Фон дер Лајен му порача на Зеленски дека ЕУ секогаш ќе ја поддржува Украина во потрагата по мир - Канал 5

Фон дер Лајен му порача на Зеленски дека ЕУ секогаш ќе ја поддржува Украина во потрагата по мир

 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Европа секогаш ќе ја поддржува Украина во нејзината потрага по мир.

Фон дер Лајен му порача на Зеленски дека ЕУ секогаш ќе ја поддржува Украина во потрагата по мир

„Можете да сметате на нашата поддршка на преговарачката маса за да постигнете праведен и траен мир“, напиша таа на официјалните социјални мрежи по средбата со Зеленски во Рим, каде што двајцата присуствуваа на погребот на папата Франциск.

Претседателката на ЕК додаде дека со украинскиот претседател разговарала и за чекорите што ги презема Киев за да го заслужи своето место во европското семејство. /МИА

Николоски: Инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оцени дека стратешко партнерство со Обединетото Кралство значи инвестиции во инфраструктурата, здравството, образованието.   

Николоски: Инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места

-Ова партнерство значи инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места и силна економија и стратешка позиционираност на Македонија, напиша на неговиот официјален фејсбук профил Николоски кој заедно со владини министри присуствуваше на заедничката прес-конференција во Владата на премиерот Христијан Мицкоски и британскиот амбасадор Метју Лосон по повод постигнатата согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство ќе овозможи најсилна досега економска соработка меѓу двете влади и претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по стратешкото партнерство со САД, што е потврда оти нашата држава чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски со британскиот премиер Кир Стармер вчера на средбата во Тирана одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница, постигнаа согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, кој наредната недела треба да биде потпишан во Лондон.

УХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст

Следува период на топло време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст,  информира Управата за хидрометеоролошки работи. 

УХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст

Во следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

УХМР за утре најавува минимална температура од -1 до 7 степени, а дневната од 14 до 26 степени.

Минчев во Кичево: Ќе ја вратиме довербата во локалните самоуправи

ЗНАМ со сопствени листи за советници и план за локален развој.

Минчев во Кичево: Ќе ја вратиме довербата во локалните самоуправи

Во рамки на теренската кампања „Заедно повеќе знаеме“, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев, оствари средби со граѓаните, членовите и симпатизерите во Македонски Брод и Кичево.

Минчев порача дека вистинската сила е во народот и дека ЗНАМ ја гради својата програма врз основа на реалните проблеми и потреби на луѓето: „Не ветуваме чуда, туку решенија. За нас политиката не е маркетинг, туку обврска кон секој граѓанин кој чека правда, работа и достоинствен живот. Нашата визија е чесна Македонија во која институциите ќе бидат на страна на народот, а не на партиските елити.“ - истакна Минчев. Средбите во овие две општини беа искористени и за дијалог со младите, земјоделците и претставниците на локалниот бизнис, при што беа отворени клучни прашања како што се:

– иселувањето на младите

– нефункционалната администрација

– недостатокот на инфраструктурни инвестиции

– потребата од децентрализација

„Македонски Брод и Кичево не бараат милост, туку шанса. Нашиот план е јасен – ќе донесеме локални политики со вистинска финансиска поддршка и транспарентна реализација. Време е граѓаните да добијат институции што работат за нив, а не против нив.“ - порача Минчев.

Во таа насока, тој најави дека Движењето ЗНАМ ќе настапи со сопствени советнички листи во сите општини каде што граѓаните препознаваат потреба од нова политичка енергија и кадар без партиски багаж.

„Заедно со Вас, ќе понудиме луѓе со кредибилитет, интегритет и желба да работат. Ќе им дадеме шанса на нови лица од локалната заедница – млади, жени, активисти, кои знаат и сакаат да ја променат средината во која живеат.” - додаде Минчев.

Во рамки на посетата на Македонски Брод, генералниот секретар Горан Минчев присуствуваше и на отворање на канцеларијата на Општинската организација на Движењето ЗНАМ, која ќе биде отворен простор за комуникација со граѓаните, предлози и иницијативи од локалната заедница.

Движењето ЗНАМ продолжува со теренските посети низ целата држава, со цел градење на изборна програма што ќе произлезе од дијалогот со граѓаните, а не зад затворени партиски врати.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

притисни ентер