2Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри
СветФон дер Лајен го назначи новиот тим на ЕК - Марта Кос ќе биде еврокомесар за проширувањеОд некогашна новинарка и југословенска шампионка во пливање, преку екс амбасадорка во Германија и Швајцарија до евроамбасадор за проширување на Европската Унија. 59-годишната словенечка дипломатка Марта Кос е изборот на Урсула Фон Дер Лајен за наследник на Оливер Вархеји. Но, меѓу 27-те номинирани членови, колку што ќе брои новата Европска Комсија, Кос беше единствената претставена со ѕвездичка, зашто за да биде официјално потврдена, како што појасни Лајен, мора да се добие мислење и од словенечката собраниска Комисија за европски прашања, што би требало да биде формалност. -Марта Кос. Таа ќе биде еврокомесар за проширување, а ќе биде одговорна и за источното соседство и ќе работи на поддршката на Украина и нејзината обнова. Ќе работи и на поддршката на земјите кандидатки во подготовката на пристапниот процес. , изјави Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија Какви се заложбите на Кос во однос на проширувањето на Западен Балкан засега останува непознато, со оглед дека во јавноста ретко искажавала ставови на оваа тема. Она што е познато е дека токму номинацијата на некогашна потпретседателка на партијата на премиерот Голоб и кандидатка за претседател на Словенија, е плод на напорите на Лајен за родова еднаквост во Комисијата, која резултираше со поништување на првичниот предлог на Љубљана која го предложи Томаж Весел. Лајен денеска при презентацијата на кандидатите во Европскиот Парламент се пофали дека од 27-те кандидати 11 се жени. -Кога го добив првиот сет на номинации и кандидати, и кога погледнав на предлозите и на целото табло, ние бевме околу 22 отсто жени и 78 отсто мажи. Можете да замислите дека тоа беше целосно неприфатливо. Затоа интензивно работев со земјите членки и успеавме да го подобриме балансот на 40 отсто жени и 60 отсто мажи. , изјави Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на Европската Комисија Меѓу предлозите на Лајен има повеќе звучни имиња. Оливер Вархеји останува во Комисијата, но сега како еврокомесар за здравје и благосостојба на животните, најфаворизираниот за негов наследник, Летонецот Валдис Домбровскис ќе биде еврокомесар за економија и продуктивност, а место добива и екс шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева во ресорот истражување и иновации. Сите кандидати треба да бидат одобрени од Европскиот Парламент, процес што се очекува да трае со недели, а новиот состав на Комисијата да почне со работа во декември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаМаж загина во пожар во барака во скопски ЖданецМаж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец. Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метриМакедонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година. Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.Тагови: Сашко Кедев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоМај среде ноември – следната недела до 20 степениДесет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош. Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата. Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени. Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55