Фолксваген претстави нов модел - Канал 5

Фолксваген претстави нов модел

Новиот автомобил има познато име, но е сосема нов модел.

Фолксваген претстави нов модел

Volkswagen го претставува Polo Track наменет за јужноамериканскиот пазар. Ќе се произведува во Бразил, а понудата би требало да го замени популарниот Golf, кој заминува во пензија по прошталното издание.

Интересно е што на овој пазар неодамна беше претставен и обновениот Polo, но овој новитет и покрај сличноста во името треба да се појави како посебен, значително поевтин модел. Од друга страна, Polo Track ја користи истата основа, MQB-AO, а дизајнот не е значително различен. Она што го прави значително различен е цената, која за почетниот модел со мотор од 1.0 MPI (84 КС) започнува од 14.400 евра, што е значително помалку од поопремениот и помоќниот Polo.

Polo Track се разликува според нова маска, отсуство на предна ЛЕД лента и поставување на халогени светилки. Исто така, доводите и другите детали се необоени и црни, а бандажите се челични со дијаметар од 15 инчи.

Во кабината, јасен знак за заштеда е отсуството на инфозабава. Наместо тоа, има повеќе пластика, класичен аудио систем и вообичаениот аналоген панел со инструменти. Опремата вклучува климатизација, електрификација и основни безбедносни додатоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заради климатските промени расте интересот за одгледување маслинки во Македонија

Климатските промени кои ни се веќе реалност која ја живееме а кои со себе носат потопли и посушни лета и се поблаги зими покрај проблемите за земјоделците носат и придобивки. 

Заради климатските промени расте интересот за одгледување маслинки во Македонија

Една од тие придовки со затоплувањето е ширењето на насадите под маслинки во Македонија, кои досега беа карактеристични само за медитеранските продрачја а сега веќе границата драстично се поместува.

Засега овие насади во помал број се подигаат во јужните региони во земјава, Дојран, Гевгелија, Валандово но според науката за тоа каде успешно може да се одгледуваат маслинки не треба да се гледа регионот туку важни се многу фактори поврзани со микро локацијата.

Пред 20 тина години во Македонија имаше голем инересот за подигање на маслинови насади но најголемиот дел од нив измрзнаа зимата 2001/2002 поради долгиот период со многу ниски температури.

Маслинката иако е исклучително способна за регенарација и нејзината долговечност од 100 години па дури има записи за маслинови дрва стари и до 2000 години сепак може да измрзне ако се работи за млади садници. Затоа препораката на стручните лица е да се засадуваат трогодишни садници и уште најмалку две години да се заштити нивното стебло од можно мрзнење за потоа да немаат проблеми, нешто што го потврдуваат и земјоделците кои веќе 20 години имаат маслинки кои ги одгледуваат во Македонија.

Маслинката за која расте интересот за нејзино ширење нуди нови можности за македонското земјоделство. Макеоднија е целосно увозно зависна од трпезни маслинки како и од увоз на маслиново масло кое заради начинот на здрава исхарана станува се побарано, заради што немаат маслинките проблем со пласманот.

Но освен производство и преработка маслинките нудат и можнсот за развој на агро руралниот туризам за кој доста од странците кои ја посетуваат земјава се заинтересирани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Во општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според Државната изборна комисија гласањео почнало навреме во седум часот а во првите два часа гласале 3,98 отстои од запишаните избирачи, што е повисока излезност од 1,52 отсто во споредба со првиот круг.

До 11 часот излезноста била 13,82 отсто, што за 4,71 процент во однос на првиот круг.. Во Брвеница е Михајло Видимлиски.

Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК?

Kога ќе биде следната прес конференција на ДИК, и кога може да се очекуваат последните информации околу излезноста?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ниска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател

Неизвесна изборна трка и повторно ниска излезност на претседателските избори во Бугарија. 

Ниска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател

Граѓаните денеска во втор круг избираат меѓу актуелната претседателка Илијана Јотова, поддржана од владејачката „Прогресивна Бугарија“ на премиерот Румен Радев и социјалистите, и Андреј Ѓуров, зад кого според бугарските медиуми стојат прозападни опозициски партии „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“, а поддршка му даде и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

Во првиот круг Јотова освои 34,76, а Ѓуров 31,95 проценти од гласовите.

Исходот од изборите во соседна Бугарија е важен и за Македонија, но дали новиот претседател би можел да го промени односот на Софија кон Скопје? Според домашните аналитичари, просторот за промена е мал. Во последната телевизиска дебата и двајцата кандидати останаа на постојните бугарски позиции за европската преговарачка рамка.

-Мислам дека не се многу значајни изборите, бидејќи бугарската позиција по ова прашање е релативно тврда и отпорна на промена на политичките елити. Тоа е првата причина а втората причина е што во моментот бугарската политика сепак ја води Румен Радев а не претседателот. И третата причина, од она што го гледавме од телевизиското соочување помеѓу двата кандидати таму борбата е кој ќе биде построг со Македонија а не кој ќе биде попопуслив. Така што не очекувам некаква драматична промена. Очекувам да остане бугарската позиција, дека во основа се работи за европски компромис а не за билатерлано прашање. Така што во таа смисла тие избори нема да донесат значајно поместување – оценува Арсовски.

Во Бугарија, пак, аналитичарите сметаат дека пресудна ќе биде мобилизацијата на гласачите кои не злегоа во првиот круг.

-Шансите се изедначени. Ова се нови избори. Сè зависи од психолошката атмосфера, која во моментов повеќе оди во прилог на Ѓуров. Сè зависи од како се финишираше изборната кампања. Сепак, најмногу зависи од тоа дали „Прогресивна Бугарија“ ќе успее да го мобилизира својот потенцијал, кој досега не го мобилизираше. Таа го има тој потенцијал, но не успеа да го искористи. Но, доколку сега го загубат вториот круг, тогаш тоа веќе ќе биде оценка за Румен Радев. Тоа значи дека Румен Радев очигледно мора многу поактивно да се вклучи, бидејќи во случај на пораз на овие избори, многумина ќе бидат оние што ќе речат: „А сега и Владата треба да си замине – вели Симеонов.

Изборите се следат и во меѓународната јавност, особено во контекст на војната во Украина. Британскиот „Фајненшл тајмс“ во последната анализа меѓудругото оценува дека евентуална победа на Јотова, која се залага за обновување на дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин, би можела дополнително да ја приближи Софија кон Москва. Сепак британскиот Весник, наведува дека не се очекува суштинско отстапување на Бугарија од нејзината европска и НАТО-ориентација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер