30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна и централна потерница поради убиството на Дурмиши
230 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна и централна потерница поради убиството на Дурмиши
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
КултураФолклорната група „Копачка“ од делчевско Драмче на Меѓународен фестивал во Унгарија По покана од Интернационалниот совет за традиционална музика при УНЕСКО, Фолклорната група „Копачка„ од делчевско Драмче учествува на Меѓународен фестивал во Унгарија, што се одржува по повод 70 годишнината од основањето на УНЕСКО.- Горди сме и среќни што на нашата фолклорна група и се укажа честа да ја претставува Република Македонија на овој престижен меѓународен собир на фолклорот. Покрај изведбата на орото „Копачка“ членови на нашата група ќе учествуваат и на изложбата на ракотворби и во работилницата за изработка на изворни музички инструменти (ќемане, свирка од врбово дрво и од други природни материјали), изјави Перса Стојановска , раководителка на женската играорна група. Настапот на македонските фолклористи е овозможен од Министерството за култура - Управа за културно наследство, а по предлог на Институтот за фолклор на Македонија. Фолклорната група „Копачка„ како претставник на Македонија вчера одржа концерт во Будимпешта, а за денеска е предвиден нивни настап и во градот Сент Андреа. - Фактот што фолклорна група „Копачка„ беше избрана да го претстави македонското фолклорно богатство на овој реномиран меѓународен фестивал, го доживуваме како големо признание за нашите изворни пејачи, инструменталисти и играорци, изјави за МИА, Димитар Узунски,уметнички раководител на „Копачка“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избориДиректорот на БЈБ, Александар Јанев, во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори.Денеска (13.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со дел од својот тим, оствари работна посета на СВР Тетово, при што беа разгледани актуелните безбедносни состојби, сообраќајната безбедност, јавниот ред и мир и борбата против криминалот. Посебен акцент беше ставен на претстојните локални избори и обврската на полицијата да обезбеди безбеден, мирен и демократски изборен процес, без притисоци и незаконски влијанија врз граѓаните. Директорот Јанев ја нагласи важноста на превентивното дејствување, оперативната координација и користењето на современите технолошки средства, како и професионалното и непристрасно постапување на полициските службеници. „Во борбата против криминалот нема простор за селективност, а во извршувањето на полициската должност нема простор за неодговорност. Законот мора да важи за сите подеднакво“, порача Јанев, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна и централна потерница поради убиството на Дурмиши 30-дневен притвор за Ива Михаилова определи кочанскиот суд по предлог на ОЈО Кочани, два дена откако таа побегна во Бугарија .30-дневен притвор за Ива Михаилова определи кочанскиот суд по предлог на ОЈО Кочани, два дена откако таа побегна во Бугарија иако против неа и натаму беа на сила мерки за претпазливост, а и беше одземена и патната исправа. Ова значи дека Михаилова веднаш откако ќе биде обезбедена ќе заврши во ефективен притвор, а во меѓувреме, за неа ќе биде распишана и меѓународна и централна птоерница. „Основниот суд Кочани, постапувајќи по службена должност, а по претходно добиено известување од ОВР Кочани, за кое веднаш го известил ОЈО Кочани, и определи мерка притвор од 30 дена на обвинетата Ива Михаилова, сметано од датумот и часот на лишување од слобода. Врз основа на решението, издадена е наредба до МВР ОВР Кочани, со барање, доколку истата се крие или е во бегство, да биде распишана меѓународна и централна потерница. Наредбата е доставена и примена од страна на ОВР Кочани.“ Од МВР пак ниту денеска нема одговор како Михаилова побегнала, ниту пак дали е во тек внатрешна истрага на МВР за евентуален пропуст на граничните службеници....Според поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓучевски, пак, полицијата во оваа фаза од постапката и не треба да открива детали од истрагата, но треба темелно да ги разгледа сите можни сценарија за бегството на Михаилова. – Еден од основите е поминување на границата со коруптивни елементи – коруптивните елементи значат дека некој полициски службеници кои биле на смена требало да евендтираат, да скенираат личен документ дали е патна исрапава и така натаму...Тоа се дејсвија кои биле должни да ги преземат. Вториот момент е со фалисфикувани документи – фалсификувана патна исправа, за што република бугарија е позната, по однос на издавање на фалсификувани патни документи, а тоа го имавме и ние во република македонија. За бегството на Ива Михаилова во Бугарија македонската јавност дозна опо нејзиното пристигнување во Бугарија – Таа и нејзиниот адвокат за тамошните медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, а дека причина за заминувањето во Бугарија на Михаилова е нејзината влошена здравствена состојба состојба. Иако Михаилова тврди дека за излез од Македонија и за влез во Бугарија користела лична карта, официјално, МВР соопшти дека во системот за гранична контрола не е евидентирано дека ниту таа, ниту нејзиниот адвокат ја напуштиле земјава и влегле во Бугарија. Преку заедничкиот контакт-центар меѓу двете земји пак, било добиено известување дека ниту бугарската гранична полиција нема евидентиран легален влез на овие две лица. На Ива Михаилова, која има двојно државјанство, и македонско и бугарско, и се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со трагичен крај, а во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши, од скопското село Љуботен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за спречување на насилство и зголемување на безбедноста во сообраќајотДенеска (13.10.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачје на ПС Центар реализираа превентивни активности „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Стави појас“.Денеска (13.10.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачје на ПС Центар реализираа превентивни активности „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Стави појас“, со цел да им се укаже на возачите за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возилата, како и за потребата од користење на сигурносниот појас и од страна на возачите, но и од страна на сопатниците, како и доследно почитување на сите сообраќајни правила. Во Кочани пак, полициски службеници од ПС БПС Кочани акцент ставија на обврската за прописно паркирање на возилата, со цел да не се загрозува безбедноста на другите учесници во сообраќајот, пред се пешаците. Отсекот за превенција при СВР Куманово во текот на изминатиот викенд, во склоп на активностите организирани за одбележување на 11 Октомври, учествуваше во организацијата на традиционалната велосипедска трка во Куманово, како и литературен конкурс на кој учествуваа ученици од основни и средни училишта. Полициски службеници од ПС Пробиштип реализираа едукативни предавања во ПОУ „Браќа Миладиновци” Општина Злетово, со цел спречување на меѓуврсничко насилство и безбедно користење на интернет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08