Фолксваген го откри името на последниот модел со бензински мотор - Канал 5

Фолксваген го откри името на последниот модел со бензински мотор

Volkswagen ќе се вкрсти со традиционалните мотори, а сега се знае и со кој модел ќе го направи тоа.

Фолксваген го откри името на последниот модел со бензински мотор

Како што откри првиот човек на Volkswagen Томас Шефер во интервју за германскиот Automobilwoche, тоа ќе биде новиот T-Roc. Познат е и датумот - тоа ќе се случи во 2025 година. T-Roc со тоа станува последниот, но не и единствениот нов модел на Volkswagen што ќе биде претставен дотогаш.

Имено, европскиот пазар го очекува и целосно нов Passat, кој ќе се нуди исклучиво како караван, а ќе биде технолошки близнак на Škoda Superb. Во текот на следната година ќе пристигне и новиот Tiguan, додека продолжението на приказната наречена Polo е под голем знак прашалник. Построгите стандарди за емисија драстично ја зголемуваат цената на производството, а со тоа и на производот, што го прави сомнителен пласманот на Поло на пазарот.

Шефер затоа вети обемен редизајн на сегашната осма генерација на Golf во текот на 2024 година, кој ќе го добие епитетот Golf 8.5 поради обемната работа. Во секој случај, сигурно е дека ќе ги задржат традиционалните мотори, што важи и за наследникот. Шефер вели дека Golf ID ќе пристигне во 2028 година, а ќе се нуди исклучиво на електричен погон и ќе ја користи новата SSP платформа.

Според директорот, Volkswagen нема лесно да се откаже од легендарните имиња. ID. 2all е концепт кој ја покажува насоката во која ќе оди дизајнот на Volkswagen, најавувајќи враќање на чистите линии и добро изведената внатрешност по која беше познат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Од рециклиран био отпад до поубави и позелени училишни дворови

Општина Карпош продолжува со поддршка за реализација на активности и проекти со кои се унапредува грижата за здрава и чиста животна средина.

О. Карпош: Од рециклиран био отпад до поубави и позелени училишни дворови

Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведен од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ), во партнерство со Eco-Logic и Centar for Environmental Democracy- Florozon, учениците од ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Јан Амос Коменски“, успешно ја реализираа акцијата за компостирање на собраниот органски отпад. Целта на овој проект беше добивање на природен и квалитетен компост преку правилен процес на третман на органскиот отпад.

Произведениот компост, основците од „Јан Амос Коменски“ го употребија за уредување и раззеленување на училишниот двор, додека пак основците од „Аврам Писевски“, добиениот компост го искористија за уредување и збогатување на почвата во билната градина и целосно раззеленување на дворот на училиштето. Општина Карпош продолжува со поддршка за реализација на активности и проекти со кои се унапредува грижата за здрава и чиста животна средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во Словенија: Татко загина обидувајќи се да го спаси својот седумгодишен син кој паднал во провалија

Четириесет и четиригодишен маж трагично загина во близина на водопадот Савица во Словенија, откако паднал во провалија длабока 60 метри додека се обидуваше да го спаси својот седумгодишен син. 

Трагедија во Словенија: Татко загина обидувајќи се да го спаси својот седумгодишен син кој паднал во провалија

Момчето, кое прво паднало во бездната, го преживеало падот, но се здобило со тешки физички повреди.

Несреќата се случила во саботата навечер, а според информациите од Полициската управа во Крањ, странско четиричлено семејство го посетувало водопадот Савица.

При враќањето, тие застанале на одморалиште со маса и клупи. Во тој момент, седумгодишното момче се оддалечило од семејството, а набрзо потоа се слушнале неговите повици.

Таткото (44) веднаш потрчал во правецот од каде што доаѓале повиците за помош, но притоа и самиот паднал во страшната длабочина.

Неговото тело подоцна било пронајдено во коритото на реката Савица, а на истото место било пронајдено и тешко повреденото момче.

Акцијата за спасување ја спровеле припадници на Планинската спасувачка служба (GSS) од Бохињ, како и планинската полиција.

Поради исклучително тешкиот и непристапен терен, телото на несреќниот човек било извлечено со помош на јажиња, додека момчето било пренесено во болница со хеликоптер на полицијата.

Припадниците на Планинската спасувачка служба (GSS) од Бохињ објавија емотивна порака на Фејсбук, опишувајќи го страшниот повик што го добиле: „Дете падна во провалија. Дали постои пострашен повик за интервенција?“

Тие истакнаа дека на местото на несреќата пристигнале речиси веднаш, бидејќи дел од тимот веќе бил на теренска вежба во близина. „Се спуштивме до речното корито, кое беше речиси 60 метри под нас.

Заедно со колегите од Брник, ги подготвивме момчето и неговиот татко за транспорт – едниот со хеликоптер до болница, а другиот за неговото последно патување. Често зборуваме за невидливи сили... Вчера тие очигледно ги насочија сите свои вештини кон спасување на младиот живот, додека снемаа сили за постариот“, опишаа спасувачите. Тие предупредија дека несреќите во планините ретко се резултат на една единствена грешка, туку на сплет од околности и одлуки што за неколку секунди водат кон трагедија. На крајот, тие упатија искрено сочувство до семејството и апелираа до јавноста да се воздржи од непотребни коментари, со длабока надеж дека момчето што поскоро ќе закрепне од повредите и траумата. Полицијата продолжува да собира информации, а надлежното државно обвинителство ќе извести за сите утврдени факти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен 40 годишен кумановец поради напад на малолетничка

Полициски службеници од СВР Куманово упасиле 40 годишен жител од Куманово поради напад на малолетничка.

Уапсен 40 годишен кумановец поради напад на малолетничка

-На 20.09.2026 во 02:50 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (40) од Куманово, затоа што на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово физички нападнала малолетничка. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава, стои во билтенот на МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер