Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
1Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
СветФон дер Лајен: ЕУ ќе и додели на Украина 160 милиони евра за снабдување со струја Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утрово пристигна во посета на Украина.„Мојата осма посета на Киев се случува во исклучително важен момент“, изјави таа. „Грејната сезона започнува за две недели, а руските непрестајни напади врз цивилната енергетска инфраструктура на Украина имаат за цел да нанесат максимална штета“, додаде Фон дер Лејен. Таа рече дека ќе му обезбеди на украинскиот претседател Володимир Зеленски план на ЕК за зимска подготвеност за Украина. Со него се предвидува дополнителна поддршка во вредност од околу 160 милиони евра, што ќе помогне да се покрие повеќе од 25 отсто од потребите за електрична енергија на земјата. Нејзината последна посета на главниот град на Украина беше во февруари. Европската комисија ќе и додели дополнителна поддршка на Украина вредна околу 160 милиони евра, што ќе и помогне земјата да покрие над 25 отсто од своите потреби за електрична енергија, најави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која рано изутринава допатува во посета на Киев. Како што јави известувачот кој во име на Европската новинска редакција (ЕНР), чиј член е и МИА, ја следи посетата на Фон дер Лајен на Киев, претседателката на ЕК нагласи дека руските немилосрдни напади врз цивилната енергетска инфраструктура на Украина имаат за цел да нанесат максимална штета на две недели пред почетокот на грејната сезона. - Затоа оваа моја осма посета на Киев доаѓа во клучно време. Ќе и помогнеме на Украина во нејзините храбри напори да ги надмине овие проблеми, порача Фон дер Лајен. Таа потенцира дека најавената помош од 160 милиони евра е во рамки на новиот План за зимска подготвеност, што го подготви ЕК и кој ќе му го претстави на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на нивната денешна средба. - Ќе разговараме и за нашата поддршка за храбрата одбрана на Украина и за да ја натераме Русија да плати за штетите од приходите генерирани од замрзнатите руски средства, изјави претседателката на ЕК, потсетувајќи дека од Данска почнало користењето на овие средства за нарачки на оружје и воена опрема директно од украинската одбранбена индустрија. Фон дер Лајен информира и дека со Зеленски ќе разговара и околу позајмиците договорени на средбата на Г7 во Апулија, кои, според неа, ќе овозможат значително олеснување за украинскиот буџет. Таа најави дека на разговорите во Киев ќе стане збор и за амбициите на Украина за пристапување кон ЕУ и за тоа како Комисијата може да ги поддржи овие напори. Украина во пристапниот процес е во фазата на скрининг, кој, според Фон дер Лајен се одвива без проблеми. - Ќе разговараме и за глобалната поддршка за плановите на Украина за мир и закрепнување. Заседанието на Генералното собрание на ОН следната недела ќе биде повод да се пренесат важни пораки и да се обезбеди поддршка, особено од земјите од глобалниот југ, додаде Фон дер Лајен. Ова е осма посета на Фон дер Лајен на Киев од почетокот на руската агресија врз Украина во февруари 2022 година. Претходната посета на претседателката на ЕК на Украина беше во февруари годинава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаКирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок.На состанокот на европските либерали во Даблин за време на неформалниот самит на ЕУ, претставникот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок, истакнувајќи дека времињата на безусловно следење на европските лидери се минато, а граѓаните во регионот сè погласно ја гледаат хипокризијата и недостигот на конкретни резултати. Кирјас ги повика европските колеги да ја прифатат новата глобална реалност, нагласувајќи дека четврт век подоцна светот е далеку покомпетитивен и дека Европската Унија повеќе не е единствениот „производ“ на светската сцена. „Мораме да сфатиме и да прифатиме дека 2026 година не е 2001 – 25 години подоцна светот изгледа многу поразлично и е далеку покомпетитивен. Ако порано единствената опција и модел што можеа да го видат граѓаните беше европскиот модел, денес на пазарот постојат и кинески, и руски, и турски модел, па во последно време и американски модел кој е различен од европскиот. За нас, особено за либералите, европскиот модел на благосостојба, економски развој, слобода на говор, просперитет и гарантирање на правата е најдоброто решение. Но, не можеме да очекуваме дека граѓаните секогаш слепо ќе ги слушаат своите лидери, нема да ги следат вестите и нема сами да носат одлуки за тоа кој е способен да преземе решенија, да го исполни ветеното, да гледа визионерски и да проектира моќ на светската сцена“, порача Кирјас во Даблин. Тој предупреди дека европските институции се наоѓаат во состојба на самоодрекување од глобалната реалност и веќе не се доживуваат како морализирачка сила во регионот. Како што објасни пред присутните, дури и во Македонија веќе не се зборува само за формално членство во ЕУ, кое за многу граѓани стана непривлечен поради долгогодишните блокади и неисполнети ветувања, туку за градење држава според стандардите на земји како Бенелукс, Данска, Ирска или Естонија. „Ако не направиме сѐ во наша моќ за повторно да ги направиме европската идеја и европскиот проект атрактивни, ќе имаме огромен проблем – не само со граѓаните, туку и со иднината на нашиот континент. Време е да престанеме да гледаме на нашиот проект како на единствена солуција во светот. Нашите граѓани сакаат да живеат просперитетно, да говорат слободно и да имаат правна држава, но тоа значи дека и на европско ниво сите мора да бидат подеднакво почитувани – без надменост, без надредување, без второкласни граѓани и без наметнување каде што само еден одлучува и ги суди другите, туку систем каде што сите си помагаме еден на друг. Колку побрзо го направиме тоа, толку ќе биде подобро за сите нас во Европа“, заклучи Емил Кирјас во своето излагање пред европските либерали на состанокот на АЛДЕ. Либерално-демократска партијаТагови: Емил Кирјас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаСДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на МицкоскиЕден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори. Еден ден се фали со економси раст, друг ден признава дека државата нема пари. Неговите противречни изјави ја разобличуваат целата владина пропаганда, сите негови лаги. И ММФ ги разби бајките на Мицкоски. Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа. Според проекциите на ММФ, Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии по БДП по жител, со 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора и Албанија. Разликата со најбогатите европски економии останува огромна. Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите. Ова е сè она за што СДСМ предупредува последната година. Сега потврдено и од ММФ. Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки. Пари во буџетот нема, пари за граѓаните нема. Но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда. Вистината е сега на виделина, и со скандалот со Алта банка, и со неговите врски со Вучиќ. За сè ова, одговорност ќе има. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЛокални избори во Словенија: Сите очи се вперени кон ЉубљанаДенес во Словенија се одржуваат локални избори, каде што ќе се избираат градоначалници и членови на општински совети, а најголема неизвесност има на изборите за градоначалник на Љубљана, на кои учествуваат 15 кандидати.3.116 избирачки места се отворија во 7 часот наутро, каде што повеќе од 1,6 милиони гласачи можат да гласаат до 19 часот. Првите прелиминарни резултати од гласањето се очекуваат по 20 часот, објавува Дело. Меѓу парламентарните партии, Словенечката демократска партија (СДС) има 78 кандидати за градоначалник на локалните избори, Нова Словенија има 50 кандидати, Движењето за слобода има 44 кандидати за градоначалник, а Социјалдемократите (СД) имаат 42 кандидати. Во 45 општини, веќе е однапред познато кој ќе ги води во претстојниот мандат, бидејќи само еден кандидат аплицирал за градоначалничката позиција, претежно актуелниот градоначалник. Во општините и градовите каде што ниту еден кандидат не добие повеќе од половина од гласовите, двајцата најдобро пласирани кандидати ќе се соочат во втор круг, кој ќе се одржи на 29 ноември. На овогодинешните избори за градоначалник учествуваа 614 кандидати, вклучувајќи 123 жени. Најголем број кандидати за градоначалник има во Љубљана - 15, додека Марибор и Копер имаат по 10 кандидати.Тагови: словенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00