Фолксваген се враќа на копчиња наместо екрани на допир: Никогаш нема да ја повториме грешката - Канал 5

Фолксваген се враќа на копчиња наместо екрани на допир: Никогаш нема да ја повториме грешката

Volkswagen планира да се врати на физичките копчиња во идните модели наместо на огромните екрани на допир за клучните функции во возилото.

Фолксваген се враќа на копчиња наместо екрани на допир: Никогаш нема да ја повториме грешката

Шефот за дизајн на Фолксваген, Андреас Минд, изјави за Autocar дека компанијата „никогаш, никогаш повеќе“ нема да ја направи оваа грешка и вети дека физичките контроли за јачината на музиката, греењето, брзината на вентилаторот и активирањето на предупредувачките светла ќе бидат лоцирани под екранот на допир во сите модели, почнувајќи со ID.2all следната година.

Минд додаде дека одлуката за враќање на физичките копчиња е донесена врз основа на повратните информации од клиентите. „Искрено, ова е автомобил. Тоа не е телефон, тоа е автомобил“, рече Минд. „Ние го разбираме тоа.“

Volkswagen не е единствениот производител кој се враќа на физичките контроли. Минатата година, Hyundai објави дека учесниците во тест-фокус-групите биле „стресени, фрустрирани и лути“ кога не можеле брзо да ги контролираат основните функции на возилото.

Hyundai и Kia првично ги фаворизираа екраните на допир во нивните електрични модели како што се Hyundai Ioniq 6 и Kia EV6, но сега размислуваат за промени. Во Кина, Xiaomi нуди додатоци кои им овозможуваат на клиентите да додаваат физички контроли по желба.

Трендот на дигитални интерфејси започна пред повеќе од десет години со моделот S на Tesla, кој имаше голем централен екран на допир. Tesla постепено ги отстранува физичките контроли, вклучувајќи ја рачката на менувачот и трепкачите, но вторите се вратени во новиот Model Y, а постои можност за нивно враќање во Model 3.

Одлуката на Фолксваген доаѓа во интересен момент, бидејќи Европската програма за проценка на нови автомобили (NCAP) следната година ќе воведе нови правила, кои ќе бараат од автомобилите да имаат одредени физички контроли за да се постигнат пет ѕвездички на безбедносните тестови.

Ова е спротивно на размислувањата на некои лидери во автомобилската индустрија, вклучувајќи го и шефот на софтвер на Ривиан, Васим Бенсаид, кој ги нарече физичките копчиња „аномалија“ и предвидува дека наскоро сите системи во автомобилите ќе бидат контролирани со гласовни команди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Венко е сосема одлепен од реалноста, она што му го диктира Заев тоа и го повторува

Венко е сосема одлепен од реалноста, она што му го диктира Заев тоа и го повторува, во однос на изборите јасен му е епилогот, затоа и бега од соочување со граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: Венко е сосема одлепен од реалноста, она што му го диктира Заев тоа и го повторува

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

Филипче на денешната прес-конференција, ги повтори трите постулати на СДС, а тие се ширење на лаги, манипулации и дезинформации. Впрочем, тоа го прави на секое негово појавување во јавноста.

Очигледно е дека Филипче нема допир со реалноста, а тоа е поради неговата дружба со аболицираниот криминалец Заев, на неговата милионска јахта во Грција, кој му диктира што да кажува пред медиумите и му ја создава перцепцијата, а Филипче како негов следбеник, истото го повторува.

Тука можеме директно да му порачаме дека јасен демант за неговите лаги се официјалните статистики кои го спроведува во јавноста Државниот завод за статистика.

Во однос на изборите, единствен човек во државата кој не сака избори и бега од нив е Венко Филипче и талогот од СДС. Од месечината се гледа дека јасно му е и на него и на талогот, каков дебакл ќе доживеат и како ќе бидат поразени од граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 26 август почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука информира дека од 26 до 31 август трае рокот за аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година.

Од 26 август почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк

На повикот треба да се пријават сите студенти - како бруцоши, така и студенти од повисоките години, за да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк од 1 октомври годинава.

Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на јавните и приватните универзитети во државата.. Апликантите треба да се државјани на македонија и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври., посочуваат од мон..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска.

Министерот Клековски ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје

- Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во капацитетите со кои располагаат од аспект на капацитети за хоспитализација, кадровска опременост, како и лабораториските реагенси за испитување. Досега се потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализирани, а поголем дел од нив се со невроинвазивна форма на болеста, посочи министерот Клековски.

Тој упати апел до граѓаните - доколку забележат симптоми како: висока температура, вкочанет врат, дезориентација, слабост или грчеви — веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Инаку, од почетокот на епидемијата досега 21 пациент е отпуштен од болница и упатен на домашно лекување, уште четворица пациенти денес се отпуштаат, а вкупно пет лица се починати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер