Фон дер Лајен и Руте се состанаа со членовите на Претседателството на БиХ - Канал 5

Фон дер Лајен и Руте се состанаа со членовите на Претседателството на БиХ

Според сигурни извори на „Дневни Аваз“, на овој состанок денеска не требало да присуствува членот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ. 

Фон дер Лајен и Руте се состанаа со членовите на Претседателството на БиХ

Членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина денеска имаа средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и со премиерот на Кралството Холандија, Марк Руте, додека премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ , кој допатува во дводневна посета на Сараево, не се појавил на претпладневната средба, јавува Анадолија.

На состанокот присуствуваа претседавачот на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ и членовите на Претседателството Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ.

Според сигурни извори на „Дневни Аваз“, на овој состанок денеска не требало да присуствува членот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ. Поради тоа, непосредно пред самата средба, Пленковиќ ја откажал посетата на Претседателството на БиХ, бидејќи не сакал да се сретне со Комшиќ. За овој инцидент сведочи и тоа што хрватското знаме е поставено со другите знамиња.

Посетата на европските претставници уследи по одлуката на Европскиот совет во декември 2023 година да отвори пристапни преговори на Босна и Херцеговина со Европската Унија кога ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство. Европскиот совет, исто така, ја покани Комисијата да поднесе извештај до Советот за напредокот најдоцна до март 2024 година со цел да донесе одлука.

Целта на посетата е да се охрабрат властите во Босна и Херцеговина да ја искористат оваа можност и да ги интензивираат своите напори со цел да се постигне потребниот напредок до март 2024 година за 14 клучни приоритети од Мислењето на Европската комисија. Дополнително, посетата ќе биде можност да се разговара за можностите што ги нуди Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан.

За време на престојот во Босна и Херцеговина, Фон дер Лајен, Руте и Пленковиќ ќе се сретнат со претседавачот и заменик-претседавачите на Советот на министри на Босна и Херцеговина, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Заедничкиот колегиум на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, како и претставници на граѓанското општество.

Прес конференција е планирана за нешто пред 12 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Без победник на „Артемио Франки“: Прво реми во сезоната и за Фиорентина и Наполи

 Фудбалерите на Фиорентина и Наполи одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од петтото коло на Серија А.

Без победник на „Артемио Франки“: Прво реми во сезоната и за Фиорентина и Наполи

Фиорентина многу подобро го започна натпреварот на стадионот „Артемио Франки“ и уште во првите 20 минути двапати ја погоди рамката на голот.

Најпрво, Артур Ата ја погоди стативата откако изврши притисок врз Рафа Марин, а потоа Никола Фајоли со силен удар од далечина го принуди Вања Милинковиќ-Савиќ да интервенира и да ја пренасочи топката во пречката. Наполи набрзо возврати. Матијас Оливера со глава ја погоди стативата по една одбиена топка, а потоа Давид де Хеа со одлична реакција го одбрани неговиот нов обид.

Сепак, Фиорентина не успеа да го издржи притисокот. По корнерот на Матео Политано, Били Гилмор незабележано влезе во шеснаесетникот и го совлада Де Хеа со прецизен волеј-удар.

Тоа беше првиот гол на шкотскиот играч за врска во Серија А по речиси една година и му донесе водство на Наполи на полувремето – првпат оваа сезона тимот на Масимилијано Алегри замина на пауза со предност.

Сепак, домаќинот многу брзо возврати. Само шест минути по почетокот на второто полувреме, Алекс Хименез шутираше од далечина; топката го закачи Марин, го промени правецот и заврши зад грбот на Милинковиќ-Савиќ.

По израмнувањето, Фиорентина се обиде целосно да го сврти резултатот во своја полза, но Милинковиќ-Савиќ го одбрани силниот удар на Виктор Валдепењас. На крајот, Наполи тргна по победничкиот гол, но Де Хеа повторно се истакна.

Шпанскиот голман интервенираше во клучните моменти и ги сопре обидите на Давид Нерес и Костантино Фавасули. Така, Наполи мораше да се задоволи со еден бод и сега се наоѓа на деветтото место на табелата со две победи од пет натпревари.

Фиорентина е на 16-тото место; тимот сè уште нема победа на домашен терен оваа сезона и веќе има примено 12 гола, што е втор најлош учинок во лигата (израмнет со уште еден тим). Ова беше и првото реми меѓу Наполи и Фиорентина во новата сезона на Серија А.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо: Некои на запад сакаат да предизвикаат војна меѓу НАТО и Русија

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека дел од западните политичари, по, како што рече, неуспешната стратегија за пораз на Русија преку војната во Украина, се обидуваат да предизвикаат директен конфликт меѓу НАТО и Русија.

Фицо: Некои на запад сакаат да предизвикаат војна меѓу НАТО и Русија

Фицо оцени дека Европа е поблиску од кога било до војна од големи размери и порача дека војната во Украина, не е ниту Словачка, ниту војна на НАТО.

„Одредени воени јастреби во НАТО се обидуваат по секоја цена оваа војна да ја претворат во конфликт меѓу Русија и НАТО“, рече Фицо, додавајќи дека Словачка нема да испраќа војници врз основа на измислен повод.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Русија ја засилува кампањата на хибридни напади во Европа, додека полскиот премиер Туск, предупреди за можни напади со дронови и ракети врз земји што ја поддржуваат Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС, кои не сакаат Македонија да се развива и да доаѓаат инвестиции

Филипче и СДС, кои не сакаат Македонија да се развива и да доаѓаат инвестиции, лицемерно се јавија небаре загрижени за животот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС, кои не сакаат Македонија да се развива и да доаѓаат инвестиции

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

Венко Филипче од СДС, кој заедно со неговиот ментор Зоран Заев цело лето го поминаа по грчките плажи на скапата јахта, лицемерно се јави небаре загрижен за живејачката на граѓаните.

Филипче не сака Македонија да се развива и да доаѓаат инвестиции, да се градат дата центри, хидроцентрали, рудници а од друга страна подобар живот.

Се спротивставуваат на се што значи економски развој, а сакаат повисоки плати. Не може сите да живеат од бизнисот со марихуаната, како струмичкиот клан и пријателите на Филипче, некој мора да живее и од други економски гранки, за кои тие се против.

Каде е Венко Филипче да се јави кога трошоците за живот се намалуваат или во најмала рака остануваат исти, ама штом види раст, ете го, веднаш се јавува.

Исто така го нема да се јави и да каже дека Владата добро се справува и ги менаџира работите кога се намалуваат цените и инфлацијата, која сега достигна историски 2,3%, кога во услови на една од најголемите енергетски кризи, Македонија е со најевтини горива.

Исто така, Венко Филипче и СДС ги нема никаде и кога реализацијата на капиталните инвестиции, како што се изградбата на автопатските коридори, и растот на градежништвото се големи.

Иако од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води Владата, десет квартали последователно економијата расте во просек од 3 или над 3%, а кој во вториот од годинава достигна 4,3%, Филипче и СДС пак ги нема збор да кажат.

А во однос на потрошувачката кошница која ја изработиле Трендафилов и ССМ, му порачуваме дека не им држи вода, затоа што владината просечна кошничка е за 10% поевтина.

Тоа што останува да им порачаме на СДС, Филипче и неговите другари, колку сака може да им смета развојот и да ликуваат на неуспех на државата, Македонија ќе се развива, во Македонија ќе доаѓаат инвестиции, економијата ќе расте и граѓаните подобро ќе живеат.

Дополнително, патувањето на премиерот Мицкоски чини неспоредливо помалку од нечесно заработеното Ауди на Филипче или јахтата на Заев, и многу помалку од провизиите на Стабри вакцините за време на ковид кризата, кои ги договараше Венко Филипче во времето кога државата беше меѓу најпогодените од ковид кризата.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер