Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
СветФлорида гради центар за мигранти среде мочуришта, го нарекуваат „Алигатор Алкатраз“Флорида започна со изградба на нов центар за привремено задржување на мигранти на напуштена писта во средината на мочуриштата Еверглејдс.Објектот веќе е наречен „Алигатор Алкатраз“ во јавноста, а проектот го води министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, пишува Би-Би-Си. Според министерката, објектот ќе биде „во голема мера“ финансиран од ФЕМА, агенцијата која вообичаено им обезбедува помош на недокументираните мигранти. „Под водство на претседателот Трамп, работиме со турбо брзина на економични и иновативни начини за исполнување на она што го бара американскиот народ - масовна депортација на криминални нелегални имигранти“, рече Ноем. Центарот ќе може да смести до 1.000 луѓе, а изградбата би можела да биде завршена во рок од 30 до 60 дена, изјави главниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмаер. Локацијата е опкружена со природни „чувари“ Новиот центар се гради на местото на јавниот аеродром Дејд-Колиер, на околу 58 километри од Мајами. Во видео објавено на платформата „X“, Утмаер изјави дека станува збор за „скоро напуштена зграда“ и ја нагласи природната непристапност на теренот. „Ако некој се обиде да избега, ќе го пречекаат само алигатори и питони. Нема каде да оди, нету каде да се скрие“, рече Утмаер. Проценетите годишни трошоци за работење на центарот се околу 450 милиони долари. Alligator Alcatraz: the one-stop shop to carry out President Trump’s mass deportation agenda. pic.twitter.com/96um2IXE7U — Attorney General James Uthmeier (@AGJamesUthmeier) June 19, 2025 Еколошки ризици и политички поделби Планот веднаш предизвика жестоки реакции. Градоначалничката на округот Мајами-Дејд, демократката Даниела Левин Кава, предупреди дека изградбата во толку чувствителна област може да има „разорни последици за екосистемот Еверглејдс“. Иако официјалните лица нагласија дека објектот нема да биде сместен во границите на Националниот парк Еверглејдс, загриженоста останува. Тоа е ретко мочуриште кое вклучува разновидни природни системи, од мангрови до речни заостанати води, и е дом на бројни заштитени видови. Извор: Индекс.хрТагови: мигранти флорида Алкатраз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВулин сепак пристигнал во Москва, се огласи од Црвениот плоштад (ВИДЕО)Александар Вулин, претседателот на Социјалистичкото движење на Србија, поранешен министер во неколку влади, а сега претседател на Надзорниот одбор на „Србијагас“, објави дека пристигнал во Москва. Тој тврди дека не избегал никаде, туку дека отишол во Русија, каде што ќе има серија состаноци за продолжување на гасниот аранжман, објави Телеграф. Вулин објави видео на социјалната мрежа Инстаграм со пораката: Пристигнав во Москва. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vulin (@aleksandar_vulin_rs) Во видео изјавата тој објаснува дека не избегал никаде, дека нема да оди никаде без своето семејство, но ги напаѓа и сите што ја објавија информацијата дека авионот во кој првично се наоѓал бил вратен на белградскиот аеродром затоа што самиот Вулин не ги почитувал безбедносните процедури. Вулин тврди дека планира серија состаноци во руската престолнина за продолжување на гасниот аранжман на Србија со таа земја. Летот на „Ер Србија“ JU134, кој полета од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград кон Москва во вторник вечерта, беше вратен во Белград истата вечер откако, според неофицијални информации од порталот „Нова.рс“, беше утврдено дека Александар Вулин не ја поминал безбедносната проверка.Тагови: Вулин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната!Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење! Започна големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која го обновуваме зеленилото и ги раззеленуваме јавните површини. До крајот на сезоната ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници! Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани! Зелено и чисто Скопје е обврска на која сум силно посветен. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат! За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат. Скопје се сака со дела!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионотМакедонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот, со конкретни инфраструктурни проекти за транспорт, енергија, гас и железница. Преку изградба на гасните интерконектори со Грција и Србија, создаваме вистинска алтернатива на руската енергетска инфраструктура, поврзувајќи го терминалот за ЛНГ во Александруполи со Централна Европа, со капацитет од 3 до 6 милијарди кубни метри годишно, рече премиерот Христијан Мицкоски на самит во Диселдорф. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter