3Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
АвтомобилизамФолксваген потврди: Новите батерии задржуваат 95% од капацитетот и после 500.000 километриФолксваген неодамна ги тестираше напредните батерии од компанијата Квантум Спејс (QuantumSpace), а резултатите ги надминаа очекувањата.Компанијата QuantumSpace долго време работи на развој на цврсти батерии, односно батерии со цврст електролит, за кои интерес пројавија многу производители, меѓу кои и Volkswagen. Според последните резултати од тестовите, батериите покажале дека речиси воопшто не стареат, односно, со текот на времето не го губат капацитетот. По повеќе од 1000 циклуси на празнење и полнење, ќелиите задржале над 95% од нивниот почетен капацитет, што е еквивалентно на користење на електричното возило на речиси 483.000 км. Дополнителен плус е анулирањето на можноста од пожар, и можноста за натамошен пад на цените. Да потсетиме дека целта на компанијата беше постигнување на 80 проценти капацитет по 800 циклуси. Овие тестови на прототип чија структура на ќелиите не отстапува од сериските изведби на QSE-5 покажуваат дека се можни малку подобри резултати. Резултатите, како што објави самиот Volkswagen, дојдоа по неколкумесечното тестирање во лабораториите PowerCo на Volkswagen во Салцгитер. Така, тие нагласуваат дека ваквата технологија во автомобил со досег од околу 600 километри, би обезбедила можност во својот животен век тој да помине и до половина милион километри без проблем. QuantumSpace не го крие својот ентузијазам во врска со резултатите. Извршниот директор на PowerCo, Френк Блом, изјави: „Ова се многу охрабрувачки резултати кои импресивно го поддржуваат потенцијалот на ќелиите во цврста состојба. Резултатот од овој развој би можел да биде бактериска ќелија што овозможува голем досег, може да се полни многу брзо и практично, не старее“. Volkswagen и QS се партнери од 2012 година, а се планира првите производи да се комерцијализираат веќе во 2025 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМАЕИ: Бугарија го злоупотребува здравјето на Македонците за да ги прогласува за БугариМакедонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) најостро ги осудува најновите активности на бугарските власти во Пустец, со кои под превезот на медицинска помош повторно се спроведува политичка пропаганда и негирање на македонскиот идентитет.На 11 и 12 септември, Бугарија испрати медицинска екипа од Софија во Пустец со воен транспортен авион. Во операцијата се вклучени бугарските министерства за надворешни работи, здравство и одбрана, а заедно со медицинските екипи пристигнаа и бугарски пратеници од различни политички партии. Токму нивните изјави ја откриваат вистинската политичка димензија на оваа посета. Бугарските пратеници јавно порачаа дека кога станува збор за, како што ги нарекуваат, „Бугарите“ во Албанија, бугарските политички партии се обединети. Зошто за медицински прегледи во Пустец е потребен воен транспортен авион, бугарски пратеници и државна делегација од Софија? Ова повеќе не личи на обична медицинска хуманитарна активност. Пустец личи на воена зона, со засилено полициско присуство, бугарски емисари кои демонстративно се движат низ општината и се однесуваат како освојувачи на Пустец и со бугарски знамиња поставени во просториите на медицинскиот центар. Но, Пустец не е Бугарија. Пустец е во Република Албанија, а неговите жители се Македонци. МАЕИ особено го осудува однесувањето на бугарските претставници кои во јавноста отворено ги негираат Македонците во Пустец и ги прогласуваат за Бугари. Ниту една медицинска услуга не може да биде оправдување за негирање на идентитетот на македонската заедница. Здравјето на луѓето не смее да биде инструмент за асимилација и политичка пропаганда. Медицинскиот персонал во Пустец првично не сакал да ги прими бугарските претставници, но под притисок од Регионалниот медицински центар во Корча бил принуден да им ги отстапи просториите. Срамно е и однесувањето на Општина Пустец, која обезбедува логистичка поддршка на претставници на држава чии институции јавно тврдат дека Македонците во Пустец се Бугари. Наместо да застане во заштита на своите граѓани и нивниот идентитет, локалната власт ги пречекува бугарските претставници со девојчиња во народни носии, леб и сол. Општина Пустец е во Република Албанија. За секоја потреба на своите жители – од инвестиции и инфраструктура, до здравствени и социјални услуги – локалната власт треба првенствено да се обраќа до Владата на Република Албанија. Ние сме лојални граѓани на Албанија, ги почитуваме нејзините закони и плаќаме даноци во оваа држава. Затоа не прифаќаме Пустец да биде претворен во полигон за реализирање на туѓи национални политики. Пустец не смее да биде сцена на бугарска пропаганда. Македонците во Пустец не смеат да бидат статисти во туѓа национална политика. За жал, Македонците во Албанија денес се оставени сами. Недостасува јасна и одлучна реакција од албанските институции, кои дозволуваат ваквите активности