СветФон дер Лајен:1000 дена по почетокот на руската агресија ЕУ ветува продолжување на поддршкатаИлјада дена по почетокот на руската агресија ЕУ ветува дека ќе продолжи со поддршката за Украина. Украина може да биде сигурна дека европската и западната поддршка ќе продолжат со 50 милијарди евра од ЕУ до 2027 година и уште 50 милијарди долари од земјите од Г7 и од Унијата до 2026 година, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во изјава по повод 1000 дена од почетокот на руската агресија врз Украина. - Пред 1000 дена Русија се обиде да ја избрише Украина од мапата. По 1000 дена Русија не успеа во тоа поради отпорот на Украина и жртвата на Вашите херои. Денеска е ден на жалост, но и ден на ветување. Ветуваме дека ќе останеме покрај вас, онолку долго колку што е потребно, истакна Фон дер Лајен во видео пораката по повод „1000 дена украински отпор“. Таа потсети на одлуката на ЕУ за користење на приходите од замрзнатите руски средства за поддршка одбранбеното производство во Украина и за поправка на украинската енергетска инфраструктура пред почетокот зимата. - Русија треба да плати за 1000-та дена злосторства и уништување, наведе Фон дер Лајен. Претседателката на ЕК најави и дополнителни 65 милиони евра за поддршка за иницијативата на првата дама на Украина, Олена Зеленска за обезбедување на училишни оброци за украинските деца. - Иднината на една земја започнува со нејзините деца. Русија сака да ја украде иднината на Украина. Тоа нема да го дозволиме. И гарантирањето на правото на образование на децата и обезбедувањето топол оброк во училиштата, исто така претставува форма на отпор, додаде Фон дер Лајен. Во пораката таа посочи дека претстојната зима „може да биде страшна“, но дека во такви „бурни денови се појавуваат вистинските пријатели“. - А Европа е вашиот вистински пријател. Знаеме дека еден ден, не толку далечен, ќе бидете дел од нашата Унија. Вашиот напредок кон придружувањето е импресивен, уште повеќе што го остварувате додека водите војна за опстанок. Јас сум убедена дека можеме да преминеме во следната фаза од нашите преговори. Иднината на Украина е во нашата Унија. Вашата слобода е наша слобода. А нашата Унија е вашиот дом. Да живее Европа. Слава Украини, потенцира Фон дер Лајен во пораката до Украинците по повод 1000 дена по почетокот на руската агресија врз Украина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПолитико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруариСојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико. Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година, А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено. Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ЕвропаУтре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и УкраинаУтре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата. Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34