Фон дер Лајен: Косово треба да преземе дополнителни чекори за му се укинат санкциите од ЕУ - Канал 5

Фон дер Лајен: Косово треба да преземе дополнителни чекори за му се укинат санкциите од ЕУ

На прес-конференција по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи, Фон дер Лајен рече дека заедно со косовските лидери се посветени на остварување на овие цели.

Фон дер Лајен: Косово треба да преземе дополнителни чекори за му се укинат санкциите од ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамки на нејзината балканска турнеја денеска престојува во Приштина, изјави дека косовските власти мора да работат на следните чекори за да се дојде до точка кога земјите-членки на Европската унија ќе постигнат согласат да ги укинат мерките кон државата, јави дописникот на МИА од Приштина.

На прес-конференција по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи, Фон дер Лајен рече дека заедно со косовските лидери се посветени на остварување на овие цели.

Таа го оцени како позитивен чекор отворањето на граничниот премин со Србија, Мердар за премин на српска стока.

„Многу е важно да работиме заедно, а ние го поздравивме отворањето на границата и напредокот во ЦЕФТА. По ова треба да работиме на понатамошни чекори за да дојдеме до точка каде што ќе може да се укинат мерките и тоа ќе помогне да се убеди земјите-членки, затоа што, како што знаете, сите земји-членки мора да се договорат за укинување на мерките. Ние двете (Фон дер Лајен и Османи) сме посветени на изнаоѓање на потребните чекори за постигнување на овие цели. Важно е да го видиме Косово како наш партнер и да го овозможиме патот на Косово кон ЕУ“, рече таа.

Косово е под мерки на ЕУ од јуни минатата година по немирите во општините водени од градоначалници Албанци на косовскиот север, населен со српско мнозинство. За тогашните инциденти меѓународните претставници ја обвинија Владата на Албин Курти, забележувајќи ѝ дека не презела чекори за смирување на ситуацијата.

Фон дер Лајен пред новинарите во Приштина истакна дека проширувањето на ЕУ ќе биде на врвот на агендата во нејзиниот втор мандат како претседателка на ЕК и дека е посветена на земјите од Западен Балкан да им ги обезбеди сите потребни алатки за членство во ЕУ.

„Знам дека во последните години Косово напорно работеше на зајакнување на демократијата и владеењето на правото и сакам да ве уверам вас и Косово дека во мојот втор мандат, проширувањето ќе биде на врвот на агендата. За мене тоа е еден од најголемите проекти. Поради оваа причина, ќе работиме заедно за да одиме напред бидејќи јас сум посветена на иднината во која сите земји од Западен Балкан ќе ги имаат сите потребни алатки и инструменти за да го направат ова реалност“, изјави Фон дер Лајен.

Од Косово, претседателката на Европската комисија денеска ќе отпатува за Подгорица, каде што ќе ја заврши нејзината четиридневна турнеја на регионот, која започна во средата, на 23 октомври, со посета на Албанија.

Од Тирана, Фон дер Лајен во четвртокот допатува во Скопје, а истиот ден, по средбите со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски, отпатува за Босна и Херцеговина, каде што ги посети областите погодени од неодамнешните поплави.

Од Сараево Фон дер Лајен вчера замина за Белград, каде што имаше средба со српскиот претседател, Александар Вучиќ. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Заменик-министрите на ДУИ молчеа кога Албанците беа нарекувани „терористи“, а денес ДУИ држи лекции за Албанците

ДУИ уште еднаш ја активираше својата фабрика за лаги. Кога нема факти, измислува бројки. 

ВЛЕН: Заменик-министрите на ДУИ молчеа кога Албанците беа нарекувани „терористи“, а денес ДУИ држи лекции за Албанците

Кога нема аргументи, создава паника. Кога ќе биде фатена во манипулација, се обидува да ја прикрие со врева.

Чиста лага е обидот на ДУИ да го измеша конкурсот за вработување во полицијата со конкурсот за ученици во средното полициско училиште. Станува збор за две целосно различни постапки, а нивното намерно мешање е доказ за политичкиот очај на една партија која се обидува да создаде лажна перцепција во јавноста.

Најголемата иронија е што денес ДУИ се претставува како заштитник на Албанците. Но, каде беа заменик-министрите на ДУИ кога стоеја покрај министрите кои ги нарекуваа Албанците „терористи“? Каде беа кога еден министер изјавуваше дека не му дава право на еден Албанец да зборува само затоа што го осудил?

Тогаш молчеа. Денес држат лекции.

На Албанците не им требаат лекции од оние кои молчеа кога требаше да зборуваат, а денес се гласни само за да ги прикријат сопствените неуспеси.

ДУИ нема ниту морален, ниту политички кредибилитет да зборува за застапеноста на Албанците. По 22 години власт, не може да се крие зад пропаганда и клевети.

ВЛЕН нема да дозволи лагите на ДУИ да ги заменат фактите. Времето кога Албанците се манипулираа со фабрикувани сценарија заврши, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црвена Ѕвезда под истрага на УЕФА поради скандирањето за Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Црвена Ѕвезда Белград поради транспаренти што ги истакнаа нејзините навивачи на стадионот Викторија Плзен во Чешка.

Црвена Ѕвезда под истрага на УЕФА поради скандирањето за Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Црвена Ѕвезда Белград поради транспаренти што ги истакнаа нејзините навивачи на стадионот Викторија Плзен во Чешка, во спомен на смртта на хашкиот осуденик Ратко Младиќ, објавија белградските медиуми во саботата, повикувајќи се на The Athletic.

Младиќ, осуден на доживотен затвор за воени злосторства и геноцид во Сребреница, почина во четврток во притвор на Хашкиот трибунал на 84-годишна возраст, а навивачите на Црвена Ѕвезда „Делије“ го скандираа името на Младиќ заедно со пораките од транспарентите „Генерале, вечна слава и благодарност“ за време на натпреварот со чешката Викторија во Плзен (1:5).

Казната може да биде строга

Според The ​​Athletic, УЕФА покрена дисциплинска постапка против Црвена Ѕвезда Белград за „расистичко и/или дискриминаторско однесување“, „пренесување порака несоодветна за спортски настан“ и за несоодветно тимско однесување.

Сегашните правила на УЕФА предвидуваат доста строги казни, а во случајот со Црвена Ѕвезда, санкциите би можеле да бидат уште построги бидејќи клубот е обвинет за „расистичко и/или дискриминаторско однесување“ поради своите навивачи.

Со оглед на тоа што клубот потоа објави фотографии од транспарентите на своите социјални мрежи, УЕФА би можела да го смета ова како отежнувачка околност, според белградскиот портал „Спортињо“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата со реакција на ставот на Далибор Китановиќ за Ратко Младиќ

Ставот на Владата е јасен и се темели на меѓународно утврдените правни факти. Ратко Младиќ е правосилно осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства од надлежниот меѓународен суд.

Владата со реакција на ставот на Далибор Китановиќ за Ратко Младиќ

Ставот на Далибор Китановиќ е негов личен став и неприфатлив за Владата. Владата ги гради ставовите врз основа на интересот на државата и граѓаните. Кога таквиот став е изграден тогаш истиот се почитува од страна на сите поединци во Владата.

Волунтеризам е неприфатлив и Владата ќе побара од Китановиќ да го повлече ставот. Доколку Китановиќ не се согласува со политиките на Владата очекуваме негово повлекување од позицијата која ја извршува, се наведува во реакцијата на Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер