Фолксваген групацијата губи околу 2.2 милијарди евра неделно - Канал 5

Фолксваген групацијата губи околу 2.2 милијарди евра неделно

Фолксваген заради пандемијата на коронавирусот се наоѓа во голем проблем.

Фолксваген групацијата губи околу 2.2 милијарди евра неделно

Хербер Дис, директор на Фолксваген групацијата во интервју за германскиот канал „ZDF“ признал дека компанијата ќе мора да отпушти многу луѓе заради губитокот од околу 2.2 милијарди евра неделно.

Фолксваген моментално продава автомобили единствено во Кина, каде постои одредена побарувачка, а производството е само еден од нивните проблеми, тврди Дис.

„Ние моментално не продаваме автомобили нигде надвор од Кина и нашите загуби се околу 2.2 милијарди евра неделно. Мораме да направиме нова стратегија, моментално во Кина ја немаме таа дисциплина која ја имавме во Германија. Ќе биде предизвикувачки да се зачуваат работните места на луѓето во текот на оваа голема криза“, рекол Дис.

Моментално околу 671.000 луѓе се вработени во Фолксваген групацијата, имаат дури 124 фабрики ширум светот, од кои 28 само во Германија.

Ауди, Порше, Сеат, Шкода, Бентли, Бугати, Ламборџини, Дукати, МАН и Сканија се сите во рамките на Фолксваген групацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и Мршевци

Општина Илинден продолжува со интензивна реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа и создавање побезбедни услови за сообраќај. 

Општина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и Мршевци

Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започнаа градежни активности за реконструкција на две улици во населените места Илинден и Мршевци.

Со предвидените активности е опфатена улица „4“ во населеното место Мршевци, во должина од околу 200 метри, како и крак на улица „8“ во населеното место Илинден, во должина од околу 130 метри, при што на улицата „8“ претходно е изведена фекална канализациска мрежа, со што се создадени услови за целосно уредување на патната инфраструктура на оваа локација.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во почетокот на градежните активности, при што ја истакна важноста на овие инфраструктурни зафати за локалното население. Тој посочи дека реконструкцијата на улиците ќе овозможи поквалитетно и побезбедно одвивање на сообраќајот, подобра пристапност и унапредување на секојдневните услови за живот на жителите.

Општина Илинден останува посветена на континуирано модернизирање на локалната инфраструктура, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во реконструкција и санација на локалните улици и патишта, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗТ Скопје брка прва европска победа во 21 век – се подготвува„пекол“за Естонците!

Макеоднскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денес (14 октомври) со почеток во 18:30 часот ќе го пречека естонскиот состав Тарту во спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на ФИБА Еврокупот. 

МЗТ Скопје брка прва европска победа во 21 век – се подготвува„пекол“за Естонците!

Македонскиот претставник се наоѓа пред историска можност на овој натпревар да стигне до својата прва европска победа во 21 век, поради што управата на клубот најавува уште еден голем кошаркарски спектакл.

Како вистинска увертира за овој значаен предизвик, клубот организира специјална фан-зона на платото пред СЦ „Јане Сандански“, која ќе биде отворена од 17:00 часот. Присутните навивачи ќе имаат можност да се загреваат за натпреварот во опуштена атмосфера, придружувана со одлична музичка програма за која ќе биде задолжен Диџеј Ален, надополнета со богата понуда на храна и пијалаци. Преднатпреварувачката програма нуди забавни содржини за сите генерации, вклучително и специјална програма за најмладите, како и натпревар во слободни фрлања преку кој фановите ќе можат да освојат вредни награди.

Од раководството на клубот апелираат до сите симпатизери по завршувањето на дружењето масовно да се преселат на трибините, потенцирајќи дека нивната силна и континуирана поддршка е клучна за остварување на зацртаната историска цел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интер и Баерн Минхен изненадени во Лигата на шампионите

Неколку изненадувачки резулати во синоќешната програма во  Лигата на шампионите. 

Интер и Баерн Минхен изненадени во Лигата на шампионите

Секако најголемо внимание привлекоа неочекуваните резулати на фаворитите Баерн Минхен и Интер Милано.

Баерн Минхен одигра нерешено 3:3 на гостувањето кај Викинг во Норвешка. Викинг приреди вистинско шоу вечерва и по 38 минути водеше со 2:0, иако во натпреварот влезе како апсолутен аутсајдер.

Тимот на Винсент Компани некако успеа да се „врати во игра“ и да изведе „блицкриг“ – во периодот од 54-тата до 71-вата минута беа постигнати три гола (два на Кејн и еден на Дијас) за целосен пресврт.

Но, тука не заврши драмата.

Олисе успеа да добие два жолти картони еден по друг во 73. минута и да го остави својот тим со играч помалку, што Хауген го искористи во 90. минута и сепак им донесе (барем) еден бод на „Викинзите“.

Сепак нејголемото изненадување синоќа го направи тимот на Интер ов Милано кој на Џузепе меаце претрпе пораз од Бриж.

Интер доживеа еден од најстудените тушеви во поново време, откако Бриж победи во Милано со 4:3!

Гостите поведоа преку Тресолди од пенал во 30-тата минута, а Лаутаро Мартинез израмни во 44-тата. Потоа Тресолди продолжи со својата одлична игра – со уште два гола до 74-тата минута го комплетираше хет-трикот и го одведе Бриж до голема предност од 3:1. Мартинез потоа го намали заостанувањето, но во 87-мата минута Вермант зголеми на 4:2.

Бони успеа повторно да го намали резултатот во 93-тата минута, по асистенција на Александар Станковиќ, но немаше време за чудо.

Лига на шампиони,

2. коло вторник

Ленс - Спортинг 0:2 (0:1) Суарез 22, Думбија 74

Сабах - Славија Прага 2:0 (0:0) Перис 49, Микелс 88

Арсенал - Лил 3:0 (0:0) Тимбер 64, Езе 67, Сака 71

Атлетико - М. Јунајтед 2:0 (1:0) Бариос 1, Лукман 79

Галатасарај - Барселона 1:4 (1:1) Батраков 28 – Кансело 43, Фермин 50, Гордон 53, Адејеми 65

Интер - Клуб Бриж 3:4 (1:1) Мартинез 44, 81, Бони 90+3 – Тресолди 30п, 63, 74, Вермант 87

Лајпциг - ПСВ 1:0 (0:0) Грутка 75

Викинг - Баерн Минхен 3:3 (2:0) Стенс 2, Кристијансен 38, Хауген 90 – Кејн 54п, 60, Диас 71

Виљареал – Наполи 3:1 (2:1) Микаутадзе 23, Мурињо 26, Олувасеји 86 – Рахмани 8

среда 18.45

Феенорд - Комо

18.45

ЛАСК - Ливерпул

21:00

Рома - Реал Мадрид

Астон Вила - Фенербахче

Бетис - Порто

Боде/Глимт – Борусија Дортмунд

Ман. Сити - ПСЖ 21.00 Шахтјор - АЕК

Слован - Штутгарт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер