Фолксваген во 2018 година продал 10,83 милиони возила - Канал 5

Фолксваген во 2018 година продал 10,83 милиони возила

Германскиот автомобилски гигант Фолксваген денес пријави рекорда продажба за минатата година.

Фолксваген во 2018 година продал 10,83 милиони возила

Во соопштението е наведено дека Фолксваген за текот на 2019 година испорачал 10,97 милиони возила. Во текот на претходната година продале 10,83 милиони возила.

Алијансата на јапонскиот Нисан и францускиот Рено и Тојота своите резултати од минатогодишната продажба ќе ги објават во наредните недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди новите малопродажни цени на нафтените деривати, кои ќе стапат во сила од полноќ.

Денеска нови цени на горивата

Одлуката ќе покаже дали граѓаните во наредните денови ќе плаќаат помалку или повеќе за гориво. Според последната одлука на Регулаторна која е во сила од претходниот понеделник, бензинот супер БС 95 се продава по цена од 93 денари за литар, 98ка за 95 денари по литар и дизелот се точи по цена од 101, 5 денари по литар. Оваа пресметка на Регулаторна беше направена со намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иџе на подиумот во Словенија: Новиот болид трет меѓу најбрзите во Европа

Европската тркачка приказна на Игор Стефановски - Иџе со новиот прототип започна одлично. 

Иџе на подиумот во Словенија: Новиот болид трет меѓу најбрзите во Европа

Македонскиот автомобилист го освои одличното трето место во генералниот пласман на трката во Илирска Бистрица, во рамките на FIA Европскиот шампионат на ридски патеки.

Претпоследниот викенд од Европскиот шампионат на ридски патеки донесе и прво сериозно мерење на новиот болид на европската сцена. Стефановски настапи во Категорија 2 - категоријата на болиди и прототипи, во која се натпреваруваат најбрзите машини на ридските патеки.

Иџе веднаш се соочи со најсилната европска конкуренција, во трка на која стартуваа 242 автомобилисти од цела Европа, меѓу кои и искусни имиња како Кевин и Себастиен Пети, Хосеба Ираола Ланзагорта и Петр Трнка.

Резултатот е трето место во генералниот пласман на неговото деби со новиот прототип, што е силна потврда за потенцијалот на новиот болид и тимот.

„Многу сум задоволен од постигнатиот резултат. Трето место во генералниот пласман во Словенија, во конкуренција на 242 автомобилисти од цела Европа, и тоа на моето прво деби со новиот прототип е резултат што навистина дава тежина на целата моја кариера. Покажавме дека имаме потенцијал и дека можеме да им се спротивставиме на најдобрите европски возачи во оваа категорија“, вели Стефановски.

Иџе упатува благодарност и до своите поддржувачи и до тимот кој стои зад новиот спортски предизвик.

„Би сакал да им се заблагодарам на моите поддржувачи кои и овојпат без сомнеж застанаа зад мојот нов спортски предизвик. Горд сум и на мојот тим, ова е заеднички резултат и доказ дека работата и вербата во проектот даваат резултат.“

По одличниот старт со новиот прототип, фокусот веднаш се префрла кон Бузет, Хрватска, каде ќе се вози финалната трка од FIA Европскиот шампионат на ридски патеки.

„Сега се фокусираме на Бузет. Очекуваме добар резултат и од таму да ја продолжиме оваа убава европска приказна“, најавува гордо Иџе.

Токму Бузет има посебно место во кариерата на Стефановски. Минатата сезона, на истата патека, Иџе ја возеше својата 200-та трка во кариерата, а сезоната во FIA Европскиот шампионат на ридски патеки ја заврши со одлично трето место во Група 1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни пожарите во Ресен, Зелениково, Боговиње и Македонски Брод

Седум пожари се уште се активни, еден е ставен под контрола, а 16 изгаснати информираа од центарот за управување со кризи.

Активни пожарите во Ресен, Зелениково, Боговиње и Македонски Брод

Активни се пожарите на потегот меѓу селата Бела Црква и подмочани во општина Ресен, каде гори борова шума и ниска вегетација, како и меѓу селата Копаница и Радуша во општина Сарај, каде е зафатена нискостеблеста шума и ниска вегетација. Активни пожари има и над селото Палиград во општина Зелениково, над селото Нежилово на месноста сватови во општина Чашка, кај селото урвич во општина Боговиње, кај селото Градец во општина Врапчиште и кај селото Драгов Дол во општина Македонски Брод.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер