Фон дер Лајен: Мора да работиме на иднината на европската безбедносна архитектура - Канал 5

Фон дер Лајен: Мора да работиме на иднината на европската безбедносна архитектура

„Повеќе нема место за илузии, мора да работиме на иднината на европската безбедносна архитектура“, вели Фон дер Лајен.

Фон дер Лајен: Мора да работиме на иднината на европската безбедносна архитектура

Време е Европа да зајакне, сами да ги браниме нашите интереси и вредности и да ја намалиме зависноста од енергијата, од клучни технологии и од одбраната, па затоа треба да почнеме да работиме на иднината на нашата безбедносна архитектура, опфаќајќи ги сите овие димензии, порача денеска претседателката на Европската комисија во обраќање пред Европскиот парламент во Стразбур во рамки на дебатата за безбедноста и одбраната на ЕУ.

- Во последните години се урнати многу европски илузии. Илузијата дека мирот е постојан. Илузијата дека економскиот просперитет може да биде поважен од уништувањето на слободна и демократска Украина. Илузијата дека Европа сама прави доволно за безбедноста, било да е тоа економска или воена, конвенционална или кибер. Како што гледаме околу нас, јасно е дека повеќе нема место за илузии, нагласи Фон дер Лајен.

Таа истакна дека во време на зголемено и вознемирувачко здружување на авторитарните режими, на несигурност и конфликти во Украина и на Блискиот Исток и на агресивна економска конкуренција што има реални европски безбедносни ризици, Европа по итно мора да се разбуди, затоа што се загрозени нејзината слобода и просперитет.

- Треба да почнеме да работиме на иднината на европската безбедносна архитектура. Во сите нејзини димензии и со сета брзина и потребната политичка волја. Заканите за нашата безбедност, нашиот просперитет и нашиот начин на живот доаѓаат во многу форми. Некои од нив очигледни, некои од нив се позаматени на површината. Ние Европејците мора да внимаваме. Ова не е само за пораз на насилниците на бојното поле, туку и во целото наше општество. Тоа ќе биде заеднички напор. Но, уверена сум дека ќе одговориме на овој предизвик, рече Фон дер Лајен.

Според неа, европското единство и суверенитет само ќе придонесат за зајакнување на партнерства на ЕУ и никогаш нема да влијаат на значењето и потребата од постоењето на НАТО.

- Всушност, посуверена Европа, особено во одбраната, е од витално значење за зајакнување на НАТО, изјави Фон дер Лајен, додавајќи дека во сржта на европскиот суверенитет се одговорноста и способност на ЕУ сама да ги брани своите интереси и вредности и да ја намали стратешката зависности во критичните области, како што се енергијата, клучните технологии, економските капацитети и одбраната.

Таа потсети дека националните буџети за одбраната на земјите членки на ЕУ минатата година веќе се зголемиле за 20 отсто, дополнително се обезбедени и 6,1 милијарди евра од Европскиот мировен фонд за поддршка на украинските вооружени сили со воена опрема и материјали, а направени се и клучни чекори кон зголемувањето на капацитетите на европската одбранбена индустрија.

- Ова ќе ни овозможи приближно да го удвоиме европското производство на муниција, до над две милиони парчиња годишно до крајот на 2025 година, истакна претседателката на ЕК.

Таа додаде дека заканата од војна можеби „не е непосредна, но не е невозможна“, па затоа Европа мора да биде подготвена преку итна обнова, надополнување и модернизација на вооружените сили на земјите членки и преку зајакнување на оперативната способности и одбранбените индустриски капацитети во следните пет години.

- Европа мора да троши повеќе, да троши подобро, да троши европски, потенцира Фон дер Лајен, најавувајќи дека во текот на следните недели Европската комисија ќе ја предложи првата европска стратегија за одбранбената индустрија, чиј главен приоритет ќе бидат заедничките набавки во одбраната.

Според Фон дер Лајен, преземањето на сите овие чекори нема да биде лесно и ќе бидат потребни „храбри одлуки и политичка храброст“ и нов европски начин на размислување за одбраната, како од страна на институциите, така и од индустријата и инвеститорите, затоа што одбранбената индустрија во Европа има потреба од пристап до капитал.

Таа се осврна и на замрзнатите руски средства во ЕУ, потенцирајќи дека е време да се започне дебата за користење на „неочекуваните профити“ од нив за заедничка набавка на воена опрема за Украина.

- Не може да има поголема симболика и поголема корист од овие пари, од тоа и Украина и цела Европа да се направат побезбедно место за живеење. На крајот на краиштата, Европа ја презема одговорноста за сопствената безбедност. Едноставната вистина е дека го немаме луксузот на удобност. Ние немаме контрола врз изборите или одлуките во другите делови на светот и ние едноставно немаме време да го занемаруваме ова прашање. Со или без поддршка од нашите партнери, не можеме да дозволиме Русија да победи. Цената на несигурноста, цената на руската победа, е многу поголема од секоја заштеда што би можеле да ја направиме сега. Затоа е време Европа да се засили. Да живее Европа, истакна Фон дер Лајен во обраќањето пред ЕП./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена се шокирала кога видела што испливало од тоалетот- не е змија, ниту стаорец (ВИДЕО)

Мајка од Тексас, која на TikTok се претставува под името Бел, ја очекувало вистинско изненадување кога нејзината ќерка пронашла необичен гостин во тоалетот.

Жена се шокирала кога видела што испливало од тоалетот- не е змија, ниту стаорец (ВИДЕО)

Суштеството што го снимила воопшто не било како она што повеќето луѓе би очекувале да го најдат во тоалет.

Животното било предадено на властите

По почетниот шок, мајката сфатила дека пред себе има мал опосум, кој подоцна го нарекла Пупи. Нејзиното видео станало вирално и собрало над 10 милиони прегледи.

Сепак, приказната не завршила тука. Неколку часа подоцна, мајката потврдила дека успеала да го извлече животното од тоалетот, а потоа го измила во мијалникот.

Бел ги информирала своите следбеници дека го предала опосумот во центар за рехабилитација на диви животни, каде што ќе добие соодветна грижа.

Необичната средба предизвика лавина од коментари, при што корисниците ги споделија своите стравови, изненадување и загриженост за животното.

„Ова ме потсетува на фобија...“

„Очекував змија, а не бебе опосум“, напишал еден корисник.

Друг признал дека веднаш би зграбил крпа, би го избришал животното и би го пречекал како ново домашно милениче.

Имало и такви кои изразиле загриженост за сè низ што поминало бебето, надевајќи се дека не е повредено и дека е третирано со грижа и сочувство.

„Ова ме потсетува на фобија дека змија може да излезе од тоалетот и да ме касне“, истакнало едно лице.

Смирени, плашливи и резервирани

Опсумите се интересни животни кои по изглед личат на големи стаорци, поради што луѓето често ги разбираат погрешно. Сепак, тие не се тесно поврзани со глодарите, туку припаѓаат на групата торбари, исто како кенгурите и коалите.

Тие се генерално мирни, плашливи и резервирани, не покажуваат природна агресија и претпочитаат да избегнуваат конфликт.

Кога се чувствуваат загрозени, можат широко да ги отворат устите, покажувајќи ги забите, свиркајќи и ржејќи.

Иако ова однесување може да изгледа застрашувачки, тоа е првенствено обид да се исплаши потенцијален напаѓач.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Шпанија во недела се одржуваат парламентарни избори, анкетите предвидуваат пораз на Санчез

Шпанските гласачи излегуваат на гласачките места во недела, 29 ноември, а анкетите на јавното мислење покажуваат дека социјалистичкиот премиер Педро Санчез нема да може да го продолжи својот осумгодишен мандат.

Во Шпанија во недела се одржуваат парламентарни избори, анкетите предвидуваат пораз на Санчез

Шпанските гласачи излегуваат на гласачките места во недела, 29 ноември, а анкетите на јавното мислење покажуваат дека социјалистичкиот премиер Педро Санчез нема да може да го продолжи својот осумгодишен мандат, а се очекува конзервативната Народна партија (ПП) на Алберто Нуњез Фејо да освои најмногу гласови и да формира влада со поддршка на крајно десничарската партија Вокс.