да се одвиваат на територијата на Република Албанија. МАЕИ ја повикува Владата на Република Албанија да не дозволува територијата на државата и нејзините институции да бидат инструментализирани за негирање на идентитетот на македонската заедница. Истовремено, ја повикуваме Владата на Република Македонија конечно да ја сфати сериозноста на ситуацијата. Додека Бугарија има јасна државна политика и целосен политички консензус за асимилација на Македонците во Албанија, Македонија нема ниту стратегија, ниту сериозна државна политика за заштита на македонската заедница во Албанија. Затоа МАЕИ бара од македонските институции итно да изработат државна стратегија за заштита на Македонците во Албанија и да престанат прашањето на македонската заедница во Албанија да го третираат како партиско, наместо како национално прашање. Македонците во Пустец не се Бугари. Пустец не е бугарски протекторат. Нашето здравје не е алатка за асимилација.Тагови: МАЕИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМомче пронајдено во Беринговото Море: Пловело на превртен чамец речиси три дена (ВИДЕО)15-годишно момче преживеа речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговиот брат и братучед починале. Тој беше спасен од екипажот на рибарски брод во близина на островот Сент Лоренс, кој припаѓа на Алјаска и се наоѓа во Беринговото Море, недалеку од рускиот брег, пишува АП. Тројцата млади мажи тргнале со брод во петокот од островот Сент Лоренс и требало да се вратат до недела наутро. Кога не се појавиле, нивното семејство ги пријавило како исчезнати во недела навечер. Крајбрежната стража на САД започна потрага следниот ден со авиони и хеликоптери. Момчето на крајот беше пронајдено од екипажот на рибарскиот брод „Нортвест Експлорер“, додека сè уште беше на превртениот чамец. Властите не ги објавија имињата на тројцата млади мажи. New video shows the rescue of a 15-year-old boy who was the lone survivor of a fishing boat that overturned in frigid waters near St. Lawrence Island. WATCH ➡ https://t.co/XNvVVy8NNy pic.twitter.com/VMasraCst8 — Alaska's News Source (@AKNewsNow) September 10, 2026 Еден од воздушните екипажи го забележа преживеаното момче на трупот на превртениот чамец во понеделник. Тие спуштија сплав за спасување и залихи за него, а потоа контактираа со блискиот рибарски брод, „Нортвест Експлорер“. Видеото од спасувањето го прикажува екипажот како фрла јаже кон момчето и го влече неговиот чамец сè додека не успеале да го подигнат на безбедно место. The captain of a research and fishing vessel off Alaska's western coast recounts the rescue of a 15-year-old boy who was stranded on the top of his overturned vessel, having waited for days after an incident that left his brother and cousin dead. 👉 https://t.co/XNvVVy8NNy pic.twitter.com/RUfHiIuLvP — Alaska's News Source (@AKNewsNow) September 10, 2026 „Неверојатно жилаво момче“ „Се држеше за тој чамец речиси три дена. Тој е неверојатно жилаво момче“, изјави капетанот на рибарскиот брод, Адам Вајт, за локалната телевизиска станица KTUU. Според извештајот на крајбрежната стража, момчето покажувало знаци на хипотермија кога пристигнало на бродот, а екипажот го стоплил со ќебиња и шишиња со топла вода. „Иако трепереше од студ, можеше да каже дека неговиот брат е сè уште под чамецот“, рече Вајт. „Ноќта пред да пристигнеме, неговиот братучед едноставно се лизнал во водата“, додаде Вајт. Откако момчето беше спасено, беа пронајдени телата на неговиот брат и братучед.Тагови: превртен чамец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад АденауерБи сакал да се заблагодарам на Фондацијата "Конрад Аденауер", за овој прекрасен настан којшто го имаме овие три дена со извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ , членовите на Владата, министрите и замениците министри кои што се предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Ефективната комуникација е најзначајна за едно добро владеење, она што се наши политики да можеме добро да ги презентираме пред граѓаните, но истовремено да имаме една добра синергија и една добра комуникација помеѓу нас, помеѓу различните структури во партијата, Извршниот комитет, општинските комитети, Унијата на млади сили, Унијата на жени, и секако пратеничката група и Владата, како би можеле заеднички да ги креираме овие политики. Би сакал да се заблагодарам на Кристијан Серак, којшто специјално дојде за овој настан, и за тоа што прави една прекрасна обука за сите нас, има доста да се научи и доста работи кои се иновативни. Ова е начин на којшто ВМРО-ДПМНЕ се обидува да остане во една добра форма, во кондиција, ова покажува дека и тоа што сега сме на власт, ја водиме државата, не не одлепува од партијата, напротив посветуваме доста време и енергија на организација на партијата и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период, а со цел економски напредок на Македонија, ефективно владеење на правото и повеќе успеси за државата.- објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00