Фолксваген најави нов СУВ, ќе биде најевтин во својата класа (ФОТО) - Канал 5

Фолксваген најави нов СУВ, ќе биде најевтин во својата класа (ФОТО)

Фолксваген ќе претстави нов модел на претстојниот саем за автомобили во Минхен, кој е позициониран како влез во серијата со покачени модели ID.

Фолксваген најави нов СУВ, ќе биде најевтин во својата класа (ФОТО)

Станува збор за електричен кросовер кој ќе биде позициониран под ID.4, и накратко, тоа е покачена верзија на концептот ID.2all. Моделот ID.2 Cross, или како и да се нарече концептот на крајот, го најавува еден од првите електрични автомобили на VW Group со погон на предните тркала на платформата MEB. Поголемите и поскапи модели имаат погон на задните тркала, со опција за систем со два мотори со погон на сите тркала.

Ако на сè додадеме подостапна цена, јасно е дека пазарните очекувања се високи. Фолксваген е решен да го донесе ID.2 на пазарот како електричен автомобил од 25.000 евра, што го прави поевтин од поголемиот ID.3, кој започнува од 30.000 евра. Верзијата СУВ веројатно ќе има малку повисока цена, но сепак треба да остане далеку под почетната цена на ID.4, која надминува 40.000 евра. Дизајнот ги исполнува сите очекувања поставени пред концептот 2025, со преголеми тркала и светлосни ленти напред и назад. VV го осветли и своето лого, а класичните рачки на вратите беа изоставени од концептот за да не се наруши хармоничната мазност на површините.

Димензионално, веројатно ќе биде малку поголем од ID.2all, кој има должина од 4050 милиметри, ширина од 1812 mm и висина од 1530 mm. T-Cross дава добра претстава за големината на новиот модел, но секако со уште попространа кабина.

Концептот ID.2all е замислен со мотор напред и над 200 КС, што овозможи забрзување до 100 km/h за помалку од седум секунди и максимум 160 km/h. Кросоверот ќе го задржи погонот на предните тркала, но веројатно со значително помала моќност.

Потсетете се дека испораките на електрични возила во рамките на VW Group се зголемија за 47 проценти во првата половина од годината, достигнувајќи 465.500 автомобили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Славески и Мицкоски дадоа дозвола за банка на човек што држеше менувачница

Никаде во светот ниту една банка не би дала дозвола за работа на човек што е сопственик на менувачница. 

СДСМ: Славески и Мицкоски дадоа дозвола за банка на човек што држеше менувачница

Давор Мацура прво доби дозвола од Вучиќ, па потоа од Мицкоски.

Како поинаку човек што нема никакво банкарско искуство може да добие дозвола да биде сопственик на банка?

Прво Вучиќ му обезбеди кредит да купи банка и пари од граѓани, јавни претпријатија и компании што учествуваа во криминални партиски тендери, па потоа Мицкоски дозвола и пари на ист начин како и Вучиќ. Пари на граѓаните на Македонија.

Истиот тој Мацура е човекот што од трезорот на својата банка изнесе 380 милиони евра. Пари што биле пријавувани во Народната банка на Србија, а никогаш не стигнале до трезорот.

Народната банка на Србија прво рече сè е во ред. Истата вечер ја одзеде дозволата за работа на Алта банка. Гувернерката во Србија мораше тоа да го направи сфаќајќи дека ќе одговара. Исто беше во Македонија. Гувернерот Славески рече сè е во ред, а веќе по 24 часа воведе присилна управа.

Она што е битно е дека сè е јасно и дека нема да можат да избегнат одговорност. Сè е во документите и трансакциите. Сè е забележано.

Гувернерката во Србија веќе имаше разговор со обвинителството.

Таму се апсат луѓе од режимот на Вучиќ секојдневно.

Од кога Вучиќ дојде на власт, правосудството не си ја работеше својата работа. Само работеше по негов налог. Истата работа ја прави и Мицкоски, како негов ментор и шеф на организираната криминална група.

Европската комисија веќе неколку пати предупредува на влијанието на „српскиот свет“, мислејќи на Вучиќ и СНС.

Веќе неколку извештаи наназад, во текот на една година, има опомени за обвинителството кое е под контрола на Мицкоски.

Предупредува за слободата на медиумите. Орбановите медиуми што сочинуваат 40% од македонските добија поддршка од медиумите на Вучиќ - Ало групацијата и лиценцата за Euronews.

БИА соработници во владата и медиумите, а нивно финансирање преку Алта банка. Купување на сопственици на портали преку лотарија и директно плаќање преку реклами.

Правење атмосфера како да сме Северна Кореја.

Ист модел на автократски режим на Александар Вучиќ.

Негови претставници, хулигани - стануваат почесни конзули на нашата земја, додека продаваат струја и броила. Исти бизнис шеми на Вучиќ и Мицкоски.

Во Србија, по одржаните избори и падот на режимот на СНС, се апсат и ќе одговараат сите што беа во системот на корупција и криминал.

Се затвораат и медиумите на Вучиќ. Истрагите се во тек, милионски суми биле уплаќани на медиумите од државните компании.

Мицкоски знае дека и него го чека истото.

Затоа Мицкоски толку се бори да ја продаде банката, за да не мораат да ги отворат сметките во битолската банка. Затоа што отворањето на тие сметки е отворање на пандорината кутија.

Затоа се врши притисок врз две банки што треба да ја преземат на себе сокривањето на тие сметки.

Не постои банка што би сакала да купи такво портфолио од сопственик на менувачница.

Полицијата и обвинителството мора да постапат во овој случај на Алта банка. Не смее повеќе да се чека.

Ако не постапуваат според законот и заклетвата што ја дадоа на граѓаните, а не на Мицкоски, знаат дека ги чека истата судбина како и нивните колеги од Србија.

Правдата ќе биде задоволена. Власта наскоро повторно ќе биде во рацете на народот, а оваа организирана криминална група на чело со арамијата Мицкоски ќе одговара.

Кулата од карти почна да паѓа. Армагедон почна во Србија, наскоро доаѓа и кај нас.

Македонија ќе биде ослободена од бандата!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест во Богданци по убиството на Билјана Кириќ

Денеска во 19 часот во Градскиот парк во Богданци ќе се одржи протест по убиството на 17 годишната Билјана Кириќ за кое осомничено нејзиното поранештно момче 21 годишниот Виктор Бунтаров..

Протест во Богданци по убиството на Билјана Кириќ

„Ова е повик за заедничко изразување на револт, поддршка и барање за правда. Повик да не молчиме пред насилството врз жените и да побараме поголема одговорност, заштита и навремена реакција од институциите. Да покажеме солидарност. Да испратиме порака дека насилството не смее да се премолчува“, пишува во повикот на социјалните мрежи.

Убиството се случи во средата кога 21 годишникот прво го запалил автомобилот каде била билјана, а потоа си го одзел животот.. Виктор имал забрана за приближување по пријава од семеството на Билјана..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на Путин

Трамп се сретнал приватно со рускиот претставник Кирил Дмитриев во Белата куќа.

Трамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на Путин

По средбата, Трамп изјави дека наскоро би можел да биде постигнат договор за завршување на војната во Украина.

Тој најави дека договорот би можел да има пошироки последици и да ја опфати цела Европа.

Американска делегација ќе посредува во разговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби на 10 и 11 ноември.

Пратеникот Џаред Кушнер соопшти дека во Брисел се одржале продуктивни разговори со Украина, НАТО и европските партнери.

Во фокусот биле безбедносните гаранции за Украина и европската безбедност.

Средбата со Дмитриев се одржа на настан организиран од првата дама Меланија Трамп.На него присуствуваа и украински претставници, кои ја повикаа да продолжи со мировните напори.Меланија Трамп им предаде писма на делегациите адресирани до Путин и Зеленски.Ова е првиот директен контакт меѓу руски и американски претставници по среднорочните избори во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер