофесионално однесување. Понатаму, сѐ уште постоеше процедура на рачна распределба на предметите — таа кажа дека ќе се залага за дигитализација, го поздравувам тоа и сметам дека треба да има еден објективен начин на распредебилба на предметите,- изјави – Билјана Ивановска – Поранешен претседател на ДКСК. Хаџи Василева доаѓа на местото на Ислам Абази чиј мандат истекува на 8 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
БалканВучиќ: Во Србија владее терорАлександар Вучиќ на почетокот од декември најверојатно ќе се врати на кормилото на СНС, а во меѓувреме тој најавува дека партијата нема да учествува на претстојните претседателски избори.Според Вучиќ по изборниот пораз на СНС во Србија се спроведувал „револуционерен терор“ врз сопартијците и поддржувачите, а во такви услови како што изјави невозможно е нормално политичко дејствување.. -На партиското собрание следниот месец тој најави избор на ново раководство а две третини од членовите на главниот одбор и половина од претседателството ќе бидат нови луге. - Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Петседателката на српското собрание и в.д. Претседател на Србија, Ана Брнабиќ, повика претставниците на Студентска листа што побрзо да ја формираат владата и да преземат одговорност, бидејќи и според неа во моментов во Србија владее терор.. Таа најавува дека конститутивната седница на новото собрание ќе ја свика во накраток можен рок.. Според Брнабиќ претседателските избори мора да бидат распишани до 27 ноември за да се одржат на 27 декември, а доколку биде конституиран новиот парламентарен состав изборите ќе може да ги распише и новиот претседател на собранието..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзорСрпската Алта Банка остана без лиценца- Народната банка на Србијаја соопшти одлуката во 2 часот по полноќ, откако констатирале дека банката на бизнисменот Давор Мацура не успеала да ја стабилизира финансиската состојба и ликвидноста.Српската Алта Банка остана без лиценца- Народната банка на Србијаја соопшти одлуката во 2 часот по полноќ, откако констатирале дека банката на бизнисменот Давор Мацура не успеала да ја стабилизира финансиската состојба и ликвидноста, додека во исто време растел ризикот за неисполнување на обврските кон клиентите. Веста со молскавична брзина се прошири и создаде паника кај дел од граѓаните во соседството кои имаат сметки и заштеди во оваа банка. На социјалните мрежи е објавено видео од Нови Сад кадешто пред филијала на Алта чекаат редици граѓани, за кои се тврди дека сакаат да си ги подигнат своите пари, а таква слика утрово имало и пред експозитура на битолската Алта банка, но според некои информации се работи за пензионери кои ги чекале месечните пензии. Веднаш се отвори дилемата дали овие финансиски проблеми ќе се отсликаат во македонската Алта. Од банката тврдат дека се ликвидни, работат непречено и како што велат, не биле предмет на политички притисоци и пресметки како во Србија. Од кабинетот на гувернерот на Македонија пак потенцираат дека се работи за самостојно правно лице основано и регистрирано во земјава, и не значи дека одлуката во Србија ќе влијае на банката во Македонија. Уверуваат дека ја следат состојбата и постапуваат по закон. Народната банка ги следи и сите околности што можат да влијаат врз работењето на домашната банка, вклучително и ризиците што произлегуваат од нејзината сопственичка поврзаност. Во рамките на своите законски надлежности, Народната банка соодветно постапува и соработува со надлежните домашни и странски институции, со почитување на законските правила за доверливост на супервизорските информации.Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. – стои во соопштението на Народна банка на Македонија. Инаку одземањето дозвола не значи автоматско губење на заштедата на клиентите.. Во Србија депозитите се осигурани до 50 илјади евра по лице, без оглед на бројот на сметки, а сите кои имаат поголеми депозити ќе чекаат побарување во стечајна постапка. Од Алта банка Србија утрово соопштија дека експозитурите им се затворени, но исплати ќе има од поледелник. Агенцијата за осигурување депозити пак соопшти дека исплатата ќе почне најдоцна седум дена откако ќе биде донесено судско решение за стечај. Во меѓувреме четворицата вицегувернери на српската Народна банка бараат темелна истрага од обвинителството за одземањето на лиценцата на Алта Банка. Сопственикот на српската Алта банка Давор Мацура, како што пишуваат српските медиуми, има голем број компании, маркети, хотели, но и фирми од градежништо и финасии и во регионот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook