Фон дер Лајен: ЕУ мора да игра централна улога во обезбедувањето мир во Украина - Канал 5

Фон дер Лајен: ЕУ мора да игра централна улога во обезбедувањето мир во Украина

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ мора да игра „централна улога“ во обезбедувањето мир во Украина.

Фон дер Лајен: ЕУ мора да игра централна улога во обезбедувањето мир во Украина

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ мора да игра „централна улога“ во обезбедувањето мир во Украина и дека ова е еден од главните елементи за „праведен и траен мир и суверенитет на Украина“.

Делегација од Украина, европски безбедносни претставници и американска делегација предводена од државниот секретар Марко Рубио денеска се среќаваат во Женева за да разговараат за неодамна протечениот предлог на САД за прекин на војната во Украина.

Во соопштение објавено на веб-страницата на ЕК, фон дер Лајен изјави дека одржливиот мировен план, покрај запирањето на војната, не смее „да сее семе на иден конфликт“.

Таа додаде дека „границите не можат да се менуваат со сила“ и го отфрли ограничувањето на персоналот во украинската армија, што е една од точките на протечениот мировен план.

-Не може да има ограничувања на украинските вооружени сили што би ја направиле земјата ранлива на идни напади и со тоа би ја поткопале европската безбедност, се вели во соопштението.

Фон дер Лајен изјави дека „Украина мора да има слобода и суверено право да ја избере својата судбина“ и дека избрала „европска судбина“, додавајќи дека ЕУ ќе продолжи да работи со Украина, коалицијата на земји што ја поддржуваат Украина и САД за да се постигне „вистински напредок кон мирот“.

Таа изјави дека „клучен елемент“ на мировниот договор мора да биде и „враќањето на секое украинско дете киднапирано од Русија“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Тетово се уапсени 12 бугарски државјани

Полициската станица Тетово соопштува дека вчера (24.06.2026) во 15:15 часот во зграда во изградба на улицата „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица Тетово лишиле од слобода 12 државјани на Република Бугарија.

Во Тетово се уапсени 12 бугарски државјани

Полициската станица Тетово соопштува дека вчера (24.06.2026) во 15:15 часот во зграда во изградба на улицата „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица Тетово лишиле од слобода 12 државјани на Република Бугарија на возраст меѓу 34 и 66 години, кои работеле во зградата.

„Кај лицата е утврдено нерегуларно и непријавено дејствување на ова подрачје“.

„Тие се приведени во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно Законот за странци“, велат од Полициската станица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возете внимателно, Safe City профункционира и во околината на Охрид

СВР Охрид ја известува јавноста, посебно возачите на моторни возила дека од денеска, современиот систем за сообраќаен надзор „Безбеден град“ (Safe City), кој, официјално стартуваше од 01.02.2026, постепено се воведува и на подрачјето на СВР Охрид.

Возете внимателно, Safe City профункционира и во околината на Охрид

Денеска, по извршеното финално тестирање, стручни екипи ги ставија во функција безбедносни камери на автопатската делница кај Ново село, општина Дебрца. Во наредниов период, се очекува проектот „Безбеден град“ да профункционира и на патниот потег помеѓу селата Горенци и Требеништа, на останатите пофрекфентни сообраќајници и на коридорите 8 и 10 на подрачјето на СВР Охрид. Уредите се поставени, тие си уште не вршат санкционирање, бидејќи се наоѓаат во фаза на завршна техничка проверка и тестирање. Системот „Безбеден град“, ќе овозможи засилена и постојана сообраќајна контрола, ќе придонесе за намалување на сообраќајните незгоди, ќе врши детекција на прекршоци во сообраќајот, ќе значи зголемување на сообраќајната дисциплина и значително повисок степен на безбедноста во сообраќајот.

Апелираме, возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи а посебно да внимаваат на дозволената брзина на движење која, на оваа автопатска делница изнесува 100 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Малата Ана се избори со најтешката болест- победничкото ѕвонче повторно заѕвони (ВИДЕО)

Нова радосна вест од Универзитетската клиника за детски болести.

Малата Ана се избори со најтешката болест- победничкото ѕвонче повторно заѕвони (ВИДЕО)

Победничкото ѕвонче повторно силно заѕвони — за Ана, нашата мала хероина, која храбро ја помина и ја освои една од најтешките битки.

Секое ѕвонење е победа на детската храброст, на семејната љубов и на посветеноста на здравствените работници.

На Ана ѝ посакуваме многу здравје, среќа, насмевки и безгрижно детство.

Браво, Ана! Твојата победа денес е радост за сите нас, објавија на ФБ од Министерството за здравство.

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер