Фолксваген во Кина претстави Џета за помалку од 13.000 евра (ФОТО) - Канал 5

Фолксваген во Кина претстави Џета за помалку од 13.000 евра (ФОТО)

Фолксваген претстави четири нови модели во Кина, а меѓу нив се издвои концептот на електричен SUV Jetta X, кој би можел да чини помалку од 13.000 евра, или помалку од половен Golf во Европа.

Фолксваген во Кина претстави Џета за помалку од 13.000 евра (ФОТО)

Фолксваген има големи надежи за Кина, па дури и пред саемот во Пекинг, организираше Медиумска ноќ и покажа неколку нови модели и концепти. Сите тие имаат една важна врска, а тоа е дека се развиени специјално за кинескиот пазар.

Меѓу новините беа Volkswagen ID, Aura T6, Volkswagen ID, Unyx 09, Audi E7X и концептот Jetta X Concept.

Jetta станува нов „евтин“ бренд

Најинтересниот модел е можеби Jetta X Concept. Тоа е робустен SUV со електрифициран погон и едноставен дизајн кој повеќе потсетува на моделите на Dacia. И тоа не е случајно. Имено, откако Škoda речиси исчезна од кинескиот пазар поради драстичен пад на продажбата, Jetta ја презема улогата на прифатлив бренд во рамките на Volkswagen Group.

Jetta X ја користи платформата CMP развиена во Кина, а сериското производство треба да започне веќе оваа година. Почетната цена наводно ќе биде помала од 100.000 јуани, или околу 12.500 евра. До 2028 година, Jetta планира да претстави пет нови модели, од кои четири ќе бидат електрифицирани.

Електрични новини

ID. Aura T6 е целосно електричен SUV од средна големина развиен специјално за Кина. Неговиот изглед наликува на Tiguan, а е создаден преку соработка на FAW и Фолксваген. Моделот има поделени LED светла, задна LED лента што се протега по целата ширина на возилото, класични рачки на вратите и кабина со пет седишта.

ID. Unyx 09 е електричен седан развиен со помош на кинескиот производител XPeng. Користи сличен дизајн како SUV ID. Unyx 08, со тесни LED светла и црн декоративен елемент што ги поврзува фаровите и сензорите на системот за помош на возачот.

ID. Aura T6 и ID. Unyx 09 ја користи новата електрична и електронска архитектура на CEA развиена преку партнерство помеѓу Volkswagen и XPeng. Таа платформа поддржува системи за помош на возачот од ниво 2+, напредни инфозабавни системи и интегриран асистент со вештачка интелигенција.

Како што споменавме претходно, Volkswagen ја претстави и производствената верзија на моделот AUDI E7X, голем електричен SUV развиен преку партнерство со SAIC.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев: Еднаква плата за еднаква работа - од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор

Денес, системот на плати во јавниот сектор се уште се карактеризира со различни правила, процедури и практики меѓу институциите. 

Минчев: Еднаква плата за еднаква работа - од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор

Тоа создава нееднаквости и ја отежнува примената на јасни и единствени стандарди за вреднување на работата. Затоа, воспоставувањето поусогласен, транспарентен и праведен систем на плати е една од важните реформи на кои Министерството за јавна администрација посветено работи.

Во насока на оваа реформа, денеска започна петдневната TAIEX експертска мисија посветена на воспоставување единствен и усогласен систем на плати во јавниот сектор. Мисијата ја отворија министерот за јавна администрација, Горан Минчев и вршителката на должноста амбасадор на Република Грција, Христина Василату, а во нејзини рамки експерти од грчкото Министерство за национална економија и финансии ќе го пренесат искуството од грчкиот Единствен систем на исплата, модел кој овозможува централизирано и усогласено управување со исплатите во јавниот сектор.

„Нашата цел е јасна, да воспоставиме систем во кој правилата ќе бидат јасни и еднакви за сите, а принципот „еднаква плата за еднаква работа“ да биде реално применлив во целиот јавен сектор“ порача министерот Минчев. Министерството работи на новата законска рамка за системот на плати, со план законското решение да биде заокружено до крајот на 2026 година, а неговото постепено и систематско спроведување да започне во 2027 година.

„Не сакаме да копираме туѓ модел. Сакаме да го разбереме, да го анализираме и врз основа на нашите институционални, законски и финансиски услови да изградиме решение кое ќе биде функционално и применливо за Македонија“ истакна Минчев. Според него, целта е да се создаде систем што нема само да ги поедностави процесите, туку ќе донесе поголема транспарентност, подобра контрола на јавните средства и поквалитетни податоци за носење јавни политики.

За Министерството за јавна администрација, ова е конкретен чекор во реформата за градење на поефикасен и поправеден систем на плати, систем во кој правилата се јасни, одговорноста е прецизно утврдена, а јавните средства се управуваат поефикасно и потранспарентно.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамија Мицкоски повторно лаже со статистика - „Фич“ не кажа дека се живее подобро

Шефот на ВМРО-ОКГ повторно излезе да слави бројка што не се мрднала.

СДСМ: Арамија Мицкоски повторно лаже со статистика - „Фич“ не кажа дека се живее подобро

2024: BB+

2026: BB+

Тоа не е напредок. Тоа е исто.

А тој тоа го продава како лоша вест за опозицијата и како доказ дека народот живее подобро.

Лаже уште додека ја чита оценката.

Што значи BB+ на јазик што го разбира секој:

Нема инвестициски рејтинг. Инвестицискиот почнува од BBB. Ние сме под тоа.

Државата и натаму се смета за ризична. Зошто?

Затоа што сè уште не сме дел од ЕУ. Затоа што Мицкоски не ги спроведува потребните реформи.

СДСМ го направи првиот чекор и ја обезбеди сигурноста за инвестициите со влезот во НАТО. Сега ни е потребна ЕУ за да продолжиме да напредуваме.

Затоа се Мицкоски задолжува поскапо од земјите со BBB. Истиот ризик. Истата цена на долгот. Истата приказна.

„Фич“ не му напиша пофалница на Мицкоски за стандардот.

Агенцијата со две години ги повторува истите дупки: голем фискален дефицит, ниска продуктивност, демографски проблем.

Државата троши повеќе отколку што собира. Работи помалку вредност отколку што треба. Луѓето си одат.

Тоа не е економски тигар. Тоа е предупредување во фуснота, а арамијата го чита како химна.

И најважно: оваа оценка не зборува за животот на граѓаните. Не ја мери потрошувачката кошничка. Не го мери горивото. Не ја мери киријата. Не ја мери минималната плата што стои.

Не го мери фрижидерот.

Граѓаните не живеат во извештај на „Фич“. Живеат со цени до плафон во продавница, маркет, пазар. Таму цената оди нагоре. Горивото јаде плата. Поскапувањата не чекаат рејтинг.

Минималната плата не расте. А најсилниот показател не е ни БДП ни BB+ туку празни фрижидери и празни паричници на граѓаните. Подобар показател од тоа нема.

Кога Мицкоски вели „денес се живее многу подобро отколку пред три години“, не го гледајте „Фич“. Погледнете ја сметката. Ако оценката е иста како во 2024, а кошницата е потешка, лагата е очигледна.

Арамија чим ќе зине - лаже.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Нова утка на СДС ботовска, бројат само до 50 илјади и манипулираат

СДС се однесува како бот и чита само наслови Без да навлезе во суштината. Впрочем по интелектуалното ниво ако се цени како да Заев им ги пишува соопштенијата повторно. 

ВМРО-ДПМНЕ: Нова утка на СДС ботовска, бројат само до 50 илјади и манипулираат

Тие утрово обвинија дека претседателот на Владата Мицкоски наводно излажал кога кажал дека на прославата за независност имало 200 илјади посетители, кога имало само 50 илјади, како што кажал Дејвид Гета.

И тоа е така ако се чита ботовската логика на СДС.

Но, она што го кажува Мицкоски е дека над 200 илјади граѓани ги посетија настаните за независност, од кои само 50 илјади концертот на Гета.

Ако не веруваат, нека ја преслушаат изјавата. Впрочем, веројатно оние кои само не биле на прославата се од СДС, иако таинствено, без да ги видат другите, веројатно потслушнувале или скришум гледале некој од настаните, затоа што импресионираноста не можат да ја сокријат штом 10 дена верглаат во празно една иста тема. Нивната завидливост е обратнопропорционална со среќата и возбудата на граѓаните.

За да им биде полесно, еве уште еднаш им го испраќаме видеото кое го објави Дејвид Гета за Скопје, Македонија. Името кое СДС ботовски претходно го смени. Нека уживаат

https://www.facebook.com/reel/1564598228179847/

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер