Фолк-фест Валандово на 24-ти и 25 мај, ќе се натпреваруваат 19 песни - Канал 5

Фолк-фест Валандово на 24-ти и 25 мај, ќе се натпреваруваат 19 песни

 На 24-ти и 25 мај ќе се одржува 33-тиот фестивал на народна музика Фолк-фест Валандово кој по две години одржување наесен повторно се враќа во пролетен термин. 

Фолк-фест Валандово на 24-ти и 25 мај, ќе се натпреваруваат 19 песни

Првата вечер ќе биде ревијална и ќе им биде укажана чест на тројца автори кои се најизведувани на валандовскиот фестивал - Григор Копров, Миле Барбаровски и Љупчо Трајковски-Фис. Тие ќе бидат претставени со по четири нивни композиции. Втората вечер е натпреварувачка и ќе бидат изведени 19 песни. Ќе настапи оркестар со едуцирани музичари од ФМУ, кои сега се членови на оркестрите во МОБ и Филхармонија.

Претседателот на Уметничкиот совет на фестивалот Живоин Глишиќ на прес-конференција рече дека пристигнале над 90 композиции и дека за краток период Советот ги избрал 19-те што ќе учествуваат.

- Уметничкиот совет избра 19 композиции. Аранжерите ги направија аранжманите. Во завршна фаза е снимањето на материјалот и сме задоволни од она што досега е подготвено. Очекуваме, за разлика од лани, пред фестивалот да биде издаден и компакт-диск од фестивалот, рече Глишиќ.

Новини има во начинот на гласање, така што во одлуката за наградите со 60 проценти ќе учествува жирито, а 40 отсто публиката. Овојпат се враќа и учеството на публиката во наградување на композициите. Износите на наградите се драстично намалени од претходно зашто, како што рече Глишиќ, тие треба да бидат и оптимални и почит кон авторите. Првата награда ќе биде 1.500 евра, втората 1.000 евра и третата 750 евра. Жирито ќе има седум члена, а се исфрла телевоутингот како начин на гласање. Во периодот на гласање мал концерт ќе има босанската фолк-пејачка Ханка Палдум со нејзиниот оркестар.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски рече дека оваа манифестација во нејзините најдобри времиња презентирала песни кои потоа станале толку популарни што многумина веќе не ги доживуваат како авторски, туку како народни песни. Рече дека сакаат да го вратат тој квалитет на фестивалот и дека ќе имаат спротивен пристап од тоа што на фестивалите се случувало изминатите неколку години.

- Се плаќаа по 20.000 или 10.000 евра за прво место, суми што предизвикаа многу клиентелизам, коруптивно однесување, во некои случаи јавноста со денови се занимаваше и со наводи за обиди за измама на гласања на телевоутинг и слично. Спротивно на тоа, ние ќе се фокусираме на подигање на целокупниот квалитет на манифестацијата, вреднување на нашите истакнати автори кои одлично соработуваат со врвните изведувачи, и негување на оние белези на нашата народна музика, по која сме препознатливи во целиот свет, истакна Алаѓозовски.

Цветанка Ласкова, која неколкупати има учествувано на овој фестивал, во својство на советник за култура на премиерот Зоран Заев, рече дека сакаат да претстават фестивал во ново руво од кој ќе произлезат песни што ќе се слушаат во иднина.

- Мојата заложба отсекогаш била вистинските вредности во културата да си го заземат своето место. Тоа е заложба и на оваа Влада. Емотивно сум врзана со Фолк-фест Валандово и многу добро ги знам чувствата на учесниците и на публиката. Сакаме да им го вратиме тоа чувство на граѓаните зашто и ден-денес си ги потпевнуваме рефрените од „Бисер балкански“, „Една песна“ - композиции кои останаа да живеат. Се надевам дека и од овој фестивал ќе останат рефрени што ќе ги пеат идните генерации, рече Ласкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја потресе Камчатка

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на Камчатка, а во некои области се почувствувани потреси со интензитет до пет степени, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации. 

Силен земјотрес ја потресе Камчатка

Во одредени делови на Петропавловск-Камчатски, како и во Уст-Камчатскиот и Алеутскиот округ, се почувствувани потреси со интензитет до четири степени, додека во окрузите Виључинск и Јелизово интензитетот достигнал пет степени, се наведува во соопштението објавено на платформата „Макс“.

Според податоците на огранокот на Камчатка при Геофизичката служба на Руската академија на науките, епицентарот на земјотресот бил на копно, во округот Јелизово, на 138 километри југоисточно од селото Уст-Болшерецк, на длабочина од 128 километри.

Службите за итни случаи не добиле никакви повици поврзани со земјотресот, а не е издадено ниту предупредување за цунами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија

Во овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед.

Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, кој ќе биде бенефитот за граѓаните и кога може да се очекува да заврши, изјави:

„Во овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед. Едниот очекувам да биде синхронизиран и пуштен во употреба до крајот на првата половина од следната година, а другиот очекувам до крајот на 2028 година да биде целосно синхронизиран. Со што драматично, кога велам драматично, драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија како земја, а од друга страна, овие два гасоводи ќе значат можност за инвеститори коишто би сакале да инвестираат во производни капацитети на електрична енергија коишто го користат гасот како погонско гориво. Но тоа ќе значи и можност за нас, кога ќе стане збор за реконструкција и модернизација на термоелектраните коишто користат јаглен како погонско гориво, да можеме да направиме конверзија на гас и така да ги зачуваме работните места и така да ги зачуваме тие објекти да продолжат да произведуваат.“

Во однос на конверзијата, кога ќе се случи тоа, претседателот Мицкоски додаде:

„Па тоа веќе трае, АД ЕСМ веќе разговара со Светска банка и мислам дека многу скоро ќе имам многу убави вести за тој проект.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на Киненова

Трибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на Киненова: Никогаш не одам неподготвен на снимање.

Трибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на Киненова

Филмот „Зад ридовите“ на Емин Алпер годинешниот лауреат на МФФ Киненова вчера имаше проекција на фестивалот бидејќи тоа е негов прв филм, а денеска на мастерклас со студентите на ФДУ повторно проговори за него.

-Јас филмот не сум го гледал од 2016 година и се сеќавам на секој детал што го снимив и на сите сцени што беа снимени, но од оваа преспектива би сменил нешто во кинематографијата, во ликовите итн. Времето за снимање беше многу кратко и ги снимавме само неопходните кадри и немав време да пробам нови агли на снимање. Со кинематограферот имавме голема караница, бидејќи немаше контраст. Во сите нои други филмови се трудам да го доловам контрастот меѓу денот и ноќта, но во овој го немам бидејќи имав караница со кинематограферот. И токму тоа беше предмет на караницата, рече Алпер.

Пред студентите денеска тој говореше за значењето на копродукциите и пичингот на големите фестивали за еден филм и дека и самиот тоа доцна го сфатил бидејќи во минатото сметал дека тоа не му е потребно, но подоцна сфатил дека е корисна секоја сугестија, секоја критика и секој вид на помош кога работите на филм.

Поразговара и за снимањето серии на кои работел во Турција и рече дека никогаш не оди не подготвен на сет. Секогаш се подготвува пред снимањето и токму затоа му било тешко кога го снимал „Зад ридовите“ бидејќи бил ограничен и со буџет и со снимачки денови.

Во продолжение на програмата на МФФ Киненова денеска се одржа и трибина на тема ВИ или автентична филмска креација? на која студентите разговараа за дилемите по ова прашање со Емин Алпер, Гоце Цветановски и Дејан Илиев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер