Фолксваген најави редизајн на својот најважен модел (ФОТО) - Канал 5

Фолксваген најави редизајн на својот најважен модел (ФОТО)

Volkswagen ги објави најавните скици за редизајн на најважниот модел.

Фолксваген најави редизајн на својот најважен модел (ФОТО)

Погодувате, станува збор за ID.3, најстариот и најважниот модел на пазарот, кој имаше проблеми од самиот почеток. Откако самата премиера беше продолонгирана, моделот имаше некои софтверски проблеми, кои беа решени во процесот. Volkswagen сега оди многу посериозно и потемелно, па го најавува редизајнот и новата моделска година како втора генерација на моделот.

Судејќи според изгледот и искуството од минатото, Volkswagen нема претерано да се меша во дизајнот. На скицата позабележителен е малку поспортскиот дизајн на браникот, додека одзади се забележува новиот LED потпис. Внатрешноста носи драстичен чекор во однос на растот на квалитетот, ветуваат од Volkswagen. Расте и инфозабавниот дизајн, од 10 на 12 инчи. Исто така, редизајнот влијае на централната конзола со држачи за пијалоци.

Сепак, најважната вест е онаа што се однесува на софтверот. Најновото ажурирање носи забележителни подобрувања, особено во однос на функционирањето на инфозабавниот систем, како и системот за помош.

Други вести не се познати, но Фолксваген ветува дека „ги послушал своите клиенти и имплементирал многу од нивните предлози“. Да повториме дека почетната цена за ID.3 во Германија е 43.995 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЈП: Над 35.000 незавршени регистрации во е-даночни услуги, граѓаните да ја комплетираат регистрацијата

Над 35.000 граѓани не ја завршиле постапката за регистрација во системот е-даночни услуги, поради што УЈП ги повикува граѓаните да ја комплетираат регистрацијата.

УЈП: Над 35.000 незавршени регистрации во е-даночни услуги, граѓаните да ја комплетираат регистрацијата

Во насока на заокружување на постапката, до овие граѓани од страна на УЈП преку електронската пошта [email protected] се проследени персонализирани пораки со насока за понатамошно постапување.

Доколку сте дел од овие граѓани ве повикуваме да се обратите до надлежната канцеларија на управата за јавни приходи со важечки документ за идентификација, со цел овластено службено лице да ви ја одобри регистрацијата, велат од УЈП..

Од даночната управа потенцираат дека е важно граѓанинот да има валиден и активен кориснички профил во системот е-даночни услуги, бидејќи преку него се овозможува користење на услуги преку порталот за електронски услуги, увид во податоците од годишната даночна пријава за данок на личен доход – ДЛД-ГДП, како и издавање на уверение за остварен доход, но и користење на податоци што ујп ги доставува до други институции, при остварување различни права на граѓаните.

За да се скенираат фискални сметки преку апликацијата мојддв потребно е граѓанинот да има кориснички профил во системот е-даночни услуги, за да може да се реализира законското право за повратот на ддв-то, наведува УЈП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода

Здравствена вонредна состојба во Гостивар. Поради  загадена вода  за само неколку дена дури 1.200 граѓани побарале медицинска помош во болницата.

Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода

Пациентите, меѓу кои има и многу деца, се јавуваат со симптоми на труење, поради што се засилени дежурните медицински тимови.

Првичните информации од полицијата упатуваат на сомнеж дека локалниот водовод ја загадил водата со отпадни води во обид да го зголеми притисокот во мрежата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желби за Изборниот Законик, истото го одбија поради виктимизација

Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација.

Манасиевски: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желби за Изборниот Законик, истото го одбија поради виктимизација

Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе.

Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на полесен начин. Токму ова, коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го одбија.

Одбија и да бидат внесени во новиот ИЗ и препораките на ОБСЕ и ОДИХР, одбија да имаме една изборна единица, одбија и повеќе пари за рекламирање, само за да се претстават како жртви и оваа приказна да можат да ја шират како алиби на следните избори кои историски ќе ги загубат.

Но, исто така, со недонесување на ИЗ директно се обидуваат да го намалат успехот на Македонија во делот на Реформската Агенда. Ние посекако сме лидери во Западен Балкан во исполнување на реформи, но неносењето на ИЗ е директен показател дека кога ќе имаат можност СДС, Левица и ДУИ ќе опструираат.

Токму во овој процес се покажа зошто ВМРО-ДПМНЕ е на власт, а зошто СДС, Левица и ДУИ се во опозиција. Разликата е евидентна. Едните работат во интерес на државата, а другите за својот и партискиот интерес.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер