Фон дер Лајен: Новите санкции удираат во срцето на руската воена машинерија - Канал 5

Фон дер Лајен: Новите санкции удираат во срцето на руската воена машинерија

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го поздрави договорот на амбасадорите на ЕУ за воведување на 18. пакет санкции против Русија, оценувајќи дека тој „удира во срцето на руската воена машинерија“.

Фон дер Лајен: Новите санкции удираат во срцето на руската воена машинерија

„Санкциите се насочени кон банкарскиот, енергетскиот и воено-индустрискиот сектор на Русија, вклучително и со ново, динамично ограничување на цената на руската нафта. Притисокот останува активен и ќе трае додека Путин не ја запре овој војна“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).

Новите мерки, меѓу другото, предвидуваат исклучување на уште околу 20 руски банки од меѓународниот платен систем СВИФТ, ограничување на трговијата со нафта, како и целосна забрана за трансакции со Русија, вклучително и за преработена руска нафта во трети земји.

Пакетот ќе биде официјално усвоен на денешниот состанок на министрите на ЕУ во Брисел, при што се можни дополнителни измени пред неговото финално изгласување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хоџа на Министерска конференција на Процесот за соработка во ЈИЕ - Заеднички пристап кон климатските предизвици

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес присуствуваше на Министерската конференција во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP), што се одржа во Софија, Република Бугарија.

Хоџа на Министерска конференција на Процесот за соработка во ЈИЕ - Заеднички пристап кон климатските предизвици

Конференцијата беше посветена на зајакнување на регионалната соработка во областа на климатските политики, заштитата на животната средина и одржливиот развој. На настанот учествуваа високи претставници од земјите од регионот, како и Џесика Росвал, еврокомесарка за животна средина, отпорност на водните ресурси и конкурентна циркуларна економија.

Во рамки на конференцијата беа разменети ставови за унапредување на регионалната соработка, спроведување на зелената агенда и забрзување на процесите на усогласување со европските стандарди во областа на животната средина и климатските политики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 дојде до Компромисните амандмани на Европскиот парламент за Извештајот за Македонија

Канал 5 екслузивно дојде до Компромисни амандмани на Европскиот парламент за Извештајот за Македонија.

Канал 5 дојде до Компромисните амандмани на Европскиот парламент за Извештајот за Македонија

Спроведување на Договорот со Бугарија, продолжување на работата на Историската комисија и потврда дека уставните измени остануваат главниот услов за отворање на првиот преговарачки кластер – ова се дел од најчувствителните пораки во компромисните амандмани на Европскиот парламент за извештајот за Македонија до кои дојде Канал 5.

. Значајно е тоа што меѓу нив никаде директно не се споменува амандманот на известувачот за земјава Томас Вајц кој побара разјаснување дали вториот билатерален протокол меѓу Македонија и Бугарија е дел од условите за отворање на првиот преговарачки кластер. Наместо, тоа, документот се повикува на Договорот со Бугарија и обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка на земјава. Во амандманите се наведува и дека постојат различни толкувања за историските карактеристики на македонското општество, но содржана е и формулација според која јазичниот, културниот и националниот идентитет не треба да влијаат врз пристапниот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа

Премиерот Мицкоски прво ја прогласи Македонија за „третата најбрзорастечка економија во Европа“, а вчера ја спушти  амбицијата на „првите пет земји во Европа според растот на БДП“.

Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7%  животниот стандард паѓа

Секој ден нова манипулација на власта во економијата,

Премиерот Мицкоски прво ја прогласи Македонија за „третата најбрзорастечка економија во Европа“, а вчера ја спушти амбицијата на „првите пет земји во Европа според растот на БДП“.

Но и во едниот и во другиот случај станува збор за иста политичка намера, од една статистичка бројка да се направи економска бајка, додека граѓаните живеат во кошмарна економска реалност.

Економијата не се мери со самопофалби, туку со тоа што граѓаните реално можат да купат со својата плата - колку килограми овошје, колку месо, колку литри млеко, колку бензин, колку денови им се исполнети со достоинствен живот.

Државниот завод за статистика објави раст на БДП од 3,1% во првиот квартал. Но истиот извештај покажува дека финалната потрошувачка има учество од дури 86,4% во БДП. Ова е клучен параметар на економијата кој премиерот вчера го премолчи.

Растот главно доаѓа од потрошувачката, а потрошувачката расте во услови на високи цени, односно инфлација.

Кога граѓаните плаќаат повеќе за истите производи, номиналната потрошувачка расте. Но тоа не значи подобар живот, тоа значи поскап живот.

Ако БДП расте 3,1%, а инфлацијата е 5,7%, тогаш цените растат побрзо од економијата. Во реалноста, граѓаните трошат повеќе пари, а дома носат помалку производи.

Да ја извадиме економијата од владиниот прес-центар и да ја сместиме таму каде што ѝ е местото - на пазар и во маркет. А таму со 1.000 денари може да се купат 2 килограми цреши по 140 денари, 1,5 килограм праски по 95 денари, 1,5 килограм кајсии по 130 денари, една табла од 30 јајца за 275 денари и само 150 грама пилешки стек. Значи, една илјадарка едвај покрива неколку килограми сезонско овошје, една табла јајца и мало парче месо.

Владата може да слави проценти, но граѓаните секој ден бројат денари.

Почитувани,

Премиерот зборува за раст, но не зборува дека храната и безалкохолните пијалаци се поскапени за околу 8% на годишно ниво. Не зборува дека инфлацијата во Македонија е 5,7%, додека во Европската Унија е 3,2%, а во еврозоната 3%. Што значи дека нашите граѓани се под посилен ценовен притисок од европските граѓани.

Премиерот зборува и за индустриско производство. Да, во април има раст од 7,6%. Но, во јануари индустриското производство беше намалено за 6,6%, во февруари за 4,2%, а за првите четири месеци од годината растот е само 0,2%. Ова повеќе личи на стагнација отколку на индустриски подем.

Уште посериозно, бројот на работниците во индустријата во април е намален за 2,3%, а во првите четири месеци за 3%. Не може да се прогласува индустриски успех додека индустријата губи работници.

Градежништвото расте за 7,2%, но и тука приказната има друга страна. Цените на становите во Скопје во првиот квартал се повисоки за 16,7% на годишно ниво. Ако градежништвото расте, а домот станува сè понедостапен, тогаш растот на БДП не носи сигурност и достоинство.

Бруто-инвестициите растат само 1,8%, што е доказ дека не може да се зборува за структурен економски успех кој ќе создаде одржлива додадена вредност за животниот стандард.

Дополнително, странските директни инвестиции паднаа од 269,9 милиони евра во последниот квартал на 2025 година на 218,6 милиони евра во првиот квартал на 2026 година. Економскиот „успех“ што го слави премиерот во истиот квартал изгуби 51,3 милиони евра странски инвестиции.

И овде се разоткрива уште една димензија која Владата се обидува да ја сокрие - јавниот долг и финансирањето на ликвидноста. Кога растот на БДП се потпира на потрошувачка, а државата паралелно се задолжува за да ја одржува ликвидноста, станува збор за вештачко одржување на економската активност со пари што ќе ги враќаат граѓаните. Јавниот долг со новото задолжување од 260 милиони евра се приближува до 11,1 милијарди евра. Имаме економски модел во кој Владата се обидува денес да добие политичка корист, за која граѓаните утре ќе ја платат цената.

Почитувани,

Раст на БДП кој се храни од инфлација не носи развој, раст кој се потпира на долг не води кон сигурност и раст кој не ја зголемува куповната моќ на граѓаните не е успех.

Вистински економски напредок има само тогаш кога граѓанинот со својата плата може да купи повеќе, да живее посигурно и да планира иднина без страв од висината на следната сметка.

Ви благодарам на вниманието.

Прес конференција на СДСМ, Фатмир Битиќи – пратеник

YouTube video

Битиќи: Граѓаните можат да купуваат сè помалку, тоа е вистинската мерка за економијата

Секој ден има нова манипулација на власта во економијата, Мицкоски се обидува од една статистичка бројка да направи економска бајка, додека граѓаните секој ден се соочуваат со сè потежок животен стандард и сè повисоки цени.

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната прес конференција истакна дека економијата не се мери со владини самопофалби, туку со тоа што граѓаните реално можат да купат со својата плата.

„Економијата не се мери со самопофалби, туку со тоа што граѓаните реално можат да купат со својата плата – колку килограми овошје, колку месо, колку литри млеко, колку бензин, колку денови им се исполнети со достоинствен живот“, порача Битиќи.

Тој нагласи дека Владата го слави растот на БДП од 3,1 отсто, но премолчува дека инфлацијата од 5,7% го јаде стандардот и дека клучни економски показатели покажуваат дека граѓаните живеат сè потешко.

„Државниот завод за статистика објави раст на БДП од 3,1% во првиот квартал. Но истиот извештај покажува дека финалната потрошувачка има учество од дури 86,4% во БДП. Ова е клучен параметар на економијата кој премиерот вчера го премолчи“, рече Битиќи.

Kога цените растат побрзо од економијата, граѓаните не живеат подобро, туку плаќаат повеќе за помалку производи, додаде тој.

„Ако БДП расте 3,1%, а инфлацијата е 5,7%, тогаш цените растат побрзо од економијата. Во реалноста, граѓаните трошат повеќе пари, а дома носат помалку производи“, истакна Битиќи.

Тој посочи дека вистинската слика за состојбата не се гледа во владините прес-конференции, туку во маркетите и на пазарите.

„Да ја извадиме економијата од владиниот прес-центар и да ја сместиме таму каде што ѝ е местото – на пазар и во маркет. А таму со 1.000 денари може да се купат 2 килограми цреши по 140 денари, 1,5 килограм праски по 95 денари, 1,5 килограм кајсии по 130 денари, една табла од 30 јајца за 275 денари и само 150 грама пилешки стек. Значи, една илјадарка едвај покрива неколку килограми сезонско овошје, една табла јајца и мало парче месо“, рече Битиќи.

Битиќи предупреди и на слабите инвестиции, падот на странските директни инвестиции и намалувањето на бројот на работници во индустријата.

„Не може да се прогласува индустриски успех додека индустријата губи работници“, нагласи тој.

„Раст на БДП кој се храни од инфлација не носи развој, раст кој се потпира на долг не води кон сигурност и раст кој не ја зголемува куповната моќ на граѓаните не е успех. Вистински економски напредок има само тогаш кога граѓанинот со својата плата може да купи повеќе, да живее посигурно и да планира иднина без страв од висината на следната сметка“, истакна пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната прес конференција.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер