Фон дер Лајен: Нападите на Хамас врз Израел донесоа огромно страдање на израелскиот народ - Канал 5

Фон дер Лајен: Нападите на Хамас врз Израел донесоа огромно страдање на израелскиот народ

Нападите на Хамас врз Израел донесоа огромно страдање на израелскиот народ и невините Палестинци.

Фон дер Лајен: Нападите на Хамас врз Израел донесоа огромно страдање на израелскиот народ

Не може да има оправдување за терористичките акти и варварски напади на Хамас врз Израел, кои уште еднаш најсилно ги осудувам, наведе претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по повод годишнината од ланските напади на палестинската исламистичка група врз израелската територија во кои беа убиени 797 цивили, меѓу кои 36 деца и 379 припадници на безбедносните сили, околу 3400 лица беа ранети, а 251 Израелец беа одведени како заложници.

- На 7 октомври 2023 година, светот се разбуди со ужасни слики на неискажливо дивјаштво, сцени кои засекогаш ќе останат врежани во нашите умови. Тие донесоа огромно страдање не само на народот на Израел, туку и врз невините Палестинци. На оваа трагична годишнина сакам да оддадам почит на жртвите. Европската Унија жали за сите невини луѓе чии животи се уништени од тој кобен ден, наведе Фон дер Лајен во изјавата.

Таа потсетува дека ЕУ постојано повикува на итен прекин на огнот во Газа, безусловно ослободување на сите заложници и за прекин на конфликтот, како и дека ги поддржува тековните дипломатски напори за постигнување сеопфатен договор

Според Фон дер Лајен, една година подоцна, хуманитарната ситуација во Газа е ужасна, па затоа ЕУ ќе продолжи да прави се што е во нејзина моќ за да обезбеди финансиска поддршка и да ја олесни испораката и дистрибуцијата на хуманитарна помош, како до палестинскиот народ, така сега и во Либан.

- Терористичките напади на Хамас врз Израел поттикнаа спирала на насилство што го доведе целиот регион во состојба на екстремна тензија и нестабилност. Сите страни мора да дејствуваат одговорно, воздржано и да се ангажираат за деескалација на сегашните тензии, наведува претседателката на ЕК.

Фон дер Лајен потенцира и дека додека работи на справување со сегашната криза, Европската Унија настојува да помогне да се подготви теренот за идните чекори во мировниот процес.

- Ќе ги поддржиме сите напори за постигнување услови за траен мир, што ќе доведе до решение за создавање две држави - Израел и Палестина, кои ќе коегзистираат една покрај друга во мир и безбедност. Тоа е единствениот остварлив пат напред за конечно да се стави крај на страдањето, нагласува Фон дер Лајен.

Таа, исто така, истакна и дека ЕУ сочувствува со еврејските заедници ширум светот во услови на нагло зголемување на антисемитските инциденти.

- Мора колективно да се бориме против ова зло каде и да се шири - вклучително и онлајн. Ќе продолжиме да ја имплементираме, а по потреба и да ја ажурираме, нашата Стратегија за борба против антисемитизмот. Ќе посветиме повеќе ресурси за оваа цел. Секој треба да биде слободен да ја исповеда својата вера во нашата Унија. Се гордееме со нашата различност. Мораме да ја заштитиме по секоја цена, додава Фон дер Лајен во пораката по повод годишнината од ланските напади на Хамас врз Израел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По неколку часа укината забраната за летови во САД: „хаосот ќе продолжи“

Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) соопшти дека авиокомпаниите можат да ги продолжат летовите по прекинот на системот за контрола на летот низ целата земја што траеше неколку часа.

По неколку часа укината забраната за летови во САД: „хаосот ќе продолжи“

Сепак, предупреди дека доцнењата и откажувањата ќе продолжат.

Забраната за летови, која влијаеше на милиони Американци, беше укината во 20:15 часот по локално време, изјави американскиот министер за транспорт Шон Дафи.

Сепак, Дафи им рече на новинарите дека прекинот имал влијание и дека проблемите ќе траат со денови.

„FAA“ соопшти дека „темелно ги тестирала“ своите системи за да потврди дека се стабилни и дека операциите остануваат сигурни пред да одобри продолжување на летовите.

Сепак, околу 2.000 полетувања закажани за денес беа откажани, објави „CNN“.

Повеќе од 7.700 летови во Соединетите Држави беа откажани вчера, додека повеќе од 8.000 беа одложени.

Преетставници од администрацијата ја обвинија застарената технологија за прекинот и предупредија дека слични инциденти ќе се случат повторно додека системот не се модернизира.

Домашните летови во Соединетите Американски Држави повторно добија дозвола за полетување откако федералните власти вчера воведоа неколкучасовна забрана за безбедност, предизвикана од прекин на телекомуникациите.

На прес-конференција рано утрово, министерот за транспорт Шон Дафи предупреди дека се можни понатамошни прекини доколку системот не се надгради итно.

Тој апелираше до Конгресот да го одобри потребното финансирање за модернизацијата и додаде дека враќањето во нормален сообраќај ќе биде бавно.

Дафи рече дека ќе биде потребно време за да се смири хаосот во патувањето, бидејќи многу патници остануваат заглавени на аеродромите.

Проблемот е застарен систем

Министерот за внатрешна безбедност Марквејн Малин претходно прецизираше дека прекинот е предизвикан од ажурирања на застарените системи извршени од „FAA“ и дека проблемот е предизвикан од „прекин на телекомуникациите“ и дека нема докази дека станува збор за кибернапад.

Тој нагласи дека прекинот на летовите не е резултат на безбедносна закана за Соединетите Американски Држави.

Некои патници седеле во авиони и чекале со часови на пистата бидејќи аеродромите немаат простор на портите за да им дозволат да се симнат.

Ова е втор пат таква забрана за летови да се воведе во Соединетите Американски Држави, првата беше прогласена по терористичките напади од 11 септември 2001 година.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност

Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави Николоски

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

"Изведбата на автопатот оди со одлична динамика и морам да кажам дека сите се ангажирани и изведувачите и надзорот. Навистина прават одлична работа и се повеќе и јавноста може тоа да го види, така што остануваме на она што го ветивме, а тоа е согласно роковите, до крајот на мај месец да имаме не само целосно пуштен автопат, туку и автопат со сите потребни документи, нешто што, за жал, не сме го гледале често во минатото"- истакна заменик претседателот Николоски.

Тој потврди дека завршени се и градежните работи на потегот од Извор до Врбјани заедно со тунелите кај Пресека. Најави дека во моментов се спроведува најновата европска директива за безбедност во сообраќај за тунели.

"Од друга страна, оној најтежок дел, што оди од селото Извор -кичевско до селото Врбјани во Дебарца, очекувам во следните неколку недели да биде ставен во функција. Таму градежните работи се целосно завршени, што може да се види и со голо око. Пробиен е тунелот, двете тунелски цевки се пробиени, едната е во должина од 2.100 метри, втората е во должина од 1.990 метри и се работи за најдолги тунелски цевки во Македонија. Исто така четирите галерии што се на овој дел се завршени. Завршен е и целосно трупот на патот, мостовите, вијадуктите, така што од градежен аспект целокупната работа е завршена. Она што го правиме во моментов е спроведување на најновата европска директива за безбедност во сообраќај, особено во тунели, така што се прават сите потребни тестирања со цел да имаме највисоко ниво на безбедност во рамки на тунелот. И ова ќе е првпат оваа европска директива да биде применета не само во Македонија, туку во целиот регион и во таа насока во моментов се случуваат тестирањата" -изјави вицепремиерот Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата

Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски од Општина Кисела Вода.

Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата

„Добар ден и од мене.

Како што вчера најавив, полека, проект по проект ќе ги завршуваме, но и проект по проект оние коишто не се почнати ќе ги отпочнуваме. Како што кажа и градоначалничката, станува збор за проект каде што имаме јасна соработка помеѓу Владата и општината. Целокупниот проект е многу значаен за овој дел на Општина Кисела Вода, затоа што тоа што недостасуваше досега, тоа е водата за пиење. Ќе биде конечно затворен тој проблем. Откако ќе биде завршена оваа подземна инсталација, следен чекор е да го поминеме и патот со нов асфалт.

Така што плански се работи, систематски се работи, потребите се јасни, а ние како Влада, нашата задача и цел е да овие потреби одговориме согласно нашите можности и се надевам дека тоа досега го правиме. Сакам да изразам благодарност и до градоначалничката, до советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалничката, до пратениците во македонското Собрание, до колегите од Владата, до Министерството за животна средина и просторно планирање. Како што кажав, ова е заеднички проект и добро е што оваа синергија функционира и на терен и се прават вакви проекти, а ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да реализираме она што се потреби на граѓаните.

Ви благодарам.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер