Фон дер Лајен: Косово да формира Заедница на српски општини, Белград да го признае Косово - Канал 5

Фон дер Лајен: Косово да формира Заедница на српски општини, Белград да го признае Косово

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која денеска од Скопје допатува во Приштина во рамки на нејзината балканска турнеја, порача дека Косово треба да го прифати нацртот за Заедницата на општини со Српско мнозинство.

Фон дер Лајен: Косово да формира Заедница на српски општини, Белград да го признае Косово

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која денеска од Скопје допатува во Приштина во рамки на нејзината балканска турнеја, порача дека Косово треба да го прифати нацртот за Заедницата на општини со Српско мнозинство, додека Србија мора да прифати де факто признавање на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

На заедничката конференција со косовската претседателка, Вјоса Османи, по нивната средба во претседателскиот кабинет, фон дер Лајен рече дека дијалогот меѓу Косово и Србија е единствениот пат на двете земји кон напредокот.

- Имаме нов инвестициски план и тој функционира многу добро. Ако функционира за земјите-членки на ЕУ, ќе функционира и за земјите од Западен Балкан. Овој план има потенцијал да го удвои вашиот приход во рок од една деценија. Сите овие успеси можат да се постигнат само доколку Косово и Србија ги нормализираат односите. Косово мора да го прифати нацртот за Заедницата, додека Србија мора да прифати де факто признавање. Ова е единствениот начин да се оди напред, изјави фон дер Лајен.

По средбата со Османи, фон дер Лајен беше примена од премиерот Албин Курти.

Претседателката на Европската комисија, која вчера во Скопје ја започна својата четиридневна турнеја низ Западен Балкан, по денешниот преестој во Косово, ќе ги посети и Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

Како што е најавено од Брисел, за време на посетата на главните градови на Западен Балкан, фон дер Лајен ќе ја претстави Инвестициската рамка за Западен Балкан, која е заедничка иницијатива на Европската Унија, финансиските институции и донаторите, насочена кон социо-економскиот развој и европската перспектива на земјите на Западен Балкан.

Инвестицискиот пакет планиран од Унијата за развој на регионот изнесува шест милијарди евра, од кои 2,1 милијарди евра грантови и четири милијарди евра кредити, со тоа што оваа помош за регионот ќе биде условена од степенот на спроведените реформи во секоја од земјите одделно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДОМ: Кога пријавата не спасува живот, кој ја презема одговорноста?

Убиството на 17-годишната девојка во Богданци не е „трагична несреќа“, ниту пак „уште една страшна вест“. 

ДОМ: Кога пријавата не спасува живот, кој ја презема одговорноста?

Ова е суров потсетник на институционалниот неуспех и на колапсот на системот што треба да ги штити граѓаните. До кога жртвите ќе ја бараат заштитата низ бирократски лавиринти, додека надлежните институции ги третираат пријавите како обична статистика?

Девојката претходно пријавила насилство. Побарала помош. Институциите имале сознанија за претходните случаи на насилство, а сепак таа не добила ефикасна заштита. Нејзиниот живот заврши во опожарено возило.

Која е смислата на законите, мерките за заштита и службите што постојат само на хартија, ако насилството може да ескалира до ваков исход? Институциите не смеат да се кријат зад фразата дека „постапувале според протокол“. Кога жена или девојка пријавува насилство, а потоа е убиена, тоа не може да се третира како обичен административен пропуст!

ДОМ бара итно, бескомпромисно и транспарентно утврдување на целата институционална одговорност:

• Кој конкретно во полицијата, обвинителството и центарот за социјална работа постапувал во овој случај? Како бил проценет ризикот, дали биле спроведени и контролирани мерките за заштита и зошто тие не го спречиле трагичниот исход?

• Истрагата мора да ги испита сите околности и евентуалните пропусти во постапувањето на институциите. Смртта на осомничениот не смее да значи и крај на утврдувањето на одговорноста на службените лица. Мора да има последици за секој за кого ќе се докаже дека со своето несовесно постапување придонел за овој трагичен исход.

Доста е од празни соопштенија, ветувања и експресни осуди што се повторуваат по секој нов фемицид. Секое следно убиство на жена или девојка е ново обвинение против државата, која декларативно зборува за родова еднаквост, а во пракса не успева да им обезбеди основна заштита на оние што бараат помош.

ДОМ бара одговорност! Бараме итна ревизија на сите активни пријави за семејно и родово базирано насилство, утврдување индивидуална одговорност и конкретни мерки за отстранување на институционалните пропусти. Не утре, кога ќе има нова жртва, туку сега – за да се спаси нечиј живот, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мечка со пиштол убила човек во Албанија?- шокантни изјави на осомничените мајка и син

Разјаснети се околностите околу смртта на маж во селото Годви, во регионот Булќиза во Албанија, каде што полицијата уапси 57-годишна жена и нејзиниот 33-годишен син под сомнение дека го убиле нивниот сопруг и татко, 53-годишниот Урим Фику.

Мечка со пиштол убила човек во Албанија?- шокантни изјави на осомничените мајка и син

Разјаснети се околностите околу смртта на маж во селото Годви, во регионот Булќиза во Албанија, каде што полицијата уапси 57-годишна жена и нејзиниот 33-годишен син под сомнение дека го убиле нивниот сопруг и татко, 53-годишниот Урим Фику, со огнено оружје и остри предмети, објавува Top-channel.tv.

Членовите на семејството првично пријавиле дека мажот починал откако бил нападнат од диво животно, за кое се сомнева дека е мечка. Сепак, истрагата и обдукцијата открија различни околности и потврдија дека жртвата е убиена со огнено оружје.

По интензивна истрага, спроведена од Одделот за истраги на сериозни кривични дела во рамките на Регионалната полициска управа во Дибер, во соработка со обвинителството, беше разјаснето кривичното дело извршено на 3 ноември 2026 година.

Потоа полицијата ги уапси Садете Фику, сопругата на починатиот, и нивниот син Газмир Фику. Тие се осомничени дека заедно учествувале во убиството.

Во текот на истрагата, полицијата запленила пиштол модел 54, муниција и една чаура, кои биле пронајдени во дворот на семејната куќа.

Делот е препратен до Обвинителството во Дибар поради сомнение за кривични дела „убиство во семејни односи“ и „неовластено држење оружје и муниција“, сторени како соизвршители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина рускиот научник кој го измисли смртоносниот отров „Новичок“- причината за смртта е тајна

Почина рускиот научник Владимир Угљов, кој го измисли смртоносниот нервен отров Новичок што се користеше во озлогласените труења во Солсбери.

Почина рускиот научник кој го измисли смртоносниот отров „Новичок“- причината за смртта е тајна

Угљов го обвини режимот на Путин за употреба на смртоносното хемиско оружје во „напад на државно ниво“ врз Велика Британија во 2018 година.

Угљов, кој живееше во Русија, почина на 26 октомври на 80-годишна возраст. Но, неговата смрт беше објавена денеска, повеќе од една недела подоцна, од независниот руски истражувачки медиум „Инсајдер“.

Причината за смртта е непозната, ниту пак причината за доцнењето во објавувањето на неговата смрт, објавува „Дејли меил“.

Угљов беше дел од тим советски научници кои го развија Новичок, познат како А-234, кој подоцна го користеа шпионите на Путин во обидот за атентат врз рускиот двоен агент Сергеј Скрипал, тогаш 66-годишен, и неговата ќерка Јулија, тогаш 33-годишна, во Солсбери во март 2018 година. И двајцата преживеаја, но британската мајка на три деца, Дон Стерџес (44), почина откако случајно дошла во контакт со Новичок, кој бил фрлен во шише парфем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер