ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
СветФон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Важно е војната да запре, а Украина да добие безбедносни гаранции Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Брисел имаше средба со украинскиот претседател Володомир Зеленски. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Брисел имаше средба со украинскиот претседател Володомир Зеленски, за да го договорат заедничкиот настап на утрешната средба во Вашингтон со американскиот претседател Доналд Трамп. Покрај Фон дер Лајен и Зеленски на средбата со Трамп ќе учествува и европската „тешка артилиерија“: францускиот и финскиот претседател, германскиот канцелар, британскиот премиер, и италијанската премиерка, како и со генералниот секретар на НАТО.Консултациите меѓу нив се одвиваат вчера и денеска преку видо врски. На заедничката прес-конференција по средбата Фон дер Лајен и Зеленски беа прашани за ставот на американскиот претседател Доналд Трамп дека примирјето е непотребно и дека војната може да се запре со склучување мировен договор без прекин на огнот. Трамп претходно рече дека „мировниот договор е поважен од примирјето“ и дека „примирјето не е потребно за да се запре војната“, на што Фон дер Лајен денеска одговори дека „како тоа ќе се нараче и не е важно“. -Важно е каква ќе биде изведбата, а изведбата мора да биде за да се запре убивањето, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека „тоа е најважното нешто, без разлика дали го нарекувате примирје или мировен договор“. Украинскиот претседател и денеска се изјасни дека е клучно Европа да остане обединета како што беше во 2022 година, кога започна целосната руска инвазија, бидејќи само тогаш ќе биде можно да се постигне „вистински мир“. -Путин има многу барања, но не ги знаеме сите, рече Зеленски, додавајќи дека ќе биде потребно време да се разгледаат, но дека е „невозможно да се направи тоа под притисок на оружје“. Тој го повтори вчерашниот европски заеднички став дека е потребен трилатерален самит на Украина, Русија и САД, но дека „Русија не покажува знаци дека се согласува на такви разговори“. -Доколку Русија одбие, тогаш мора да следат нови санкции, рече Зеленски. Тој им се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и на САД за нивната подготвеност да соработуваат со Европа за да обезбедат безбедносни гаранции за Украина, но нагласи дека „сè уште нема детали за тоа како би функционирало тоа“. -Нешто како Член 5 од НАТО, и веруваме дека пристапувањето кон Европската Унија мора да биде дел од безбедносните гаранции, додаде Зеленски. Претседателката на ЕК беше децидна дека меѓународните граници не можат да се менуваат со сила. -Само Украина и никој друг не може да одлучува за тоа. Тие не смеат да бидат доведени на маса без тоа, рече таа. Додаде дека Европската Унија ќе продолжи со санкциите против Русија сè додека продолжува крвопролевањето во Украина. Таа на крајот ја поздрави подготвеноста на американскиот претседател да учествува во осигурувањето безбедносни гаранции слични на оние во Член 5 од НАТО, додавајќи дека и Европската Унија е „подготвена да придонесе“ и нагласи дека одбраната на Европа е нејзина сопствена одговорност. Меѓутоа, додаде и дека мирот мора да се постигне „преку сила“ и ги наведе главните услови што треба да ги содржи мировниот договор: безбедносни гаранции за заштита на Украина и Европа, зачувување на територијалниот суверенитет на Украина и целосна слобода на нејзините вооружени сили - вклучително и правото да се приклучат кон меѓународни организации и да добиваат помош од други земји.Тагови: зеленски Урсула фон дер Лајен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37