Последната телевизиска дебата меѓу лидерите на четирите главни политички партии, одржана во четврток вечерта, ги истакна поделбите меѓу двата политички блока - владејачката коалиција на Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) и левичарскиот Широк фронт, од една страна, и Народната партија и Вокс, од друга страна, објави Би-Би-Си.

Дебатата беше обележана со бројни прекини, меѓусебни обвинувања и остри зборови, а се фокусираше на кризата со домувањето, трошоците за живот, имиграцијата и насилството врз жените.

Кризата со домувањето беше една од главните карактеристики на изборната кампања, за време на која граѓаните низ целата земја протестираа против високите цени на недвижностите и кириите, симболично тресејќи ги клучевите.

Поради високата цена на домувањето, многу млади луѓе не се во можност да станат независни.

Лидерката на Народната партија, Феихо, вети дека ќе изгради милион нови станови, ќе ги намали даноците за купувачите на прв дом под 40 години и ќе го укине законот за домување донесен од социјалистите, оценувајќи дека пристапот до домување станал „витална итна состојба“.

Лидерката на Широкиот фронт, Ада Колау, се залагаше за итно оданочување на богатите и сопствениците на недвижности кои, како што рече, ги експлоатираат станарите.

Санчез, отфрлајќи ги критиките дека неговата влада не го решила проблемот, потсети на неодамнешните вонредни мерки воведени за заштита на станарите и ограничување на кириите.

Социјалистите, сепак, се соочија со критики дека не направиле доволно за да ја решат кризата со домувањето во текот на нивните осум години на власт.

Санчез ги свика предвремените избори откако парламентот ги отфрли неговите итни реформи во областа, а ревидираната верзија на предлогот подоцна беше испратена до постојана парламентарна комисија и вклучува ограничувања за иселување и зголемување на кириите.

Второто најважно прашање за гласачите, според анкетите спроведени за време на кампањата, се трошоците за живот, бидејќи платите не се во чекор со зголемувањето на цените, што се наведува како една од причините за падот на поддршката за партијата на Санчез.

Имиграцијата е третото најважно прашање

Вокс, која е трета најголема политичка сила во земјата според анкетите, се залага за давање приоритет на шпанските граѓани пред странците при распределбата на социјални станови, помош за домување и други социјални бенефиции.

Партијата на лидерот Сантијаго Абаскал, исто така, се залага за депортација на странски државјани осудени за кривични дела. Критичарите предупредуваат дека таквата политика би можела да влијае и на странците кои живеат и работат легално во Шпанија.

Во дебатата, Абаскал ги повика гласачите да гласаат за да се запре она што тој го нарече „миграциска инвазија“, да се бранат границите и да се воспостави „национален приоритет“ при распределбата на социјалните бенефиции.

Санчез, пак, верува дека странската работна сила е од суштинско значење за економскиот раст на Шпанија. Темата за насилството врз жените, исто така, ја одбележа последната дебата.

Колау, единствената жена меѓу четворицата учесници, ги повика другите лидери да го осудат насилството врз основа на пол. Санчез и Феихо го сторија тоа, додека Абаскал избегна да одговори, велејќи дека нема да постапува по наредби од други.

Санчез и Колау се обидоа да ги претстават Народната партија и Вокс како политички блок што заедно ќе ја преземе власта и ги повикаа гласачите да спречат враќање на десницата на власт.

Феихо ги повика граѓаните да гласаат врз основа на искуството од претходната влада и вети дека одговорно ќе управува со земјата.

Санчез најави дополнителни јавни расходи во вредност од милијарди евра во последните денови од кампањата, вклучувајќи зголемување на платите и пензиите во јавниот сектор, како и намалување на цените на транспортот.

Единствените точки на согласност за време на синоќешната двочасовна дебата беа поддршката за одржување на финалето на Светското првенство во Шпанија и честитки до Шпанецот Пабло Ернандез де Кос за неговото назначување за претседател на Европската централна банка.

Според анкетите на јавното мислење, во Шпанија ќе се формира десничарска коалиција по предвремените парламентарни избори закажани за недела, која ќе ја замени сегашната малцинска влада предводена од социјалистите, на чело со премиерот Педро Санчез, покажуваат најновите анкети, пренесува „Еуроњуз“.

Речиси сите анкети на јавното мислење покажуваат дека евентуалната коалиција на конзервативната Народна партија (ПП) и крајно десничарската партија Вокс би можела да освои доволно гласови за апсолутно мнозинство во Долниот дом на парламентот, кој има 350 места, според Ројтерс.

Анкетите на јавното мислење покажуваат зголемување на поддршката за Вокс, особено кај помладите гласачи и оние кои гласаат за прв пат. Иако се очекува Народната партија да освои најмногу гласови, ќе ѝ биде потребна поддршката од Вокс за да формира влада.

Доколку двете партии постигнат договор, тоа би бил прв влез на крајната десница во националната влада на Шпанија последниве 50 години.

Интензивната двонеделна изборна кампања завршува денес, по петнаесет дена настани и митинзи низ цела Шпанија, со Педро Санчез (PSOE) во Мадрид, Алберто Нуњез Феихо (PP) во Севиља, Сантијаго Абаскал (Vox) во Валенсија и Ада Колау (Frente Amplio) исто така во Мадрид, објавува шпанскиот EFE.

Педро Санчез, кој е еден од последните левичарски лидери во Европа, ги распиша изборите откако парламентот на 2 октомври ги отфрли неговите декрети наменети за ублажување на растечкото незадоволство поради зголемувањето на кириите и присилните иселувања.

На предвремените парламентарни избори ќе бидат избрани сите 350 членови на Долниот дом на парламентот преку затворени партиски листи, како и 208 од 266 членови на Сенатот. Премиерот го избира исклучиво Долниот дом, додека преостанатите сенатори ги назначуваат регионалните парламенти.

Новиот Долен дом ќе се состане на 23 декември за да избере претседател на парламентот, а потоа шпанскиот крал Фелипе ќе предложи кандидат за премиер, обично лидерот на партијата што освоила најмногу гласови.

За да биде избран, кандидатот мора да обезбеди апсолутно мнозинство, или најмалку 176 гласови, или едноставно мнозинство во вториот круг од гласањето.

Нема рок за преговори за владина коалиција, но новата влада мора да се формира во рок од два месеци од тоа гласање за да се избегнат нови избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во зоолошка: Пожарникари спасуваат крокодил од 4,5 метри, му се заглавила коска во грлото (ВИДЕО)

Тим од службата за спасување животни интервенираше во зоолошкиот парк Пјерлат во јужна Франција за да му помогне на Жорж, крокодил долг 4,5 метри и тежок 400 килограми, на кого му се заглавила говедска коска во грлото.

Драма во зоолошка: Пожарникари спасуваат крокодил од 4,5 метри, му се заглавила коска во грлото (ВИДЕО)

Чуварите во зоолошката градина го забележале проблемот неколку дена претходно и, бидејќи животното требало безбедно да се врзе, ги повикале пожарникарите, објави весникот „Паризиен“.

Му ставиле ласо околу вилицата

За да го спречат крокодилот да избега во водата, му ставиле ласо околу вилицата, му ја покриле главата со крпа, а потоа му ги отвориле вилиците со дрвен предмет.

Чуварите успеале да ја отстранат коската користејќи долги клешти за време на интервенцијата што траела околу еден час. Крокодилот останал смирен за време на постапката.

Противпожарната служба соопшти дека Жорж успешно се опоравил и сега се чувствува многу добро.

Трагедија во Синсинати

За потсетување, женски нилски коњ по име Фиона, едно од најпознатите животни во САД, неодамна почина откако ветеринарите во зоолошката градина во Синсинати со денови се обидуваа да ѝ помогнат безбедно да свари плетена капа што случајно ја проголта.

Зоолошката градина објави дека сите обиди да се спаси нејзиниот живот биле неуспешни, и покрај напорите на ветеринарниот персонал и луѓето кои се грижеле за неа секојдневно.

Портпаролката на зоолошката градина, Мишел Карли, нагласи дека станува збор за несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер